UEFA Champions League 2014-15

  • Креатор на темата Креатор на темата RickyLFC9
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои ЛШ?

  • Вкупно гласачи
    118
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Да можеше да се елиминира една екипа од Лш на почетокотот ќе гласав за Атлетико бидејќи сум сигурен дека во двомеч нема шанса да помине Реал. Со другите горе доле можат да се носат ама со овие гадови нема шанси. Мех, штета за ЛЕверкусен, не дека навивав али ај.
 
Се надевам Реал со Атлети ќе се падне, за да се знае како се калеше челикот. :)
 
Како навивач на Арсенал, да го пратиш својот тим во ваков натпревар, последните минути, е исто како да си собирал храброст да ја викнеш на кафе, симпатијата твоја, и конечно кога си собрал храброст и ѝ приоѓаш, срцето ти чука 200 на саат.
Ја прашуваш да излезете, а она ти вика: " Не можам, имам дечко..Ех, да ме прашаше малку порано, ќе прифатев". Е така беа болни последните 15 мин. од овој меч.

Овака ми го опиша филингот, цимерот шо навива за Арсенал :icon_lol:
 
Штета за Арсенал што не поминаа, вака некој во 1/4 финалето ќе има зицер од појакиве тимови. Атлетико не е ни бледа сенка од прошлата сезона, сепак 95% му се истите играчи, играчи кои играа цела сезона на три фронта и плус Светско Првенство. Данокот мораше да дојде кад тад и сигурен сум дека ќе испаднат ако налетаат на некој од гигантиве.
 
И во така лоша форма, едино кои лесно би се справиле со Атлетико ги гледам Барса и Баерн,можеби и ПСЖ. Со другите најмалце 50:50 би биле шансите. Вклучувајќи го и Реал.
 
Штета за Арсенал што не поминаа, вака некој во 1/4 финалето ќе има зицер од појакиве тимови. Атлетико не е ни бледа сенка од прошлата сезона, сепак 95% му се истите играчи, играчи кои играа цела сезона на три фронта и плус Светско Првенство. Данокот мораше да дојде кад тад и сигурен сум дека ќе испаднат ако налетаат на некој од гигантиве.

Не ги потценувај и лани со Милан изиграа слични партии па дури и полоши. На Сан Сиро извадија газ со оглед на шансите што ги имаше Милан. А и на домашен терен не блескаа без разлика на резултатот. Сите викавме дека биле издишани и дека слабо ги ротирал, ама на крајот за малку ќе беа шампиони.
Надвор од форма им се некои од клучните играчи, суспензии и ситни повреди па затоа вака изгледаа.
Ќе се средат за 3-4 недели, не може вечно да се ваков очај.
 
Па не дека ги потценувам, напротив баш ги почитувам, слаба точка ни е на нас Интеристите Чоло и затоа скоро сите го поддржуваме Атлетико. :) Али муабетот погоре ми беше дека тешко оваа сезона, баш поради тие повреди и изостаноци и тоа што не можат да склопат асална 11ка на 2-3 утакмици по ред. Тоа е тој данок што го спомнав погоре, ипак овие играчи се луѓе а не машини...
Моментално само Реал си има фрки со Атлетико, односно би имал ако се паднат во следната фаза, инаку не гледам како Атлетико може да ги спречи Барса или Баерн во моментов.
 
Моментално само Реал си има фрки со Атлетико, односно би имал ако се паднат во следната фаза, инаку не гледам како Атлетико може да ги спречи Барса или Баерн во моментов.

Баш таа ми е поентата. :)
Моментално не, ама наредна рунда е дури за 3-4 недели. Тогаш им се враќаат Тиаго и Годин, Манџукич ќе се опорави, а и распоредот во лигата ќе им биде полесен со оглед на тоа дека многу дерби им се фатија измеѓу ЛШ.
Пак ќе ти ги спомнам ланските претстави во 1/4 и 1/8 финале кои беа тотална спротивност.
Знаеш и самиот колкави се шансите тим на Симеоне да биде олку очаен на подолг период.[DOUBLEPOST=1426642463][/DOUBLEPOST]А за замор не би рекол дека е тоа проблемот. Си ја научи лекцијата од лани.
Годинава доста ротира, ретко кога извадил ист состав дури и кога му се сите на располагање
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom