Хороскоп, хороскопски знаци (општо)

Што сте во хороскоп


  • Вкупно гласачи
    1.375

PokerFace

I'll never be the same..
Член од
30 март 2009
Мислења
1.212
Поени од реакции
623
Ке ми објасни некој како се наоѓа подзнак?:kesa:
 
R

Razorblade Kiss

Гостин
jas sum skorpija vo podznak ribi, a toj e lav....moze da mi kazete dali i kolku si odgovarame plssss :smir:
Лавот и Скорпијата воопшто не си одговараат,тоа се двата знака кои народно кажано ''не се мирисаат''. Оган+Вода=Пареа. :pos2:
Меѓутоа еве,би биле добри на сексуална бранова должина ,сексот би ви бил фантастичен,после карање една партија...:kesa::pos2:
Голема улога играат и подзнаците да знаевме клој подзнак е господинот полесно ќе беше,но еве кај тебе,хм,рибите се сензитивни и сакаат и даваат максимум за една врска да успее,па со малку труд и напор би можело да им докажете на астролозите дека лавот и скорпијата можат да се поднесат :)

(важно е да се сакате и двајцата,многу многу не верувај на хороскоп :P :)) ти посакувам се најубаво,ако не сте направиле нешто :)
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
16
Поени од реакции
0
thn razorblade kiss ..i jas se nadevam deka e nekoj dobar podzank..moram da go prasam..pozzz :smir:
 
С

Сатори

Гостин
Ке ми објасни некој како се наоѓа подзнак?:kesa:
Со пресметување на часот, денот и местото на раѓањето. :)
Но, да не ти објаснувам на долго и широко, повели страна за да го најдеш, ако има било какви проблеми, слободно препрашај ме се кај мене на профил:
http://www.astrolook.com/podznak.shtml

Хороскопски знак Девица, а во подзнак Вага и
Хороскопски знак Близнаци а во подзнак Водолија?:pipi:Какви карактеристики имаат?
Девица-Вага комбинација, страшно :), барем ќе има што да ја ублажи посесивната желба на Девицата за организирање, контролирање и ќе и даде малку посветли нијанси во животот, зашто Вагата е воздушен знак кој што знае да го растерети животот.Секако, негативните страни ќе бидат компулсивно барање на рамнотежна и совршенство во животот.

Додека, Близнаци и Водолија, тој што ќе налета на овој прекрасен знак и познак, комбинација на интелект и вистинска љубезност, нека го зема и нека бега со него. :)
 
Член од
12 март 2009
Мислења
205
Поени од реакции
13
Риба сум , а во подзнак скорпија :) ке ми каже некој нешто повеќе баш ме интересира :)
 
С

Сатори

Гостин
Риба сум , а во подзнак скорпија :) ке ми каже некој нешто повеќе баш ме интересира :)
Рибите се емотивни и интуитивни суштества, нешто слично како и Скорпиите, затоа што и двата се водени знаци.Со тоа се создава карактер кој што премногу и верува на интуицијата, но има зошто затоа што обично е точна.Премногу лесно се фаќа во костец со ситуацијата кога моментално се случува, но кога покасно ќе ја анализира знае точно што треба да направи, ако секако не им се препушти премногу на емоциите кои што секогаш ги става на прв план.
Зависник од одмазда, затоа што смета дека секогаш треба да се израмни резултатот, тоа доаѓа од Скорпијата, додека Рибите се најдобри за „правење лице“ како што би се рекло тоа народски.
Сепак, комбинацијата е добра затоа што Скорпиите имаат фиксен квалитет за разлика од Рибите кои што се склони кон промени во животот.
Успешно може да помине низ искуството и проблемите, ако научи да ги заузда емоциите и малку повеќе да ги анализира сите сегменти на една ситуација. :smir:
 
Член од
26 април 2006
Мислења
13.024
Поени од реакции
1.940
Стрелец знак, Рак подзнак. Шо комбинација ова? :)
 
П

Паган-др

Гостин
Ме интересира некој ако може да ми даде линк да видам што подзнак сум? Мислам дека сум рак ама не сум сигурен.
 
П

Паган-др

Гостин
Знак: лав
Подзнак: близнаци
особини нешо такви ствари? :)
 
С

Сатори

Гостин
Знак: лав
Подзнак: близнаци
особини нешо такви ствари? :)
Мојата комбинација! :):):)
Епа, егоцентризмот и гордоста ќе ти течат од ушите, вечна потреба за внимание, успех и достигнување, ќе бараш да бидеш најдобар во се, не само во тоа што добро ти оди.Константна желба за промени и желба за патување и пробување на нови работи во животот, трагач по искуство.
Се ќе мериш по желбата, а не по потребата.
Емоционалноста никогаш нема да ти биде јака страна, зошто сите емоции се пролазни и интензитетот е голем само во моментот на чувствувањето кој трае кратко.
Сепак, интелегенцијата на Близнакот и упорноста на Лавот, носат успех и статус. :)
 
С

Сатори

Гостин
Знак скорпија а во подзнак водолија... ? :wink:
Ова е веќе чудна комбинација.
Скорпијата е склона кон тајновитост и кон себеанализирање, чување на емоциите и мислите за себе, практичност и организираност, за разлика од Водолијата која што е воздушен знак и сака хаос, спонаност, многу луѓе во близина и е крајно љубезна и пријатна личност.
Кога овие два знака, крајно контрадикторни ќе се спојат во една персона, најчесто може да се добие спротиставување во внатрешноста, но добро е што Скорпијата ќе биде ублажена, а Водолијата ретко кога ќе може да биде измамена затоа што Скорпијата е перцептивна и сомничава.
Кога би си ги познавала добрите страни добро, ќе можеш одлично да ги изиграш проблемите. :smir:
 
M

_MACA_

Гостин
Ова е веќе чудна комбинација.
Скорпијата е склона кон тајновитост и кон себеанализирање, чување на емоциите и мислите за себе, практичност и организираност, за разлика од Водолијата која што е воздушен знак и сака хаос, спонаност, многу луѓе во близина и е крајно љубезна и пријатна личност.
Кога овие два знака, крајно контрадикторни ќе се спојат во една персона, најчесто може да се добие спротиставување во внатрешноста, но добро е што Скорпијата ќе биде ублажена, а Водолијата ретко кога ќе може да биде измамена затоа што Скорпијата е перцептивна и сомничава.
Кога би си ги познавала добрите страни добро, ќе можеш одлично да ги изиграш проблемите. :smir:

тенкју мај диар :pipi:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom