Деволуција на Музиката

  • Креатор на темата Креатор на темата Windfucker
  • Време на започнување Време на започнување

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Возраст
122
Локација
Wolfpack Reproducing Area
Веб-сајт
dangerousminds.net
Секој оној малку што музиката може ја смета за хоби ќе се согласи дека со почетокот на 80ти музиката почнува да губи од својата вредност.
Во 90тите има неколку светли точки кои и денеска егзистираат, но ретко се најдува парче музика со енергија кое што може да стане култно, барем не можам јас да препознаам.
Зошто од Моцарт, Бетовен, Битлси, Џими Хендрикс, Пинк Флојд, Запа, Боб Дилан и купишта квалитетна музика во 70ти и 80ти музиката се сведе на лесни, ритмички песнички пишувани со елоквенција на таксист што вози трета смена во Чаир?
Истото се однесува и на некое микро ниво кај нас каде што од Леб и Сол, Бадгминтонс, Мизар се сведе музиката на Тајзи, Тамара и Ламбе Алабаковски.

Дали со ерата на интернетот и леснотијата со која што можеме да дојдеме до информациите сега како витален дел од нашето егзистирање покомплексните музички дела нашиот мозок ги отфрла зошто веќе е научен да процесира поинаку?

Дали е ова период како некоја катарза од таа енергија и креативност во 70ти и може да очекуваме по извесно време одново ќе почне да се креира квалитетна музика?

Зошто едноставно музиката деволуира?
 
Музиката никогаш не била подобра.
од Леб и Сол, Бадгминтонс, Мизар се сведе музиката на Тајзи, Тамара и Ламбе Алабаковски.‘ Со глупи споредби можеш само да добиеш глуп заклучок.
 
Ја верувам дека отсекогаш, едноставните мелодии биле полесни за контемплација од страна на секојдневниот слушател. Само тука не би ја насочил дебатата на „комплексност наспроти едноставност.“ Едноставноста во рамките на композицијата, а не текстот има своја лепота. Покомплексно (ко шредовите на Расти Кули) не подразбира и поквалитетно секогаш, првенствено иако сакале или нејќеле, мораме да се сложиме дека квалитетот е субјективна карактеристика и секогаш зависи од критериумите коишто ги поставуваме за тоа што дефинира „квалитетно музичко дело“. Али да не ја разводнуем дебатата, би се сложил со @garthok (без притоа да се сложам со навредата) дека и денес има, само што треба да се побара.

Поради преплавеноста со бендови, музички дела и слично денес, варијациите помеѓу катастрофална музика и „квалитетна“ музика се драстични и ги има во секоја нијанса, сеа можам да ископам „квалитетни“ автори и можам да најдам убер бугарски кичерај.
 
Ја не навредив никој туку постирачот навреди илјадници предобри музичари, али ок е да си хипстер деновиве. Освен ако не е основец тогаш му се простува.
 
Не деволуира туку ти удираш пажња на лошата. Сè уште се прави добра музика ако знаеш како и каде да ја ископаш. По глуп пост немам прочитано.

Ајде јунак тој убав и паметен на мајка тогаш спореди ги најдобрите албуми од 2000 до 2015та, со најдобрите албуми од 1970 до 1985.
Се работи за ист временски период од 15 години.
Еве за да ти олеснам ќе ти дадам некои реномирани музички страници патем мејнстрим, каде што критичари кои значаат нешто дале свое мислење за најдобрите албуми на сите времиња.

http://www.allmusic.com/
http://www.nme.com/
http://www.spin.com/
http://pitchfork.com/
http://www.qthemusic.com/
http://www.rollingstone.com/
http://www.robertchristgau.com/

Еве ти наведи ми некои од твоите релевантни извори каде што се тврди обратното и дека сегашнава музика е поквалитетна.
Инаку ако го следеше малку подфорумов ќе знаеше дека сосема доволно следам музика за да знам каде да побарам нешто квалитетно.

Музиката никогаш не била подобра.
од Леб и Сол, Бадгминтонс, Мизар се сведе музиката на Тајзи, Тамара и Ламбе Алабаковски.‘ Со глупи споредби можеш само да добиеш глуп заклучок.

Ајде вака...Што е најдоброто денес во Македонија според тебе?
Бернис Пропаганда, Темпера, Муген Фугер?

Бендови каде што главните алки им се музичари како Васко, Гино, Сецко кои најдобрите денови им беа баш во 90тите и сега ја црпат таа малку енергија што им преостана за да креираат нешто.

Ајде бујрум кажи два бенда македонски со креативна енергија како оние што ги споменав и нивните фронтмени им се помлади од 25 години?

Сериозно, само тотални аналфабети во музика можат да тврдат дека денешнава музика никогаш не била подобра

Ја верувам дека отсекогаш, едноставните мелодии биле полесни за контемплација од страна на секојдневниот слушател. Само тука не би ја насочил дебатата на „комплексност наспроти едноставност.“ Едноставноста во рамките на композицијата, а не текстот има своја лепота. Покомплексно (ко шредовите на Расти Кули) не подразбира и поквалитетно секогаш, првенствено иако сакале или нејќеле, мораме да се сложиме дека квалитетот е субјективна карактеристика и секогаш зависи од критериумите коишто ги поставуваме за тоа што дефинира „квалитетно музичко дело“. Али да не ја разводнуем дебатата, би се сложил со @garthok (без притоа да се сложам со навредата) дека и денес има, само што треба да се побара.

Поради преплавеноста со бендови, музички дела и слично денес, варијациите помеѓу катастрофална музика и „квалитетна“ музика се драстични и ги има во секоја нијанса, сеа можам да ископам „квалитетни“ автори и можам да најдам убер бугарски кичерај.

Не викам дека покомплексно е поедноставно, ама како луѓето да избегнуваат музика која ќе треба да ги наведе на размислување дали преку текст или преку самите ноти.
Едноставно мнозинството сакаат да конзумираат инстатна музика на денешницава.

Инаку никогаш не било полесно за да се препознае добра музика на денешницава.
Доволно е да се приклучиш со еден линк на подфорумот овде на Кајгана и ќе најдеш доста квалитетни парчиња, преслушаш и дискутираш со луѓе што ја сакаат таа музика колку е квалитетна.
Во времето за да го направиш тоа требаше да испратиш касета по пошта во плико со пари во неа во Нови Сад или Белград кај одредени ликови кои набавуваа музика од Лондон, да ти ја снимаат истата касета со албум кој излегол, да чекаш недела или две и да се молиш да не ти ја укради поштарот за после кога ќе ти стаса писменце дома дека стасало пакетче да се скапиш радување.
Не можам да ти опишам колкава радост беше моментот кога го примаш писменцето од пошта, одиш до пошта со трчање и назад дома за да ја пуштиш касетата и да ја преслушаш.
Па после се организирате неколку души да го слушате заедно албумот, па му го преснимуваш на друг и тој тебе ти дава друг албум итн, итн.

И сега ми кажуваш дека денес е потешко да најдеш добра музика?[DOUBLEPOST=1426334527][/DOUBLEPOST]
Ја не навредив никој туку постирачот навреди илјадници предобри музичари, али ок е да си хипстер деновиве. Освен ако не е основец тогаш му се простува.
Е ајде де наведи ги добрите музичари родени после 1990 на денешницава?
 
Вака ако го земеш содржински, постот е глуп бидејќи е базиран на генерализации, обопштување за тоа што е музиката денес и тристо други ко што сам кажуваш, хипстерски муабети коишто у принцип и ја ги мрзам.
Не е навреда, али „глуп“ е оштар збор и како дисфемизам, „емотивно навредлив“, ако е така сфатен иако може да е конструктивно употребен у принцип, посебно у твојот пост погоре.
Дали ќе кажеш „постот е базиран на погрешни премиси“ или постот „е глуп“, прилично го има истото значење, тука се слагаме :D.
 
Последно уредено од модератор:
Ајде јунак тој убав и паметен на мајка тогаш спореди ги најдобрите албуми од 2000 до 2015та, со најдобрите албуми од 1970 до 1985.
Се работи за ист временски период од 15 години.
Еве за да ти олеснам ќе ти дадам некои реномирани музички страници патем мејнстрим, каде што критичари кои значаат нешто дале свое мислење за најдобрите албуми на сите времиња.

http://www.allmusic.com/
http://www.nme.com/
http://www.spin.com/
http://pitchfork.com/
http://www.qthemusic.com/
http://www.rollingstone.com/
http://www.robertchristgau.com/

Еве ти наведи ми некои од твоите релевантни извори каде што се тврди обратното и дека сегашнава музика е поквалитетна.
Инаку ако го следеше малку подфорумов ќе знаеше дека сосема доволно следам музика за да знам каде да побарам нешто квалитетно.

Ајде вака...Што е најдоброто денес во Македонија според тебе?
Бернис Пропаганда, Темпера, Муген Фугер?

Бендови каде што главните алки им се музичари како Васко, Гино, Сецко кои најдобрите денови им беа баш во 90тите и сега ја црпат таа малку енергија што им преостана за да креираат нешто.

Ајде бујрум кажи два бенда македонски со креативна енергија како оние што ги споменав и нивните фронтмени им се помлади од 25 години?

Сериозно, само тотални аналфабети во музика можат да тврдат дека денешнава музика никогаш не била подобра

Не викам дека покомплексно е поедноставно, ама како луѓето да избегнуваат музика која ќе треба да ги наведе на размислување дали преку текст или преку самите ноти.
Едноставно мнозинството сакаат да конзумираат инстатна музика на денешницава.

Инаку никогаш не било полесно за да се препознае добра музика на денешницава.
Доволно е да се приклучиш со еден линк на подфорумот овде на Кајгана и ќе најдеш доста квалитетни парчиња, преслушаш и дискутираш со луѓе што ја сакаат таа музика колку е квалитетна.
Во времето за да го направиш тоа требаше да испратиш касета по пошта во плико со пари во неа во Нови Сад или Белград кај одредени ликови кои набавуваа музика од Лондон, да ти ја снимаат истата касета со албум кој излегол, да чекаш недела или две и да се молиш да не ти ја укради поштарот за после кога ќе ти стаса писменце дома дека стасало пакетче да се скапиш радување.
Не можам да ти опишам колкава радост беше моментот кога го примаш писменцето од пошта, одиш до пошта со трчање и назад дома за да ја пуштиш касетата и да ја преслушаш.
Па после се организирате неколку души да го слушате заедно албумот, па му го преснимуваш на друг и тој тебе ти дава друг албум итн, итн.

И сега ми кажуваш дека денес е потешко да најдеш добра музика?[DOUBLEPOST=1426334527][/DOUBLEPOST]
Е ајде де наведи ги добрите музичари родени после 1990 на денешницава?
„Во 90тите има неколку светли точки кои и денеска егзистираат, но ретко се најдува парче музика со енергија кое што може да стане култно, барем не можам јас да препознаам.“ Мене оваа реченица ме сецна највеќе, не гледам каква врска има со музичарите родени после '90. А кога сме веќе на тоа прашање ги има, да, посебно во класичната музика и џезот, деца што прејако компонираат али кој слушнал хм?! Не се 'рчкај (лол ова ко децана) со луѓе што стварно цел живот го посветиле на ова поле у секоја смисла и не вади муабети од контекст. Да постот ти е глуп и треба да се чувствуваш глупо.
Али ајде нека продолжиме со дебатата, баш ме интересираат подлабоки анализи како денешната музика смрди, go on
Steven-Wilson-AB-012.jpg
 
До пред 15 години слушањето музика беше настан и целосно искуство. Самото доаѓање до неа, до изворот беше ритуал. Дел од тие настани и ритуали се концерти, живи свирки, изведувања, перформанси, итн.
Тоа секогаш создава огромен креативен притисок врз самите музичари и создавачи на музика. Едноставно немаш толку многу начини и време како да допреш до музикалноста и чувствата на публиката.Тој креативен притисок е главени виновник и за магијата што еден музичар/изведувач ја пренесува на сопствената публика. Преточувањето на темпераментот, талентот е веќе прашање на грамотноста на самиот музичар/изведувач.

На пример, земи го Фреди Меркјури на Вембли 84та. Каков амалгам на емоции, музика, публика, атмосфера има додека Фреди си ја дава музичката душа на толпата, а публиката ја инхалира како кокаин и е желна за повеќе и повеќе.

Денес го нема тој креативен притисок кој создавал емоции со музиката низ вековите. Денес има финансиски притисок.
 
Не би рекол дека има деволуција на музиката. Има деволуција само на популарната музика. И си има многу едноставно објаснување за сето тоа.

Врвот на секоја индустрија се стреми кон максмизација на профит и профитот е главниот нејзин двигател. Исто и музичката. Значи што повеќе свирки и концерти, што поголема промоција, што поголема погодна публика, толку поголем тираж на следниот албум и повеќе пари.

Кој купува денес музика? Сериозно, кога последен пат сте купиле албум или сингл (wtf, нели)? Јас пред година и пол. Скоро сета музика што ја слушам си ја наоѓам на други начини кои ми ги пружа современата технологија. Така, музичарите кои јас т.е. ние ги слушаме и ги сметаме за квалитетни добиваат само делумен фидбек. Оној најмотивирачкиот, материјалниот профит, останува недоволно изразен.

Музика купуваат само оние што имаат фазла пари кои не знаат да користат средства за пиратерија. Темпото на денешната музичка индустрија и популарната музика е диктирано од 14 годишни девојчиња од Америка и западна Европа. Е затоа е тапа.
 
Едни од поголемите кривци за состојбата на музиката, да ја речам популарна, без разлика од кој жанр се медиумите. Нивната поставеност спрема музиката тогаш и денес е различна. И тогаш целта била заработка и сеа е. Арно ама тогаш друго јаче бил пристапот, повеќе се оддавала почит на музиката и професионализамот во истата. Денес, чест на исклучоци, станува збор за шоу бизнис низ кој продаваат брендови. Али ова се случува со популарната музика.

Не можеме генерално да тврдиме дека тогаш музиката била подобра. Тогаш се започнувала таа уметност, тогаш се створиле многу култни правци и култна музика од култни музичари. И сето тоа е за почит. Ама производството на нова и креативна музика и денес постои иако не е кредитирно толку.

Али пак ќе кажам, ако збориме генерално за популарната музичка индустрија денес, со таа тогаш, неспоредливо е.
 
Сеуште има квалитетна музика ако знаеш како да ја најдеш. Едина разлика од 70/80ти до денес е тоа што тогаш популарната музика била добрата музика за разлика од денес.
 
Да, тоа е многу важно да се напомене. Дали зборуваме за квалитетот на поп музиката или квалитетот на сета музика која се твори сега? Неоспорливо, поп музиката е ваљда у глобала посрање денес.
Али генерализација е да кажеме дека музиката во целост е посрање денес.
@Windfucker у право си за тоа дека за да се стигне до музика воопшто, порано беше потешко од сега.
Филтрирање и наоѓање на квалитетна музика и издвојување на истата од неквалитетната од друга страна, денес е потешко пошто имаш поголема варијабилност и поголем избор, тоа ми беше муабетот.
 
Не би рекол дека има деволуција на музиката. Има деволуција само на популарната музика. И си има многу едноставно објаснување за сето тоа.

Врвот на секоја индустрија се стреми кон максмизација на профит и профитот е главниот нејзин двигател. Исто и музичката. Значи што повеќе свирки и концерти, што поголема промоција, што поголема погодна публика, толку поголем тираж на следниот албум и повеќе пари.

Кој купува денес музика? Сериозно, кога последен пат сте купиле албум или сингл (wtf, нели)? Јас пред година и пол. Скоро сета музика што ја слушам си ја наоѓам на други начини кои ми ги пружа современата технологија. Така, музичарите кои јас т.е. ние ги слушаме и ги сметаме за квалитетни добиваат само делумен фидбек. Оној најмотивирачкиот, материјалниот профит, останува недоволно изразен.

Музика купуваат само оние што имаат фазла пари кои не знаат да користат средства за пиратерија. Темпото на денешната музичка индустрија и популарната музика е диктирано од 14 годишни девојчиња од Америка и западна Европа. Е затоа е тапа.
Дискутабилно прашање, гледаш од перспектива на македонец. Си постојат колекционери и фанови...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom