Кога веќе се спомнуваат училишта. Ти текнува на prijateli.com.mk? Ко и секој омладинац со потенцијал да манијачи женски на часови, и да собира месенџери така и јас. Имавме еден професор. Ни предаваше два предмети стручни.
И онака, се оптегнав на тоа столицата. Школскиот ме сликаше, и јас сликата на пријатели.
Бев трета средно, значи некаде 2008-ма, мај. И на сликата на пријатели пишав: На час по дигитална електроника.
Другиот ден имавме тест, и ни даваше по три лекции. За првпат во животот ми се погодија сите три. И ме станува на табла за да ги повторам усно. И почнувам сите три лекции течно. И наеднаш ми го врти лап топот, и на него јас оптегнат во кабинетот. И ми вика: Ти никогаш нема да имаш прелазна кај мене. И бам. По двата предмети кецој.
Другарчињата од втора година ми кажаа дека во прва смена ги седнал на компјутери да прат проектна за дигиталната електроника. Пишале на гугл, и јас на првата страна, мојата слика на пријатели. По две недели успеав да ги поправам оценките.
Од три филма што ги симнав, двата ги избришав после 10 минути гледање.
Поздраф до чупето од Агенција за вработување.
![Љубов :love: :love:](/styles/default/xenforo/smilies/inlove.png)