Абе ќе влезиме плеј оф не му ја думајте многу
![Намигнување ;) ;)](/styles/default/xenforo/smilies/wink.png)
Ќе ја намести со комшиите Пискачев ќе му дај еден ручек
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Незнам само како заврши мечот од ова коло меѓу Прилет - Охрид ?
Ама и овие прилепчаните се дупни мандала, ни ги замрсват сметките и нас. Некни за нивната утакмица на гостувањето во Радовиш очекував Прилеп да ја добие утакмицата, тоа најмногу ни одговараше нас, Прилеп ќе беше 2 место така, и ќе го остаеше Радовиш под нас со 3 бода помалку, вака уште со Радовиш имаме исто бода по 27 и сме на делба на 4 место, тие кога најмногу требаше губат од нив, ама ќе му кажиме убо, нека се заебават само 1 бод се пред нас, ќе ги поминиме како Шумахер шо ги врвеше болидите во старите времиња
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
Моментално табелата е вака: Струмица 1 место 45 бода, Металург 2 место 30 бода, Прилеп 3 место 28 бода, 4 и 5 место делат Радовиш и Пелистер со по 27 бода, 6 место е или Пролет или Охрид во зависност кој тепа од нивниот дуел, ако тепа Пролет тогаш се тие 6 место со 24 бода, ако тепа Охрид тие се 6ти со 23 бода...
Интересно ќе биди до крај, доколку ние тепаме 1 во гости од Охрид или Прилеп тогаш и теоретски обезбедваме Плеј оф !!!
Има доста многу математика, можно е и со 1 победа дома со Работнички да влезиме но ќе треба да очекуваме резултат од други екипи кои ќе ни одат во прилог или не, ќе имаме многу пот и пресметвања, затоа победа во гости и се е решено
Сега играме кај Охрид, многу многу тешко гостување, се засилија сега за паузата Охрид, добра екипа се, Караиванов го зедоја, плус таму е и дрвото Печенковски
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Го бараја и Милан Левов но мислам дека не потпиша, Колев му е голман, имаат и уште некој играч просечен за наша лига, но не ми текнуваат моментално. Реално гледано на хартија можеби и подобар противник се од нас ! Ништо чудно и да изгубиме, особено како играме на гости, па и домашната утакмица со Јуниор можи да не наполнат охриѓано со 7-8 разлика...
Прилеп игра со Текстилец дома, ќе имаат сигурна победа, Металург јуниорите ги чекаат Струмица, ќе бидат поразени, а Радовиш оди кај Преспа исто така лесно ќе помини и Радовиш, така да Прилеп би имал 31 бод и би одел 2 место, Јуниорите паѓаат 3 место на делба со Радовиш по 30 бода (тука значи очекувам победа на Радовиш во Ресен и пораз на Металург од Зомимак) ние незнам колку бода би имале во зависност од утакмицата, јас мислам ни е пораз, но ќе видиме се е можно во случај на пораз останваме 5 место со 27 бода и конкурентите се одалечват за миг и ни се доближваат Пролет и Охрид!
Во 17 коло, ние играме дома со Работнички, тука очекувам 3 бода најсигурни и подобра игра не резил како со Металург Јуниор. Тогаш Охрид игра дома со Јуниор би требало да победи, Прилеп оди кај Тинекс Пролет, повторно ги клавам како фаворити за победа и ќе видиме дали повторно ќе ме демантираат како шо мислев со Радовиш, се надевам дека овај пат ќе ја погодам прогнозата за нивна победа
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
А Радовиш игра дома со Зомимак, струмичани се најквалитетни од сите од овие екипи моментално, па така мислам ќе тепаат, освен ако не ја наместат за победа на Радовиш и така ДА НЕ ИСФРЛАТ нас од конкуренција за плеј оф, ама си мислам Зомимак сака до крај да заврши без пораз, па така би го добиле мечот. Тогаш би биле Струмица 48, Прилеп 34, Јуниор 30, Пелистер 30, Радовиш 30. Тогаш 3,4,5 место би имале по 30 бода ако се оди според планот.
За во последното 18 коло трката би била неивесна за во плеј оф !
Металург дома игра со Радовиш, меѓусебен дуел, нешто НАЈДОБРО за нас шо би било !!!
Секој исход би бил добар за нас, но со оваа екипа на Јуниор младите клинци ништо не прават, така да според планот Радовиш би ги зел 3те бода..
Пелистер игра во гости кај Прилеп, кој би бил сигурен на 2 место со осигуран плеј оф и ќе ни ја ПУШТАТ утакмицата по комшиска линија
Незнам дали се рачуна гол разлика или меѓусебен во лигата, како шо одат работите според мене Зомимак, Прилеп, Радовиш и Пелистер би оделе плеј оф !
За нас добро е шо Металург Јуниор игра со појаки противници до крај и би ги изгубиле сите утакмици, реално со овие децата шо ги имаат 16,17 години нема да можат нешто повеќе да направат со противниците....
Многу зависи и мечот како заврши Пролет-Охрид, јас Тинекс Пролет посекако ги отпишав од плеј оф
![Зелен :D :D](/styles/default/xenforo/smilies/biggrin.png)
Нека се радват во СЕХА Вардар и Металург кога ќе играат дома со Веспрем, 1 ден пред нивните утакмици тие да изиграат пријателска со ВЕСПРЕМ
![Пукам од смеа! :pos: :pos:](/styles/default/xenforo/emot/pos.gif)
и да се фалат дека играле со врвни играчи во училишната сала на 11 Октомври....
Доколку тепа Пролет на тој меч, ги враќа чекор назад Охрид од плеј оф, а пак ако тепале Охриѓани тогаш и тие се вклучуваат во борба за 4 место....
Зомимак и Прилеп се најсигурни за во плеј оф, за Пелистер сега за сега сигурна победа би имале со Работнички дома, а на гостувањето во Охрид или Прилеп според резултатите ако ни одат во прилог доволен ни е и 1 бод, односно нерешено да изиграме кај некој од двете гостувања па така повторно би избориле пласман ! Комшиите ќе ја пуштат нема кај да ни бегаат
![Маса :masa: :masa:](/styles/default/xenforo/emot/3.gif)
Јас мислам 70% сме во плеј оф, сега другото останва на ракометарите, се надевам нема да изгубат дома од Работнички и да ни ги замрзнат мислите....