Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Машки помагајте ми зошто не знам повеќе што да мислам. Со дечково сум скоро 2 месеци од кои еден во врска а се знаеме од пред две години и онака се зафркаваме и се, типот има 22 години, јас 19 и уште од пред некоја недела праиме муабет нешо кај би иделе на некое место каде што нема да треба да си идам да преспиеме нели зошо иначе секој втор ден седевме кај него после искачање или кафе мислам кај баба му и дедо му во станот и ништо не се случуваше, малку допири и тоа беше се. Ме викна во викендица кај него во друг град му е и направив се за да отидам и очекував да се случи нешто, поточно секс и ништо човече не можам да си поверувам цел викенд бевме заедно вчера се вратив. Што мислите зошто напален е му се дига ама..? Дали може да има некаков проблем?

Дали ти директно и недвосмислено му имаш дадено до знаење дека сакаш да имате секс? Дали проба да иницираш секс?
Доколку не, можно е дечкото да не е сигурен дека ти го сакаш тоа, а нејќе да помислиш дека е со тебе само ради секс.
Доколку да, можно е тој да има некој проблем. Или едноставно да нејќе да брза. Што ретко се случува кај машките, ама сепак се случува.
Ако (како што кажуваш) е напален и му се дига, значи привлечна си му и не е до тебе проблемот.
Единствено решение е да разговараш со него. Отворено. Без срам.
 
Ајде и јас да побарам совет,значи имам симпатија можеби ми е повеќе и од симпатија се допаѓаме еден на друг дооолг период но порадо бастрана срамежливост дури ни не се познаваме официјално.Со поглед ми даваше до знаење дека му се допаѓам постојано се гледавме на училиште (има многу ситуации кои се доказ дека навистина му се допаѓав) како што напоменав погоре таа 'игра' со погледи траеше долго.Но одеднаш се смени,тој си најде девојка неколку години повозрасна се обидуваше да ме одбегнува јас дознав за што се работи и почнав да губам надеж,но во последно време забележувам како повторно скришно ме погледнува,забележувам дека моето присуство не го остава рамнодушен,кога разговарам со некого особено со некое момче упорно гледа во нас,доааѓа но потоа како да е несигурен повторно се повлекува па по извесно време пак погледи.Што да правам?Како да постапувам во негова близина?Зошто си ја фатил девојката кога му се допаѓам?(иначе двајцата имаме 17 години)
 
Јас ја сретнав старата лубов викендов, и сфатив дека нема лубов што трае вечно којзнај колку и голема да била во минатото, неа ја сакав највише од се и немам доживеано таква лубов таква страст,такви моменти од тогаш, а и сме споделиле долго време моменти заедно, ама така ладно се поздравивиме како двајца непознати, како ништо да не се случило порано,како ништо да не сме доживеале или како едвај се знаеме па чекаме некој да не запознае е баш таква беше нашата реакција,ништо немавме што да кажаме само еден ладен поздрав и толку . Мислам такво чуство како викендов првпат осеќав, и тука сфатив колку празни ние луѓето сме во душа,дури и животните ке беа по емоционални после таква средба.
 
и тука сфатив колку празни ние луѓето сме во душа,дури и животните ке беа по емоционални после таква средба.
Во животот се' поминува, се' се преболува и секој може без секого.
Таквата реакција не значи дека сте празни и без емоции, туку само дека и двајцата сте продолжиле понатаму со своите животи.
 
Во животот се' поминува, се' се преболува и секој може без секого.
Таквата реакција не значи дека сте празни и без емоции, туку само дека и двајцата сте продолжиле понатаму со своите животи.
Тоа е факт дека решивме да продолжиме со животот,беше што беше и ставивме крај на таа бајка, но ти да бидеш во контакт скоро 5 години со некого и така да се однесуваме после долг период (можеби ја немам видено 3 години) некако се чуствував тажно искрено, сепак минатото не можеш да го заборавиш особено кога станува збор за долг период исполнети со убави моменти. Таа можеби стварно беше ладна и не сакаше можеби и да ме поздрави но бевме многу биску седнати и немаше шанси да избегнуваме контакт, јас искрено сакав барем 5 минути разговор да имавме,но некако се кочев не знаев што да кажам после таквиот ладен поздрав од неа.
 
Последно уредено од модератор:

Значи ипак мал дел у тебе уште е приврзан кон неа, тебе те кочи тоа што она ладно те поздравила, а не дека и двајцата сте без чувства како што пиша првиот пат :)
 
Па да, сепак како што таа направи јас да се чуствувам, на никоја после неа не и успеа.
 
