Домашната храна е подобра од дехидратот во секој поглед освен во оној каде што јас имав проблем. Неможеш да ја избалансираш за да добиеш одлична распределба на протеини витамини влакна и сл. Проблемот и беше што поради недоволниот број на влакна изметот им беше за нијанса помек од она што им е со дехидратот, а тврдината на изметот влијаела на празнење на тие анални жлезди. Поради лошито празнење на жлездите и се јавија проблемите и тоа само кај едното куче, другото немаше никаков проблем. Што до некаде е и нормално нели зашто секој организам е различен.
Тоа што го наведе
@Lu со како да ги гледаш состојките и која на која позиција се наоѓа треба да е точно ама нели луѓе сме превара ке смислиме и на крај врска нема дека е некоја водилка зашто има начин и да се манипулира со таа листа. Она што ти треба е твоето куче во период на раст и развој да ги внесува сите потребни витамини минерали и хранливи состојки. Без разлика и најдобриот дехидрат давај го, пак ќе ти препорачуваат додатоци во исхраната барем калциум. Иначе ти напишавме храни кои не се скапи а се со добар квалитет. Можеш и trainer top breader да ја земеш таа е околу 140 денари кило ако ја зимаш на вреќа за малечки исто во фауна кај што ти напишав. Ама подоле видов дека не си од скопје па незнам како да ти помогнам. Знам дека изборот во другите градови е далеку помал.
Кај мене едно од 2те кучиња ми јави алергија на 2 храни од фармина па не пробав ос наведенава (давав КарниЛове место неа), а на пријатели кои исто чуваат самоједи како мене дури и храната која ја спомна и предизвика алергија
Интересен податок дека најубавите кучиња се добиени со инцест, ама па ако не успее ќе имаш страшни проблеми. Скоро и да не постои одгледувачница (од светски познативе) кои не извадиле легло со инцест барем еднаш