Да се вратиме малку поназад.
The Velvet Underground and Nico, најсмелиот, скокотлив албум кој излегол во шеесетите години. Приемот на публиката бил катастрофален и уште од почеток музиката им била осудена на пропаст. На албумот му требала цела деценија за да придобие какво такво внимание од критичарите. Денес се смета за еден од највлијателните албуми во музиката. Секако, првичниот неуспех можи да се должи на контроверзните теми и текстови кои биле обработувани во песните. Ова еден мал, добар пример како добрата музика не добивала инстантна популарност. Можеби и вредноста ја достигнувала со текот на годините.
Леснотија и плиткост постоеле и ќе постојат како „двигатели“ на одредени артисти ќе ги наречам, во различни жанрови, само што сега таквата музика се форсира на преден план и на сметка на тоа квалитетни парчиња неможат да испливаат на површина. Времето само си прави „генералки“, плитките хитчиња од минатиот век одамна закоравиле во заборав.
Последниве 20 години немало некои големи жанровски пресврти или нови правци. Верувам на тоа алудира Windfucker, се уште нема нешто култно.
Далеку од тоа дека нема квалитет. Нормално, се ова зависи и од други фактори. Пристапот на слушателот, неговите субјективни критериуми итн.
Интернетот- меч со две оштрици. Може да послужи за истражување и откривање нешто добро ама од друга страна се користи за ширење пропаганда на денешната музичка индустрија, која за главна цел го има зацртано лесниот профит.
Затоа креативноста не може да се пробија.