Да те советувам да стапиш пак у контакт да видиш како ќе се одвиваат работите по малку е и апсурдно, после 3 години све се исподешавало и во твојот живот и во нејзиниот, иако еве не знаеме она како размислува знам доста парови каде што после пауза само поубаво им е, поучени од претходно искуство, научени грешките и добра лекција за понатаму, можат да се исправат некои работи, али пак од друга страна можеби тоа се било болно за тебе и сега не сакаш пак да го поминуваш истото. А за нејзината ладна реакција не и замерувај многу, од каде знаеш дали и она можеби не го мисли ова што го мислиш ти, жените се опасни глумици, дури некад и ние поише ги искажуваме чувствата и сме поискрени за разлика од нив. Така да у случајов според мене, треба да правиш онака како што те тера умот, посебен совет не може да ти се даде затоа што никој од нас не знае дали осеќаш, што осеќаш и каква ви била врската претходно.
П.С. колку време идевте ако не е тајна?
 
Не сме биле заедно многу искрено ама пред тоа сме имале друштво долго време, мислам немаше ден што не сме имале контакт. Ако не се слушавме, не пишувавме смс,на msn во тоа време :icon_mrgr: 3 дена како 3 месеци ни изгледа,викендите обично заедно ги поминавме. Јас и помогнав со нејзините проблеми таа со моите,се подржавме кога ни требаше подршка секогаш бевме заедно кога немаше други да помогнат,многу имавме доверба и стварно немаше апослутни никакви тајни помеѓу нас, јас знаев се за неа,таа знаеше се за мене и така станавме многу блиски пријатели, еден ден имавме мала расправија и го прекинавме друштвото за период не повеќе од еден месец, но не можевме повеќе инеат да тераме и она на шала ми напиша на msn "абе глуп уште колку ке тераш инеат, не дека ти ми недоставуваш ми недостасуваат твоите глупави муабети"на таков начин разговараше со мене таа :P, така после тој chat се сретнавме и пак почнавме да се дружиме и пак после некое време ги оладивме односите но овој пат подолг период повеќе од 8 месеци, на сцена се појави facebook јас отворив account после една недела ми текна таа, па проверив ја најдов, се мислев 3 дена дали да и пратам add решив да, и се исклучив после 20 минути пак се вклучив, таа ме прифатил и пишувало "кај си бе ретардиран, и ти на facebook оф леле " :P, па полека полека почнавме на facebook да контактираме и не пројде недела се договоривме да се сретнеме, бевме на кафе муабет и излеговме да се шетаме ,седнавме на клупа разговарајќи на шала за нашите добри времиња од минатото и се појавија солзи во очите помисли дека не ја забелжав ми се доближи и јас некако инстиктно ја гушнав (сме се гушнале и порано онака "другарски") ,така во прегратка ми кажа "идиотy знаеш колку многу ми недостасуваше твоето присуство" се погледнавме во очи и боом се бакнавме, почнавме врска која траеше 7 месеци раскинавме и така се заврши тоа е моето минато со неа, и ете после 3 години викендов пак ја сретнав
 
Првата љубов братче никад не се губи до крај. Се навикнуваш да живееш натака али секогаш ќе ти текнува на тие први моменти. Погледни како го напиша текстов, ко да било вчера се ова. Си продужил даље али нема заборав. Ќе биде секад дел од тебе, сте се разделиле али јебига така требало да биде. Ќе најдеш друга и ќе ја сакаш на друг начин а оваа само у сеќавања.
 
Некој да не има лек за friendzone ? Поточно преведено да те сака како другар, а ти да си заљубен во неа ?
 
Не е баш љубовен проблем, ама би сакал да чујам мислење.

Пред некој ден, на фб ми пиша едно девојче кое не се познаваме лично, ама се имаме некое време во пријатели.

"Обично не пишувам прво на луѓе што не ги познавам, ама мораше да ти го кажам ова....бла бла [рандом комплимент]"

Се заблагодарив. И иако ми делуваше малку арогантно тоа напишаното дека не пишува прва, сепак ја испоштував и фино си се расчетувавме до изгрејсонце(4-5 саати).

Сепак на крајот од разговорот, осетив некој благ цинизам и некако ми побегна на "пола" разговор: "Касно е, скоро па заспав. Лека ноќ".

Ми делуваше како да не е задоволна од текот на разговорот..ама можеби грешам.
Се размислувам сега, дали да повлечам потег, да и пишам, или да баталам работа...?
 
Пиши и'.
Чим она собрала храброст и ти пишала прва, значи сака да комуницира со тебе.
Може ќе испадне нешто од тоа, може не. Ама ништо не губиш ако и' пишеш.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom