Здраво на сите.
Не сакав да направам тема од другиот профил па затоа креирав нов. Значи вака...
Девојката ми е на работа во една шеријатска земја, замина преку агенција-посредник за вработување. Од приватни причини нема да наведам каде е, само ќе кажам дека скоро три месеци има кај што е на работа.
Сеа вака... пред да отиде често се каравме без причини. Дешавки еден куп, без причини некои така поголеми, значи класика, као повеќево врски. Замина со статус „во врска“ на фејсбук, но не навела со кого. Ги сокрила нашите неколку слики од фб истотака, но, чашата прелеа откако видов дека има една слика во авионот со дечко за кој покасно дознав дека он сака дечки а не девојки (геј момак), уште една слика со него седнати на кревет и потоа слика со нов момак, странец, истотака геј. Во ред, бидна што бидна. Прашањето ми е, дали е возможно девојками и геј типот да направат нешто?
Потоа, со оглед на тоа што земјата е шеријатска, дали е можно девојками да направи дубара со некого? Дали е можно да остане таму или во краен случај да се омажи за некој од тие со бели чаршави на телото? Доколку се омажи кои би и биле правата?
Милион прашања, милијарда забуни во главава... има уште многу но, за повеќе можам да ви одговорам во порака. Се надевам на пријателски пристап од сите членови на форумов и ќе ве замолам темава да ја пратите до што повеќе луѓе тука, знам дека нема да најдеме решение но барем ќе најдам некоја утеха или нечие искуство со ваков или сличен проблем :/
БЛАГОДАРАМ!!