Убаво те разбрав за фриленс ама само се надоврзав бидејќи се почесто слушам како некој од наши простори почнува да го работи ова.
За адсенс не знам стварно...мислам дека со тој трафик некој што го добива преку адсенс ке спечали x2 со CPA и x3-4 со свој сервис или продукт (зборам за исто ниче со иста конкуренција).
За Фриленс имам другар којшто е страшно добар дизајнер и таму најде некои швајцарци со дискотеки и за нив правеше флаери и слични работи, му излегуваа околу 1000 евра месечно, ама од него се бараше цел ден да е достапен онлајн за во случај нешто итно да им излезе, му беше напорно и се откажа после скоро една година.
За другото, можно е, немам никакво искуство со CPA и не можам да тврдам спротивно. Ако сакаш, можеш да ми пуштиш некои детални информации за тоа во инбокс, доколку имаш некоја корист од тоа нема да ми е проблем да бидам твој реферал. Сајтовите се веќе разработени и имам идеи за уште неколку проекти во блиска иднина.