Што со плаќањето? Кој би требало да плаќа?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто под дифолт ако сам себе се цениш значи и дека се преценуваш?
Ако ти тоа го кажеш, знаеш дека се преценуваш. Некој ако тоа го каже можеби не се преценува, можеби е тоа така. Немаме сите исти вредности, колку и да сакаме дека мислиме дека е така...

Ти ако мислиш дека нема потреба да ја частиш, најди си некоја што го дели твоето мислење, што друго да ти кажам :)
И ова „мора“ што го потенцирате. Сигурно нема да те фати за врат за да и ја платиш пијачката. Затоа (еве Кемба да прочиташ :D ) реков дека не ја сфаќате Џесика...

На која основа некоја смета дека стварно толку вреди и дека треба да биде частена заради тоа? Ако рече дека е најубава у градот и заради тоа вреди, зарем не се преценува? А сигурно има минимум 1000 други женски у градот што се поубави од неа. Освен ако не е Мис на Македонија, тогаш да речеме дека има некаква основа за тоа што се цени толку високо. Мада со оглед на тоа какви ругоби беа мис последниве години, ни тоа не е више релевантен фактор.

И не реков дека нема потреба да частам. Ама не сакам некој друг да ми ја наметнува таа потреба. Сакам сам да осетам потреба да и ја платам пијачката.
 
Зошто мора да заслужи за ти да испаднеш господин и ја платиш пијачката?

Ама тоа е проблемот, мора да даде, за да ја почастиме. Да заслужи...
После девојките се криви зошто се вакви или онакви...
Што мешаш баби и жаби сеа? Кој рече дека мора да даде и со тоа заслужила? И да со самото плаќање на пијачката воопшто не е мерило дали ти си испаднал господин или не...
 
На која основа некоја смета дека стварно толку вреди и дека треба да биде частена заради тоа? Ако рече дека е најубава у градот и заради тоа вреди, зарем не се преценува? А сигурно има минимум 1000 други женски у градот што се поубави од неа. Освен ако не е Мис на Македонија, тогаш да речеме дека има некаква основа за тоа што се цени толку високо. Мада со оглед на тоа какви ругоби беа мис последниве години, ни тоа не е више релевантен фактор.

И не реков дека нема потреба да частам. Ама не сакам некој друг да ми ја наметнува таа потреба. Сакам сам да осетам потреба да и ја платам пијачката.

:pos::pos::pos:
Брат, се читаш ли ти што пишуваш? :Д хахахахахаха
Која била да се цени освен ако е мис на Македонија, тогаш имала основ да се цени а со тоа и основ да и се плати. хахахахахахаха
Ау, мајко мила, после се чудите зошто ви се смее Џесика и девојките со слични став ко нејзиниот...[DOUBLEPOST=1427715783][/DOUBLEPOST]
Што мешаш баби и жаби сеа? Кој рече дека мора да даде и со тоа заслужила? И да со самото плаќање на пијачката воопшто не е мерило дали ти се испаднал господин или не...
Заслужила да биде почастена зошто ми направила често со тоа што излегла со мене на кафе или дошла во кино. Не знам што тука е нејасно...
 
:pos::pos::pos:
Брат, се читаш ли ти што пишуваш? :Д хахахахахаха
Која била да се цени освен ако е мис на Македонија, тогаш имала основ да се цени а со тоа и основ да и се плати. хахахахахахаха
Ау, мајко мила, после се чудите зошто ви се смее Џесика и девојките со слични став ко нејзиниот...[DOUBLEPOST=1427715783][/DOUBLEPOST]
Заслужила да биде почастена зошто ми направила често со тоа што излегла со мене на кафе или дошла во кино. Не знам што тука е нејасно...
Не зборам јас за еднаш-два пати што дошла на кафе или во кино...зборам јас за константно плакање...башка нели и ти си и направил чест што си ја викнал да искочи со тебе?
 
:pos::pos::pos:
Брат, се читаш ли ти што пишуваш? :Д хахахахахаха
Која била да се цени освен ако е мис на Македонија, тогаш имала основ да се цени а со тоа и основ да и се плати. хахахахахахаха
Ау, мајко мила, после се чудите зошто ви се смее Џесика и девојките со слични став ко нејзиниот...

Нигде не реков дека треба да биде мис на Македонија. Само прашав по која основа девојката смета дека вреди и треба да биде частена. Убавината ја земав како пример за една основа. Можда основата не е таа, туку е друга. Ама која и да е основата, како девојката ќе докаже дека вреди толку колку што самата смета дека вреди? Она колку сака нека се цени себе, ако ја сметам дека не вреди ни времето да го трошам со неа, за частење да не правиме муабет.
 
Ја пратиш ли дискусијата од почеток? Кој рече дека ако процениш дека таа девојка не е за тебе ти мора да останеш со неа до крај на животот и да ја издржуваш? Никој не рече дека частењето нема да ти биде (ќе се изразам грдо иако не го мислам тоа во тој контекст) лоша инвестиција доколку после месец-два сфатиш дека не ја бива и не е тоа тоа. Чао џаци....

Ако сфатиш дека ја бива, ќе си продолжиш со начинот на кој што си фунцкионирате.
 
Ми се допаѓааа,се враќа полека жарот на темава,што го имаше пред затворање :D
А ти шо суфлираш цело време од страна, земи фати страна и ќотек на другите.
 
Искрено тие што плаќаат ми се мене без врска, безкичмењаци кои што незнаат како поинаку да и кажат на жената дека вреди, па мораат со плаќање на кафиња, одмори и други работи.
Се фаќате за материјалното ко слепци за стап, има толку многу фактори кои што укажуваат манири, грижа и заинтересираност за нејзе, а вам женски се гледа дека единствената мерка за манири, грижа и заинтересираност ви е плаќањето на пијачки и излегувања, жалосно...
 
Не зборам јас за еднаш-два пати што дошла на кафе или во кино...зборам јас за константно плакање...башка нели и ти си и направил чест што си ја викнал да искочи со тебе?

Сум и направил чест, што сум ја викнал, она ми направила чест зошто дошла. Јас зошто сум ја викнал, јас ќе платам. Како и да го вртиме разговорот, можам да најдам причина зошто да платам (не дека ми треба ама тебе ти треба, па ти наоѓам).
Сакаш обратно, ако таа тебе те викне и ти направи чест. Еве. Она те вика и ти прави чест со тоа, ти и правиш чест зошто прифаќаш и зошто она те викнала, ти ќе и се заблагодариш со тоа што ќе ја платиш сметката. Тоа пак за тебе, зошто бараш причина зошто да и платиш на некоја (кога плаќаш).
Јас не барам...
 
Hahaha :-D
A onie mazi sto se sponzorusi, i megju tie da praite razlika? 90% od maskive takvi ste. Znam mazi sto odat so devojkite i im baraat iljadarce za da izlezat :-D
Ostaj toa, znam mazi sto gledaat da brknat nekoja sto tatko i ima pari, za da ne mu se sekiraat oni kaj ke ziveat, sto ke rabotat, ima obezbedeno! :-D
Begate od odgovornosti kako slon od glusec. A ja nejkam da imam decko sto ke bega od odgovornost.
I na kraj kraeva, poverojatno e deka nekoj sto ne ti go plakja kafeto (ili bilo sto ne ti plakja) ke bide maska sponzorusa, otkolku zensko sto bara se da i bide plateno. Na kraj kraeva, ja ne se osekjam kako sponzorusa, taka da dzabe e argumentov...ako uopste moze taka da se narece (poise ke da e argumentum ad hominem).

Значи знаеш мажи кое го прават истото што го правиш и ти. Океј.
 
Ја пратиш ли дискусијата од почеток? Кој рече дека ако процениш дека таа девојка не е за тебе ти мора да останеш со неа до крај на животот и да ја издржуваш? Никој не рече дека частењето нема да ти биде (ќе се изразам грдо иако не го мислам тоа во тој контекст) лоша инвестиција доколку после месец-два сфатиш дека не ја бива и не е тоа тоа. Чао џаци....

Ако сфатиш дека ја бива, ќе си продолжиш со начинот на кој што си фунцкионирате.

Не зборев за врска или за понатаму. Збориме за прв дејт сега, нели? Ако некоја на прв дејт ми се испонаша, лета у облаци дека е којзнае што и ми каже/сугерира на било кој начин дека ја треба да ја платам сметката, тогаш у никој случај нема да платам. И нема ни да излезам пак со неа, секако. На тоа мислев под трошење на време, не на 1-2 месеци после тоа. А ако на прв состанок се однесува како што доликува на дама (културна, прибрана итн), тогаш ја ќе бидам џентлмен и ќе ја платам сметката.
 
Искрено тие што плаќаат ми се мене без врска, безкичмењаци кои што незнаат како поинаку да и кажат на жената дека вреди, па мораат со плаќање на кафиња, одмори и други работи.
Се фаќате за материјалното ко слепци за стап, има толку многу фактори кои што укажуваат манири, грижа и заинтересираност за нејзе, а вам женски се гледа дека единствената мерка за манири, грижа и заинтересираност ви е плаќањето на пијачки и излегувања, жалосно...

Уште еден доказ дека ако плаќаш си неспособен на друг начин да ја шармираш девојката.
Ќе те прашам а и вас, останатите морално настроени.

Кога имате испратено писмо на девојка за да и искажете чувства?
Кога со порака преку курир сте ја поканиле на вечера (иако можете тоа мејнстрим преку фб да го направите)?
Кога сте и испеале песна под прозор? (сте се дереле, пошто не знаете да пеете ама поентата е таа).

Грдо е да поистоветуваш дека ако плаќам, не знам да ја освојам на друг начин и грдо е што девојка која сака да и биде платено или дозволува да и биде платено, се интересира само за финансиите и други работи не можат да ја импресионираат или задоволат.[DOUBLEPOST=1427716974][/DOUBLEPOST]
Не зборев за врска или за понатаму. Збориме за прв дејт сега, нели? Ако некоја на прв дејт ми се испонаша, лета у облаци дека е којзнае што и ми каже на било кој начин дека ја морам да ја платам сметката, тогаш у никој случај нема да платам. И нема ни да излезам пак со неа, секако. На тоа мислев под трошење на време, не на 1-2 месеци после тоа. А ако на прв состанок се однесува како што доликува на дама (културна, прибрана итн), тогаш ја ќе бидам џентлмен и ќе ја платам сметката.

Абе зошто да ти се испонаша? И ако ти се испонаша како и да го сфаќаш тоа испонашување (не знам како да го кажам) зошто да не испаднеш господин и покрај тоа што е ваква таква или онаква не ја платиш пијачката од 120 денари? :)
 
Нигде не реков дека треба да биде мис на Македонија. Само прашав по која основа девојката смета дека вреди и треба да биде частена. Убавината ја земав како пример за една основа. Можда основата не е таа, туку е друга. Ама која и да е основата, како девојката ќе докаже дека вреди толку колку што самата смета дека вреди? Она колку сака нека се цени себе, ако ја сметам дека не вреди ни времето да го трошам со неа, за частење да не правиме муабет.

Па ако девојката не вреди од старт што би барал со неа ебате? Ако излегла со тебе или еве девојка ти е значи си видел нешто што те привлекува и не треба да ти биде проблем да ја почастиш пијачка кога ќе излезете. Секако ако можеш да си дозволиш. Никој тука не збори дека треба да подигнеш кредит само за да ја шеташ. Ама да имаш и да не сакаш да ја почастиш?!
 
Абе зошто да ти се испонаша? И ако ти се испонаша како и да го сфаќаш тоа испонашување (не знам како да го кажам) зошто да не испаднеш господин и покрај тоа што е ваква таква или онаква не ја платиш пијачката од 120 денари? :)

Не е работата за 120 денари. Нема да осиромашам за толку. Принцип е у прашање. Не можам лошо однесување да наградам со добро однесување. Зборам за однесување, пошто плаќањето пијачка на девојка спаѓа у тоа џентлменско однесување. Ако ја наградам за лошо однесување, без разлика на кој начин, она ќе си стави у глава дека таквото однесување проаѓа и дека е наградувана за истото. И нареден пат пак така ќе се понаша. Ако не со мене, тогаш со некој друг.

Ако се однесува како дама, ќе го наградам тоа добро однесување со моето однесување како џентлмен. Она тогаш ќе знае дека го одобрувам тоа однесување и ќе се труди да го одржува и во иднина. Да не испадне дека забегувам оф-топик, пак ќе напоменам дека плаќањето пијачка на девојка на дејт спаѓа у џентлменско однесување. Затоа и решив за однесувањето да зборам малце.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom