Заборавив да пријавам данок, што понатака?

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.523
Вака. Сосема случајно денеска се почна тема на муабет за данок и еден колега спомна дека пријавувал данок врз основ на исплатени пари од отпад...

е сега во мојов случај - документите за персонален данок ми се предадени комплетно и уредно како што треба и во рок НО, заборавив односно не приметив дека имам примања од отпад а тие не ми се пријавени, се работи за ситна сума од 720 денара но незнам што треба да направам сега - значи исплатата по основ на плати и слично ми е се пријавена освен овие 720 за кои нажалост немам ни потврда испратено од фирмата дека ми е платен данокот....

Имал ли некој искуство со ваква ситуација да ме посоветува што да правам? Не се многу пари во прашање ама слушам муабети казни за тие што не пријавиле по 500 евра и слично а 500 евра ми се многу пари
 
Можеш да поднесеш исправка, но не знам дали е тоа само доколку добиеш повик од УЈП, односно дека е направена грешка во пријавата. Дали можеш сам да направиш, не би знаел да ти кажам.

Инаку еве што пишува на крајот во брошурата за ПДД-ГДП.

Ако не те мрзи, прочитај ја цела.

КАЗНИ
Доколку не поднесете даночна пријава до 15 март 2015 година или пак во
Годишната даночна пријава нецелосно ги пријавите вашите приходи, ќе ви биде
изречена глоба за сторен прекршок.
Глобата за ненавремено поднесување, односно неподнесување на даночна
пријава и за нецелосно пријавени приходи се движи од 500 до 1.000 евра, во
денарска противвредност.

-------------------------------------------------------------------------------------------------------

Еве што пишува на 2-та страна на образецот.

Доколку утврдите дека сте пријавиле неточни или нецелосни податоци во Годишната даночна пријава, должни сте да извршите исправка на
“ПДД-ГДП“ преку поднесување на нова исправна даночна пријава за тој даночен период.
При поднесување на исправката на претходно поднесената Годишна даночна пријава, означете го полето “Исправка на ПДД-ГДП" со внесување
на знакот "X" и наведете го даночниот период за кој се врши исправката.

Така да, земи ја веќе поднесената пријава и заедно со новата ќе ги предадеш и не би требало да има проблем.
 
Казна, ќе ти ги чешлаат сметките. И мене не ми веруваа дека само к-15 имам за пријавување.
 
Нјаглупо нешто што направиле.Ко да немаат увид во сметките и не знаат кој колу и од каде заработува.
Никад не сум поднел,немам ни намера да поднесувам и можат да ми се фатат за мандалото.

УЈП - Управа за Јавна Пљачка на државјаните на Македонија
 
Ајде така ќе падне сега овој,па ова нема веќе нема да важи.:):aplauz:
 
Јас имав добивка на спортска 7500 денари, треба ли да ги пријавам :icon_mrgr:?
 
Штo пoнaтaкa сеa, пoнaтaкa немa дa зaбoрaвaш и решен прoблем.
 
А што ако воопшто не пријавам?
 
А ако баба ти даде некое стотче од пензијата, треба ли и тие пари да се пријават? Имал ли некој искуство со ваква ситуација да ме посоветува што да правам?
 
Момци фала ви на сите што гледавте да помогнете на некј начин. за жал на форумов има крчатори што гледаат да набилдаат некој пост повеќе - ај ке ги сватиме.

Инаку проблемот го решив - решението е како што кажа
Mr.47 може да се поправи грешката со тоа што потврдата дополнително треба да се однесе до УЈП заедно со стариот образец и плус уште 2 нови (незнам зашто 2 ми рекоа) и се врши корекција иако рокот е веќе поднесен бидејќи претходните документи што се поднесени се во законски рок.

а во однос на прашањето на @AL. - ако вопошто не пријавиш викаат казни ко демек 500 евра па сега колку ке биде вистина незнам. Почекајте па кажете што ке се случи
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: AL.

Секогаш кога се поднесува пријава, се носат по 2 примероци. Едниот е за нив, кој ќе го прегледаат, а другиот е за тебе, каде што има печат од нив дека си поднел.
2-от примерок е потребен во случај да е направена грешка во поднесената пријава, на пример математика, која откако ќе ја проверат таму, ќе бидеш известен за да си направиш корекција. За да направиш корекција, потребно е да се однесе твојот примерок кој ти бил даден, затоа што на него има архивски број, за да ја најдат грешната одма. Во спротивно, ќе треба да се проверат сите поднесени пријави, за да се најде онаа која ќе треба да се исправи.
 
Ајде така ќе падне сега овој,па ова нема веќе нема да важи.:):aplauz:
Нека не ве лажат а вие слепо да верувате во нивните лаги дека ќе се сопнеме(y)
 
Стварно дечки ако добиваш на спортска (и ако мојата добивка не е којзнај колку висока сум) треба да пријавиш или не?
 
Момци фала ви на сите што гледавте да помогнете на некј начин. за жал на форумов има крчатори што гледаат да набилдаат некој пост повеќе - ај ке ги сватиме.

Инаку проблемот го решив - решението е како што кажа
Mr.47 може да се поправи грешката со тоа што потврдата дополнително треба да се однесе до УЈП заедно со стариот образец и плус уште 2 нови (незнам зашто 2 ми рекоа) и се врши корекција иако рокот е веќе поднесен бидејќи претходните документи што се поднесени се во законски рок.

а во однос на прашањето на @AL. - ако вопошто не пријавиш викаат казни ко демек 500 евра па сега колку ке биде вистина незнам. Почекајте па кажете што ке се случи
Веќе си нашол решение. И јас заборавив да додадам два приливи на средства за кои има платено данок, па рекле дека може да се направи промена во Април, штом завршат со процесирање на поднесените пријави. Инаку пред 3-4 години исто така заборавив да поднесам пријава за еден дополнителнен прилив, а ми текна за тоа многу доцна, т.е. по 2 години. Се работеше за мала сума на која и беше платен данок, 15 иљадарки за кирија. Дали ми простиле затоа што сумата е оданочена, или пак затоа што е релативно мала, или пак не откриле дека не сум ги пишал во пријавата, не знам. До денешен ден не дошол никаков олош да ме лиши од слобода и/или да ми одземе имот и здравје.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom