Кучиња (грижа, општи дискусии)

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpro.AceBoy
  • Време на започнување Време на започнување
Дали може од некаде да се набави храна од Јосера за Јуниор зборам?...А што се однесува до кучето значи сите ги имаме овие проблеми на почеток со агресивност, хиперактивност, непослушност, влечење и касање...Така да се надевам во иднина дека како ќе расте ќе се смирува бидејќи цел двор пред малку беше лом направен...ако некои од горенаведените проблеми ги нема ама тие 2 што ги имам толку многу ми прават проблем што ми се иде да го треснам од земја...ако мн го сакам :unsure:
Josera mislam deka nema vo Makedonija. Prasaj po petshopovite. Fauna centar,pet supplies itd...ako vo niv sto se pogolemi nema togas ne se uvezuva. Ako imas nekoj da ti donese od Srbija. Ali ova e mislam
 
Дали може од некаде да се набави храна од Јосера за Јуниор зборам?
Па Јосера и не ти е нешто ептем квалитетна храна, и плус не се увезува во Македонија.

Ако веќе зимаш дехидрат од странство, тогаш иди на (сите се линкови) Orijen, Acana, Taste Of The Wild, Canidae, Instinct, Evo, Innova ... тоа ти е врвот од дехидратите.

Особено јас би одела на Orijen ... кралот н а дехидратите.

А исто така во Македонија ги имаш и одличните Brit (CarniLove + Care), Farmina - Natural & Delicious, Husse ...
 
Што подразнираш под агресивност? Нападнало човек, животно и го повредило? Или лаење и касаќе во игра?
Мојот Ердел уште малце година ќе полни, а не е свесна колку е голема, значи често и' се случило да ме сопне со тоа што е блесава и трча како мува без глава, често и' се случува да ме акне со муцката по мојот нос, често и' се случува да забега по други кучиња, често и' се случува да ме влрче како партал позади. Но, тоа поминува, треба време. Сега се' им е ново и интересно, исто како кај малите деца. Кога ќе созрее, ќе биде помирно. Сега, воспитувај го, карај го ако згрешил, мојава веќе знае кога сум лута ради што направила и доползува до моите нозе, мавта ситно со опашот, некогаш и цвили (зависи колкава грешка направила).

Инаку, јас се чудам на неа, значи се' јаде, што ќе најде јаде... Додека бев во школо, еднаш го искршила свеќникот и ја изела свеќата со мирис на ванила (бар на ванила и' мирисаше здивот) и ништо, апсолутно ништо не и' беше, немаше ни рана, ни гребнатинка, јадеше како и секогаш, играше како и секогаш. Дали чувам куче или вонземјанин што јаде свеќи? (n)
Како што го напиша ти ова и мојов е буквално ист. Е сега ме интересира дали се женуваат драстично до годината од искуство да ми кажеш? :)

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
 
Како што го напиша ти ова и мојов е буквално ист. Е сега ме интересира дали се женуваат драстично до годината од искуство да ми кажеш? :)

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
Сеуште не сум искусила, но како што расте, забележувам дека е далеку помирна и попослушна од порано.
 
Па Јосера и не ти е нешто ептем квалитетна храна, и плус не се увезува во Македонија.

Ако веќе зимаш дехидрат од странство, тогаш иди на (сите се линкови) Orijen, Acana, Taste Of The Wild, Canidae, Instinct, Evo, Innova ... тоа ти е врвот од дехидратите.

Особено јас би одела на Orijen ... кралот н а дехидратите.

А исто така во Македонија ги имаш и одличните Brit (CarniLove + Care), Farmina - Natural & Delicious, Husse ...
Еден другар ми ја препорача добра била па затоа прашав, инаку сега земав од Љубимец за проба, мислење за неа ?

Сеуште не сум искусила, но како што расте, забележувам дека е далеку помирна и попослушна од порано.
Се надевам на драстична промена бидејќи многу темпераментен хиперактивен сега на овие врнижилави денови лом ме прави, штом го врзам на поводниг влече ко луд, му правам алка за стегање чим го стегне скока и ржи....ептен со маки и со стегнати нерви се трудам да го сменам ама тешко....
 
Се надевам на драстична промена бидејќи многу темпераментен хиперактивен сега на овие врнижилави денови лом ме прави, штом го врзам на поводниг влече ко луд, му правам алка за стегање чим го стегне скока и ржи....ептен со маки и со стегнати нерви се трудам да го сменам ама тешко....

Sent from my GT-I9195 using Tapatalk
Јас не ја дресирам на тој начин. Земам награди и таа оди до мене, така ја дресирам да не влече. Некогаш заборава, но доволно е само да ја викнам и одма уз нога. И мене ме прави лом, но и' дозволувам пошо не ми е проблем, алишта се перат, а и гајле ми е што би помислиле другите за мојата каллива облека, важно е дека и јас и таа сме си поминале суперски во трчањето по трева. :D
 
Еден другар ми ја препорача добра била па затоа прашав, инаку сега земав од Љубимец за проба, мислење за неа ?
Не е толку добра Јосерата.

А Љубимец ти е катастрофа, особено за кученце како твоето што е во раст и развој, и треба во овој период додека расте да се обрне најголемо внимание на правилната и квалитетна исхрана, за да се извлече максимумот од кучето.

А Љубимецот е со ептем слаб и неквалитетен состав.
Мој совет, смени ја што побрзо.

И добро е да му даваш и домашно приготвени оброци ... нормално приготвени специјално за него, а не остатоците од вашиот ручек кои што се преполни со зачини и конзерванси.

Вари му ориз со месо (пилешко, јунешко, мисиркино, риба...).

Поопширно за исхраната, имам објаснето во темата Храна за кучиња ... и ако имаш прашања поврзани со исхраната, прашај во другата тема што е наменета за исхраната, таму ќе ја продолжиме дискусијата :)
 
Не е толку добра Јосерата.

А Љубимец ти е катастрофа, особено за кученце како твоето што е во раст и развој, и треба во овој период додека расте да се обрне најголемо внимание на правилната и квалитетна исхрана, за да се извлече максимумот од кучето.

А Љубимецот е со ептем слаб и неквалитетен состав.
Мој совет, смени ја што побрзо.

И добро е да му даваш и домашно приготвени оброци ... нормално приготвени специјално за него, а не остатоците од вашиот ручек кои што се преполни со зачини и конзерванси.

Вари му ориз со месо(пилешко, јунешко, мисиркино, риба...).

Поопширно за исхраната, имам објаснето во темата Храна за кучиња ... и ако имаш прашања поврзани со исхраната, прашај во другата тема што е наменета за исхраната, таму ќе ја продолжиме дискусијата :)
Во ред е ова што го напиша али ипак од 300 ден/кг нема шанси да купам...
 
Еден совет ако може.....
Моево куче преку ден е се ок се однесува како нормално куче, ама навечер негде од 8 па додека да си легнеме на секој кој ќе се приближи или ќе влезе во мојата соба тој се затрчува и почнува да лае пискаво и да го гризе по ногавици, на сите им го прави дома тоа освен на мене, ова се случува последниве 4 дена. Обично тој спие ова време, ама последниве 4 дена е ко на штрек. Незнам што му е. ми треба помош за како да го смирам. :sick:
У самиот момент кога ќе гризне за ногавица, одма у истиот момент нека добие казна ... односно за горниот дел од вратот, за кожата да се фати и да се протресе (исто како кучињата што применуваат природна инстинктивна казна), значи да се казни на најефективниот начин ... и уз моментот кога ќе се протресе за горниот дел од вратот да се викне со строг и остар тон НЕ, ФУЈ.

Во ред е ова што го напиша али ипак од 300 ден/кг нема шанси да купам...
Тогаш ем е подобро и ем е поефтино да му готвиш, отколку да го храниш со таква неквалитетна храна како што е Љубимец.
 
Во ред е ова што го напиша али ипак од 300 ден/кг нема шанси да купам...
Јас ја хранам мојата со домашно приготвена, кошта колку кило неквалитетен дехидрат, но далеку поквалитетна исхрана ќе има кучето. Јас готвам со 50% пилешко, 25% ориз и 25% св зеленчук, некогаш и јаболко и сечам.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Во ред е ова што го напиша али ипак од 300 ден/кг нема шанси да купам...
Ako sakas 15 kg husse valp maxi za 2800 den. So domasna dostava. Moja preporaka. Ili imas trainer ili team breeder.....prasaj po pet shop.
 
Тогаш ем е подобро и ем е поефтино да му готвиш, отколку да го храниш со таква неквалитетна храна како што е Љубимец.
Ако земаме да збориме како што подобро да не гледаме кучиња. Али зборот ми е да се наоѓа средината за храна сега до 150 денари за кило давам ако не вредат ни за 50 али тоа ти е Македонија, ја зима цела вреќа 400 денари ти ја продава 2000 и ти вика мн квалитетна ово оно...:tapp:
 
Колку даваш (време и пари) толку добиваш(поздраво и повесело куче)...
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Lu
Ако земаме да збориме како што подобро да не гледаме кучиња.
Дефинитивно.
Или правилна грижа, или воопшто да не се зима куче ако се нема потребното време и финансии за правилна грижа.
Али зборот ми е да се наоѓа средината за храна сега до 150 денари за кило давам ако не вредат ни за 50 али тоа ти е Македонија, ја зима цела вреќа 400 денари ти ја продава 2000 и ти вика мн квалитетна ово оно...:tapp:
За околу 180 денари кг. имаш Natural Trainer која што е далеку поквалитетна од Љубимецот.

И ако сакаш поефтино да ти испадне храната, никогаш не купувај кило по кило, туку купувај вреќи.

А секако најефтино и најквалитетно ти е домашно приготвената исхрана.
 
Иначе ќе може да ми кажете нешто повеќе за DHС, некоја си срцева болест, прочитав кај Ерделите се јавувала често...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom