21 година врвен професионализам на Полкот за специјални операции
Врвен професионализам, максимална обученост, 100-настотна реализација на поставените задачи и мисии. Полкот за специјални операции бележи 21 година од формирањето на најелитната единица на македонската армија. Во турбулентните времиња секогаш беше на првата линија на интегритетот и суверенитетот на земјава. Привлечноста на оваа професија поттикна илјада кандидати да се јават на последниот конкурс ...
Ирак, Авганистан, Либан, Босна, се дел од десетиците мисии на калењето на елитната единица за специјални операции на македонската армија. Секој нов ден донесува нешто ново, ако не се во меѓународните мисии, на полигонот во „Илинден“ се обучуваат за справување со актуелните безбедносни предизвици, во кои денес се издвои неутрализирањето на уфрлена терористичка група според принципот „откриј и уништи“.
Втора позиција. Да се биде целосно посветен за обука во единица која црпи искуства од кинеските боречки вештини.
Меѓу освоените медали, признанија и вежби на Волците и Ренџерите, на штабната чета и логистичката единица, доминираат НАТО и билатералата со САД. Привлечноста на оваа невообичаена професија која плени со самоиздржливоста, побуди интерес и меѓу младите.
„Мене лично ме радува податокот дека за конкурсот за прием за професионални војници на АРМ се пријавија над илјада кандидати, меѓу кои има и припаднички на понежниот пол, а застапени се сите етнички структури- факт што за нас претставува уникатна предност“, изјави министерот за одбрана, Зоран Јолевски.
Инсценираната задача во која треба да се онеспособат терористите покажа зошто полкот има свој борбен извик „Секогаш први“.
Врвен професионализам, само за неколку минути беше елиминирана опасноста од диверзантско терористичката група, според сценариото што го изведе полкот за специјални операции на македонската армија.
Споредено со бројот на жителите, Македонија според учеството на сопствените мировници во мисиите на НАТО, ЕУ или ООН е на четврто место во светот.