R
Redhead
Гостин
Ти се прави фраерка бе.Не е баш љубовен проблем, ама би сакал да чујам мислење.
Пред некој ден, на фб ми пиша едно девојче кое не се познаваме лично, ама се имаме некое време во пријатели.
"Обично не пишувам прво на луѓе што не ги познавам, ама мораше да ти го кажам ова....бла бла [рандом комплимент]"
Се заблагодарив. И иако ми делуваше малку арогантно тоа напишаното дека не пишува прва, сепак ја испоштував и фино си се расчетувавме до изгрејсонце(4-5 саати).
Сепак на крајот од разговорот, осетив некој благ цинизам и некако ми побегна на "пола" разговор: "Касно е, скоро па заспав. Лека ноќ".
Ми делуваше како да не е задоволна од текот на разговорот..ама можеби грешам.
Се размислувам сега, дали да повлечам потег, да и пишам, или да баталам работа...?

