Бидејќи добро го совладувам италијанскиот јазик јас редовно го пратам Лацио на
www.cittaceleste.it a има и апликација "lalaziosiamonoi". Се согласувам дека Лотито е непредвидлив, но да не заборавиме дека тој го спаси Лацио од банкрот, го купи со 500 мил. долгови. Оваа година Лацио е многу силна екипа, експертите се импресионирани од тренерот Пиоли и покрај повредите на клучните играчи како Џентилети, Раду, Лулиќ, Андерсон, Кандрева итн. сепак Лацио демонстрираше добра игра. Слаба точка беше одбраната, но со Маурисио(освен оној кикс со Палермо) се стабилизира.
Не верувам дека Лотито ќе продаде оти ја сватил поентата, тој се борел да завземе позиција во футбалската федерација и успеа во тоа, тој е десна рака на Тавекјо кој е претседател на Футбалската Федерација на Италија. Секаде има политика, нели. Затоа сум убеден дека Лацио оваа година ќе го гледаме во ЛШ со што Лотито ќе крка 40 милиони за учеството, затоа Лотито не само што нема да ги продаде ѕвездите туку ќе донесе уште еден топ плејер - напаѓач.
FORZA LAZIO!!!