Продавам - Купувам

  • Креатор на темата Креатор на темата [acko]®
  • Време на започнување Време на започнување
Me interesirat kolku bi mozela da go prodadam i bi sakala da bidi vo familija koja ke go cuva dobro.
 
Јас сум заинтересиран,ако може тел број да се договориме?
 
Јас само не знам како можете да си ги продавате милениците.
Кокеркава тебе не би те продала за ништо и за никого.

Не значи дека ако некој плати ќе ја чува добро.
 
Сакам да си купам кученце.
Се размислувам помеѓу овие две раси Чау чау и Шар пеи.
Ве молам доколку познавате некого кој продава да ми пишете во ЛП. Искрено не ми е важно дали поседува педигре, затоа што не планирам да го носам на изложби ниту пак да го размножувам (освен ако ветеринарот не ме посоветува поинаку поради Х причини). Важно е да биде здраво, чистокрвно и да ја има добиено првата вакцина.
Но може и со педигре доколку е до 250еур-300еур. Но под услов да можам да ги видам родителите и околината во која се одгледани. Можеби ќе ви звучам глупаво (незнам) но мене навистина ми значи доколку знам дека сум го земала од вистински љубители на кучиња. Затоа што овие раси до сега ги немам одгледувано, ќе ми биде потребен нивен совет за понатаму.
За оние на кои им значи, кучето ќе го чувам во стан. И ќе биде премногу сакано.
Би ја додала и расата Француски Булдог но знам дека чини повеќе и не верувам дека некој ја чува оваа раса без педигре, ама сепак ја пишав за секој случај.

И уште едно прашање зошто не ми ја отвара страната Купимилениче??? Да не имате некоја информација кога ќе ја пуштат во функција?
 
Здраво,заинтересиран сум да купам ФУРМИНАТОР за куче, односно за Златен ретривер.
Прочитав одлични коментари за истиот, како што гледав треба да е големина Л и за кучиња со долга длака.
Па би сакал да прашам да не има некој на форумов да продава или посоветува од каде да купам... Оригинал !
Бидејки според тоа што го прочитав има и многу плагијати на фурминатор.
Благодарам однапред... ;):)
 
Здраво,заинтересиран сум да купам ФУРМИНАТОР за куче, односно за Златен ретривер.
Прочитав одлични коментари за истиот, како што гледав треба да е големина Л и за кучиња со долга длака.
Па би сакал да прашам да не има некој на форумов да продава или посоветува од каде да купам... Оригинал !
Бидејки според тоа што го прочитав има и многу плагијати на фурминатор.
Благодарам однапред... ;):)
Во Македонија цените се 1200-2000 денари. Мене не ми се плаќаше толку и набавив од Али Експрес L големина за 570 денари. Линкот не го чувам, но видов фурминатори со приближна цена на мојот.
 
Ме интересира дали тој од Алиелспрес добро си ја врши работата?
Тоа реално е супер цена и ако си ја врши работата, вреди да се има.
Е сега проблем голем е што фирмата фурминатор се бори против тие копии и реално по тие кинески страни и слично не може да се најде....
Така да.... Уште сум во потрага по идеално решение за фурминатор, дали оригинал за ок цена или пак копија за 10тина евра...
 
Мојот супер си ја врши работата. Твој е изборот.

Е сега останува уште да успеам да најдам по цена од некој си 10-тина евра и би било се супер.
Бидејќи не минсе плаќа 1200-1500 денари за кинески копии.......
 
Дечки знаете ли некој да продава доберманчиња, не ми е битно дали е машко или женско. Ако имате некој ве молам дајте контакт ептен ми е итно!
 
Дечки знаете ли некој да продава доберманчиња, не ми е битно дали е машко или женско. Ако имате некој ве молам дајте контакт ептен ми е итно!
Имаш ако сакаш бесплатно, се разбира без педигре. Слатката Мила која беше најдена заврзана во вреќа
https://www.facebook.com/media/set/?set=a.916501535067837.1073741973.189976044387060&type=1
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom