Комунизам VS капитализам - идеолошки осврт

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
За македонците во американската џунгла, сами си знаат колку им е убаво, и дали џунглата не им смета. 90% од нив не можат да си дојдат дома да си ја посетат фамилијата, затоа што се на црно, ама тоа е друга приказна.

А за државите и штитењето на сопствените интереси, и т.н. капитилистички земји си ги штитат интересите исто на толку суров начин како и “комунистичките“ земји.

Последаната реченица за заштитеното право од државата, кој дефинира дали не е експлоатација, дали не е заштитено право? Јас мислам дека е политичка одлука за експлоатација на народот.

Еве јас имам роднини кои се таму веќе 40 години, не се на црно - дошле 3 пати во рок од последниве 25 години и тоа еднаш за погребот на баба ми. За дедо ми не ни дојдоа. Супер живеат таму и не ни сакаат да се декларираат како Македонци. Нивните деца и роднини исто. Сите почнаа од нула таму и сите денес живеат удобен живот.

Колку тоа сурово ги штитат се гледа по пренатрупаноста на пазарот со катаљон брендови. Спореди го процентуално успехот на капиталистички земји со социјалистички. Во кои од нив народот живеел побериќетно, без да биде опресиран од власта?
Спореди ја Австралија и нејзиниот животен стандард со животниот стандард на Сталинистичка Русија.
Индустрискиот развој на Русија единствено му помогна на Сталин, не и на народот.

Ај вака.
Дали човекот има апсолутна слобода што да учи и изучува?
-Да.
Дали човекот има апсолутна слобода да се вработи кај сака?
-Да.

Каде е поголемата слобода? Во можноста провинцијалецот да отиде во Скопје по работа или планската економија која ќе го примора да работи таму кај што живее?
 
И не, линкови кои во името содржат анархија не отварам.

Прпа а, прпа? :D[DOUBLEPOST=1419093038][/DOUBLEPOST]
Човекот ги измислил и тркалото и капитализмот оти имал потреба од нив..

Капитализмот најпотребен им бил на мала шака луѓе, да бидеме реални.
 
Еве ви ја демократијата -

Sokrat-je-predvideo-sve-sto-se-desava-u-Srbiji.jpg
 
Капитализмот претставува уништување на општеството односно тотално уништување на карактерот на човекот.
 
Капитализмот е модерен феудализам, со речиси иста пирамидална структура.
-Газда
-Менаџер,шеф,директор
-Работник
Еве и пример, во фабрика за производство на лим, Газдата нормално го собира профитот од целокупната работа, Менаџерот зима огромна плата (во Македонија и до 2000 евра) а реално не прави ништо, плус има директор на секој сектор, а работник кој работи во погон на услови како за љиљак зима еднав 15000 ден, може ке стигне до 18000 ако фати трета смена неколку дена.
Втора работа ниту еден работник емоционално неможе да се врзе за производот што го произведува, па така неговата продуктивност значително опаѓа.
Трета работа е големото незадоволство на работникот знаејќи ги примањата на претпоставените а знае дека тој ја врши цела работа.
Епа видете сега што е подобро!
ПС: не мешајте капитализам и демократија, тоа го прочитав на некои постови погоре и гледам дека се јавува заблуда!
 
А јас како управител,менаџер или сопственик ако не обезбедам работа и плата ти со рацете во џеб низ погони билјард ќе играш
И мање више трудот секаде слабо се плаќа оти во изобилие го има
 
А јас како управител,менаџер или сопственик ако не обезбедам работа и плата ти со рацете во џеб низ погони билјард ќе играш
И мање више трудот секаде слабо се плаќа оти во изобилие го има

Каде е логикава тука? Секогаш ќе има работа за да можеш да се прехраниш и да си создадеш услови за живот, без разлика на општественото уредување. Значи за работникот ќе има, имал газда, или не. Ти како газда зависиш од работниците, не тие од тебе.
 
Напротив не зависам од работниците,ако на некој нешто не му одговара врата од надвор засекогаш може да затвотри,секогаш има нов што сака да работи
 
Напротив не зависам од работниците,ако на некој нешто не му одговара врата од надвор засекогаш може да затвотри,секогаш има нов што сака да работи

Болдот. А што ако нема? Пропаѓаш! Значи сепак зависиш од работниците.
 
Болдот. А што ако нема? Пропаѓаш! Значи сепак зависиш од работниците.
Затоа ги измислиле автоматизираните машини,цнц,автоматска бризгалка за дувана пластика ..........
 
Напротив не зависам од работниците,ако на некој нешто не му одговара врата од надвор засекогаш може да затвотри,секогаш има нов што сака да работи
Не пријателе од многу лоша страна на работите гледаш. Ако ти немаш квалитетен работник кој си ја знае работата, ти џабе ке правиш договори и ке јадеш ручеци на сметка на фирмата, кога ќе немаш кој да ти ја сработи работата. А верувај ми не е проблем да се биде менаџер, бидејки оние неписмените директори од комунизмот (неписмени според степенот на образование а не според способностите) беа многу поуспешни од денешните такозвани менаџери кои пијат и шетаат на сметка на работникот.
Е сега фрката во капитализмот е тоа што експлоатацијата на работникот се врши на еден софистициран начин, наречен пазар на труд кој не е ништо друго освен илузија дека можеш да ги продадеш своите квалитети. Истото се случува и со производите, а доказ за тоа е преголемата задолженост на сите големи капиталистички економии, за да се покријат неперфекностите на пазарот!
Види ја една Кина која и огромен вишок на работна сила па е економија број 1 во светот, види ја една Куба која пола век живее под директни санкции на САД и види ја една С.Кореја која е тотално изолирана од целиот свет, пак сите имаат за парче леб, за да отидат на одмор и да купат облека и покуќнина!
Илузија е муабетот дека комунизмот ( поточно кажано социјализмот), пропаднал од економски причини. Тој не пропадна од ништо друго сем политика и пропаганда!
 
Напротив не зависам од работниците,ако на некој нешто не му одговара врата од надвор засекогаш може да затвотри,секогаш има нов што сака да работи

Зависиш другар,без работникот ти би бил една голема нула.Добро по тебе е што ова е Македонија,изобилие на невработени и евтина работна сила,ама ќе дојде веројатно крај и на тоа,ништо не е вечно,па ни самоволието на газдите.Ти во глава може ја имаш теоријата како тоа треба да се работи,ама ја немаш праксата во реалност КАКО да ја сработиш.
 
Фала богу 22 години теоријата и праксата успешно функционираат.
А на работникот никогаш неможеш да му удоволиш и никогаш нема да ја сработи работата и нормата колку и да биде платен
 
Ако ти немаш квалитетен работник кој си ја знае работата, ти џабе ке правиш договори и ке јадеш ручеци на сметка на фирмата, кога ќе немаш кој да ти ја сработи работата.
Ако нема кој да ја сработи работата, нема ни ручеци. Чим има ручеци, значи има кој да работи. :D

Во случај да нема кој да работи, ја накачуваш цената за работна рака, со цел да привлечеш кадар кој е квалификуван и добро си ја врши својата работа. Тогаш и работата ќе биде завршена, и работникот задоволен, и поквалитетен ручек ќе имаш.

Види ја една Кина која и огромен вишок на работна сила па е економија број 1 во светот, види ја една Куба која пола век живее под директни санкции на САД и види ја една С.Кореја која е тотално изолирана од целиот свет, пак сите имаат за парче леб, за да отидат на одмор и да купат облека и покуќнина!
Ако Северна Кореја е супер, тогаш зошто сите бегаат во Америка, Германија? Зошто не одат во држави како Северна Кореја или Венецуела? :D

Која е причината што Кина е економија број 1 во светот, знаеш? :D

Зависиш другар,без работникот ти би бил една голема нула.Добро по тебе е што ова е Македонија,изобилие на невработени и евтина работна сила,ама ќе дојде веројатно крај и на тоа,ништо не е вечно,па ни самоволието на газдите.Ти во глава може ја имаш теоријата како тоа треба да се работи,ама ја немаш праксата во реалност КАКО да ја сработиш.
Кога ќе дојде време да нема доволно, односно да се намали понудата на работна сила, тогаш платите ќе почне да се накачуваат, а со тоа и стандардот. Ќе има поголема конкуренција на пазарот, а со тоа поквалитетни производи, повисоки плати, поубав и поквалитетен живот. До тогаш, чорба.

А за ова да се оствари е потребна послободна пазарна економија, помала интервенција на државата во економијата (уствари никаква), пониски даноци, помалку рекет од страна на државата, помалку џаболебари во јавен сектор, кратење непродуктивни државни трошоци, незадолжително плаќање придонеси за пензиско и здравствено и тн. До тогаш, чорба.

When you see that trading is done, not by consent, but by compulsion - When you see that in order to produce, you need to obtain permission from men who produce nothing - When you see that money is flowing to those who deal, not in goods, but in favors - When you see that men get richer by graft and by pull than by work, and your laws don’t protect you against them, but protect them against you - When you see corruption being rewarded and honesty becoming a self-sacrifice - you may know that your society is doomed.

- Ayn Rand
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom