Ауу. Пак за ова.
16 % од гдп-то на Русија доаѓа од нафта и гас. Мраза ми е да ја барам статијата во темата за Украина. Има таму се објаснето.
Немој подобро зошто ќе ве бришам од темава.
Дека Америте се посилни, тоа нема збор. Поентата ми беше дека не се толку силни олигарсите на Русија во однос на Америте. А ми се смачува да ги читам за рускиве олигарси а за западните молчат, набаре ги немаат. А реалноста е сосема поинаква. Далеку е од тоа дека Русија и Путин се заложници на олигархи.
Невозможна е споредбата, затоа што американските корпоративни зачетоци се минимум 100 години пред било кој руски олигарх, а разликата е гигатронска ако е во прашање индустриска технологија, се разбира во корист на САД. Не е чудо што најраспространети се американски економски учења.
Претприемачката култура на САД е кодифицирана во нивните државни зачетоци, трговија, профит, златна треска, робовладеење, комплексна финансиска структура и услуги, ФМЦГ монополи, и така до недоглед.
Земи во предвид дека најголемиот технолошки скок го прават за време на двете светски војни кога ги снабдуваат сите останати со своите суровини, технологии, а никогаш не претпреле ниту 1% од деструкцијата низ која поминал остатокот од светот, нарочито Европа.
Најголемите американски ИТ фирми на денешницата изработувале напредни шпионски машини за Хитлер, додека истовремено ги снабдувале европските сојузници со авиони и тенкови.
Истото се случува и сега, тие живеат од воените профити, заработуваат и истовремено им помагаат на своите потенцијални конкуренти да се самоуништат. Нема подобар бизнис модел.
Ќе им продадат онолку оружје на Украинците колку да водат подолга борба против Русија, ем ќе заработат, ем ќе ги трошат своите непријатели, но никогаш нема да им дадат посупериорно оружје на Украина. Ништо чудно после некоја деценија самите да ја нападнат Украина, па затоа мислат на време што продаваат. Ставаат на власт, менуваат од власт и пак се од почеток.
Русија досега беше спонтанична, неорганизирана, ранлива и многу лесно поткуплива. Изгледа дека тоа се сменило во последниве 15 години и нареднава деценија ќе биде пресудна и за нив и за американците.
За Европа нема подобро од унифицирање на целиот континент и придонесување во надоградбата на модерна Русија, што секако повеќе ќе им се исплати.