Зошто под дифолт ако сам себе се цениш значи и дека се преценуваш?
Ако ти тоа го кажеш, знаеш дека се преценуваш. Некој ако тоа го каже можеби не се преценува, можеби е тоа така. Немаме сите исти вредности, колку и да сакаме дека мислиме дека е така...
Ти ако мислиш дека нема потреба да ја частиш, најди си некоја што го дели твоето мислење, што друго да ти кажам
И ова „мора“ што го потенцирате. Сигурно нема да те фати за врат за да и ја платиш пијачката. Затоа (еве Кемба да прочиташ) реков дека не ја сфаќате Џесика...
На која основа некоја смета дека стварно толку вреди и дека треба да биде частена заради тоа? Ако рече дека е најубава у градот и заради тоа вреди, зарем не се преценува? А сигурно има минимум 1000 други женски у градот што се поубави од неа. Освен ако не е Мис на Македонија, тогаш да речеме дека има некаква основа за тоа што се цени толку високо. Мада со оглед на тоа какви ругоби беа мис последниве години, ни тоа не е више релевантен фактор.
И не реков дека нема потреба да частам. Ама не сакам некој друг да ми ја наметнува таа потреба. Сакам сам да осетам потреба да и ја платам пијачката.