Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп

  • Вкупно гласачи
    1.372
Член од
16 октомври 2009
Мислења
593
Поени од реакции
28
Некој луѓе викаат дека имало вистина од хороскоп и веруваат.Мене до сега ништо ми се нема десено според тоа толкување.
 
Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.189
Поени од реакции
4.825
Ниту мене! А и онака не ги читам тие според мене глупости.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Можете да пишете според лично искуство со кој знаци ви оди комуникација и слично.
Мислам дека секој човек има одредени преференции кон некој знак.

Јас за другарување несвесно поголем дел од времето се лепам со девици, а непишано правило ми е да се зацепам во риба (од километар ги познавам). А со стрелци никогаш не наоѓам средина. :)
 
AdRi*

Obscenely Delicious
Член од
10 декември 2007
Мислења
651
Поени од реакции
41
Можете да пишете според лично искуство со кој знаци ви оди комуникација и слично.
Мислам дека секој човек има одредени преференции кон некој знак.

Јас за другарување несвесно поголем дел од времето се лепам со девици, а непишано правило ми е да се зацепам во риба (од километар ги познавам). А со стрелци никогаш не наоѓам средина. :)
Oвоа дека се лепеш цело време за девици,најверојатно е случајност,не верувам дека хороскопскиот знак би влијаел толку врз другарството.
Јас со сите што се дружам се различен знак.
Еве на пример најдобрата другарка е Близнаци во хороскоп,ја сум Јарец,секаде пишува дека немаме ништо заедничко,и Јарец и Близнаци не си одговараат ни како партнери ни онака,па еве со години се дружеме:)
Ако веке бирам знакови што мислам дека најмногу ке ми одговарат за дружење,тоа се Рак и Скорпија.Може и риби еве,добро се за доверување:)
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Oвоа дека се лепеш цело време за девици,најверојатно е случајност,не верувам дека хороскопскиот знак би влијаел толку врз другарството.
Јас со сите што се дружам се различен знак.
Еве на пример најдобрата другарка е Близнаци во хороскоп,ја сум Јарец,секаде пишува дека немаме ништо заедничко,и Јарец и Близнаци не си одговараат ни како партнери ни онака,па еве со години се дружеме:)
Ако веке бирам знакови што мислам дека најмногу ке ми одговарат за дружење,тоа се Рак и Скорпија.Може и риби еве,добро се за доверување:)
Не реков дека секој знак иде по некој друг, туку дека секој човек има некакви афинитети за некој работи со одредени знаци. И самиот тоа го потврди на некој начин.

Треба да истакнам, и јас сум јарец и не се слагам со јарци баш баш, или ги сакам или ги мразам.
 
Е

експерт

Гостин
Зошто не сфатите дека хороскопот нема никаква врска. Тоа е само една глупава тема која е „проучувана“ на долго и на широко од некои кои биле мрзливи да работат физичка работа и недоволно паметни да се занимаваат со астрономија.
 
burn84

Говорете Македонски
Член од
4 февруари 2006
Мислења
6.579
Поени од реакции
1.500
Луѓе мора да ви биде јасно дека ставање на пост како на пример "Лав и Девица" и слично не вршат многу работа.

Прво, за љубовна компатибилност не треба толку многу да се осврнувате на хороскопот. Тоа се индивидуални работи и не мора да значат апсолутно ништо, што доколку во хороскоп ви пишува дека со некој знак сте сосема спротивни и дека не треба да влегувате во врска со таков знак, а подоцна запознаете личност со која што едноставно уште од првото здраво светкаат искри на сите страни...и дознавате дека е...(додај знак).

Второ, хороскопот служи како патоказ а не како закон врз кое треба да се основа секојдневието и начинот на живот. Во ред е да добиеш совет на пример во наредните две недели избегнувајте потпишување на договори зделки, или инвестиции...но не и да сте 2:30 метра високи ве бива за кошарка ја обожавате кошарката ама во хороскоп ви пишува дека ќе бидете сметководител па сега вие со здрав памет идете натака :pos: (кој добар пример).

Како доатно нешто, сите знаци имаат некои сличности, но тие се минимални во основа на нашата индивидуалност, така да компатибилноста според знак апсолутно паѓа во вода (барем според мене).
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Можете да пишете според лично искуство со кој знаци ви оди комуникација и слично.
Мислам дека секој човек има одредени преференции кон некој знак.
Јас неможам да се дружам со бик.Секогаш ми се интересни на почеток,а на крај завршува со фрлање од тераса.Затоа со нив само пријателско дружење за да не настане кушлус.
Неможам ни со ракови (жени) да се дружам,премногу за свој газ гледаат и знаат да те наместат кога се во тесно,затоа не ги сакам.А глумат дружба до гроба,но на првата препрека им го гледаш лицето.
Трети на листа се скорпиите,како мене.После три реченици,ќе почнеме да се навредуваме до бесконечност.
И нормално близнаците,вечните лицемери.Штета што кај мене се пречкртани оддамна и ги мирисам од десет километри :)
За дружба ги обожавам вагите,полудо створење од нив немам сретнато.
Стрелците ми се цел живот околу мене,ваљда на нив скорпиите им се интересни.Јарците ми се добри другари,ги обожавам водолиите.Овните ми се најдобри другарки,тука се и рибите.Девици незнам како функционираат,лавовите мажи би ги отепала.Жена лав ти е душа човек,штета само што се толку затворени.
 
?

..........

Аман немој шо толку :vozbud: како може да карактеризираш некој шо не го познаваш:helou:
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас зборам за тие што ги познавам,сигурно на тебе не мислев во случајов :icon_lol:
 
girlll

§įмθπŞ ďª φΪШ
Член од
28 јануари 2007
Мислења
3.418
Поени од реакции
111
Абе има нешо у Хороскопов.. Рецимо ја сум Лав и со Водолии функционирам најдобро.. најфаца знак ми е. А со Близнаци рецимо на прв поглед тоа не е могуче колку може да се зближам за мноогу кратко време али тие другарства секад пукаат после максимум 2 месеци. Е после тоа очи си вадиме. Али мислам тоа Близнаците така си се дволичен знак не е до мене ваљда :pipi:
Друго не сум приметила со Хороскопов.. Освен шо знам дека нејќу дечко Овен. Нева ева аген.
 
Член од
15 декември 2007
Мислења
865
Поени од реакции
28
Koj знак што го нервира

Овните најмногу ги иритира туѓата пасивност и лажење. Ако Овенот нешто мрази - тоа е кога го гледаат во очи и го лажат. Тоа најстрого го казнува без минимум толеранција. Не ги сака ни оние кои се улижуваат и “пикаат“ како ниту оние кои денес ветуваат едно, а утре се прават како ништо да не кажале, а камо ли ветиле.

Биковите не сакаат кога ги тераат нешто и кога тоа мораат да го направат брзо па затоа ги иритираат луѓе кои се секогаш во некое брзање и гужва. Мразат уценувачи и мрзливи (а такви често им се закачуваат како привезок и бараат “спонзорство“ од било каков вид)

Близнаците ги иритираат оние кои плански им ги крадат информациите, како и оние преозбилни типови кои секогаш критикуваат и бараат “влакно во јајце“. Не ги сакаат ниту оние кои секогаш од нив бараат одговорност и очекуваат да бидат сериозни, од причина што да се биде сериозен Близнак едноставно е невозможен потфат.

Раковите најмногу ги иритира туѓата бесчувствителност или обиди за освојување на нивната територија. Не можат да ги поднесат оние кои се мешаат во нивните односи со останатите и го “пикаат носот“ кај што не треба. Не ги сакаат оние кои не ги почитуваат правилата за однесување во нивниот дом или често се појавуваат ненајавени.

Лавовите најмногу се лутат на оние кои често ги игнорираат и не го забележуваат сјајот на нивната појава. Не ги сакаат и оние кои се ценкаат околу некои желби, а секогаш ги заобиколуваат оние кои со својата духовитост и сјај сакаат да ги “симнат од престолот“ и да го привлечат вниманието на нивните обожаватели.

Девиците мразат неуредни и намуртени луѓе, оние кои се неорганизирани како и оние кои прават глупости во афект и потоа ги “гњават“ Девиците да им помогнат со своите совети и аналитички способности. Исто така не им се драги бучните луѓе и фалбаџиите.

Вагите мразат да бидат во друштво на простаци и галамџии како и личности кои на било каков начин се склони на нечистотии. Мразат грубост и насилство и ситуации кога се наиѓаат во центар на некоја расправија или караница.

Скорпиите мразат издаици, луѓе кои ги изиграле или ги оставиле на цедило (што секако нема да го простат никогаш). Не сакаат луѓе кои се наметнуваат како и оние кои постојано нешто испрашуваат и чепкаат во нивната интима. Трачарите им се најиритантни.

Стрелците секогаш ги избегнуваат оние кои сакаат да ги заробат и да им ја ограничат слободата. Не сакаат личности кои се фанатици за нешто, затоа што Стрелците со време ги менуваат своите мислења и не сакаат кога некој им наметнува мислење со сила.

Јарците мразат личности кои на секаков н ачин се обидуваат да им го нарушат изгледот (положбата во друштвото). Ги нервираат зборливци, неодговорни и оние кои си играат со нивните пари.

Водолиите ретко може нешто да ги изнервира затоа што тие едноставно немаат време за да го анализираат туѓото однесување, и секогаш се привлечени од нешто ново и необично. Но, сепак, ги иритираат конзервативни, затворени луѓе затоа што со нив е тешко да се воспостави комуникација.

Рибите бегаат од не-емпатични и емоционално индиферентни личности, како и од оние кои немаат ни малку фантазија. Ги иритираат материјалисти, но и критичари, како и оние кои се вечно намуртени и претерано сериозни. Не им се драги ниту површни личности, како и оние кои ги тераат преку ноќ да променат некоја своја навика.

Kajgana Shop

На врв Bottom