Совет за викендица

E

Epsilon

Гостин
која цена се монтажниве ? мислам дека хот-хот беа по 200 евра за квадрат ? другиве како се со цени ?
Hot hot negde 280 evra od kvadrat + DDV. DDV-to ne znam kolku bi bilo, no sigurno bi doshlo negde do kaj 320 euro max, solidna suma!
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.387
Поени од реакции
22.945
дадов пример,јас сум од ново лисиче и у план сме да земеме нов стан,ама пак тука...мада јас не сакам,ама за сетра ми би бил тој,што се мене тиче,јас би го продал овој стан,и би направил убава куќа со голем двор на периферија,ем ќе дишам чист воздух ем по мирно,ем ќе си го остварам сонот за куќа,а и ќе ми останат пари на страна,сигурно.

По која цена се движи таму кај што кажа,чардак-бањани ?

и ќе каже ли некој цена на монтажниве од прилика по колку се движат ? овие хот=хот ми изгледаат по прости,додека другиве што ги поставија,пример гео-инг ми изгледаат ептен модерно и луксузно,тоа значи дека нивната цена е далеку поскапа,или ?
Па ти пишав погоре 15-20, 25 евра највеке зашто не многу актуелно како на пример Волково и Припор (50-100 евра квадрат). А близу е и башка 3 автобуса идат натаму 61,71,и 81 од Транспортен Центар до косовска граница до Блаце.
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
За викендица основна е местоположбата ! НИКОГАШ не се лажи да прави нешто големо од објект ! Од мое искуство викендиците ги користат тие што ги изградиле после нив потоп , така да не се исплаќа улагање во цврста градба и голема квадратура !
Успат Волково и Припор одамна не се места за викендици т.е. никогаш не биле ! Скопска Црна гора е ок и делот покрај Маркова река , потегот од Морани до Зелениково не е баш нешто .
Мој совет : најди убав плац , направи поголема подна плоча , стави на половината од тоа контејнер и направи покрив над целата плоча да добиеш пола затворен простор пола тераса и ПРАВИ СКАРА !
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Ако некој од овие што коментираат фатил тесла во рака барем еднаш во животот, јас го сечам на повеќе парчиња. Куќа карабина се наплатува од 70 до 100 евра квадрат, со тоа што визбата и покривот се наплатуваат по 50%. Ископот кај нас е многу поевтин од некои други држави и заедно со превоз може да се најде и за околу 1000 евра. Ако тој што гради има претстава што сака, па дури и да не знае како, ќе побара помош и цврста градба ќе му биде и поевтина и далеку поквалитетна од монтажна.
Ако сам си ги набавуваш материјалите и најдеш добри мајстори со кои има место за договор, тврдата градба ем ќе биде поефтина, ем во многу погледи подобра од монтажната:)
 
Член од
1 април 2014
Мислења
285
Поени од реакции
186
Бетонската плоча е подолготрајна и според мене во многу погледи подобра од дрвената. Дрвената плоча е поефтина, но што знам. Некако ми е по чудно, пократкотрајно од бетонската, а ако имаш не дај Боже поплава дома замисли што би било од дрвената плоча.
За кров најдобро е дрвена конструкција, надворешно изолирана до водоотпорна хартија/трака, а од внатре топлотна изолација со стаклена волна.
Итонг кров или уште Итонг таваница е кров тврда градба, но сепак лесен...... составен од Итонг монти наредени на бетонски гредички. Итонгот воедно е и изолациски материјал, но затоа е и поскап.



Јас лично би одел на керамида, зошто во многу погледи е подобра од лимот. Долготрајна е, отпорна е на кисели дождови, тава топол и природен изглед, а и не треба многу за неа да се објаснува кога користењето со илјадници години потврдува колку е добра. Лимот е поевтин од керамидата, полесен е и полесно се поставува, ама што знам, кога ќе грми би мислел што и како.

:)


Тешко дека Хот - хот биле 200 евра. Цената речиси на сите монтажни куќи се движи од 280 евра од квадрат, па нагоре:)
која цена се монтажниве ? мислам дека хот-хот беа по 200 евра за квадрат ? другиве како се со цени ?

Хот и Хот 280 е квадрат точно така[DOUBLEPOST=1426060081][/DOUBLEPOST]
Ако идеш на варијанта приземје со кат (спални) размисли добро за надворешни скали. Јасно е дека внатрешни го намалуваат просторот ама земи во предвид дека ќе ги користиш и кога е надвор студено или врне.

Јас би идел со внатрешни, метална конструкција со дрвени степеници, убаво ќе делува и не скапи за изведба.
Одам со надворешни со цел да извадам 2 засебни стана[DOUBLEPOST=1426062333][/DOUBLEPOST]
Ако сам си ги набавуваш материјалите и најдеш добри мајстори со кои има место за договор, тврдата градба ем ќе биде поефтина, ем во многу погледи подобра од монтажната:)
Па така планирам да ти кажам, искрено мајстори ми требаат за карабината, кровот и плочата.... Другото сам ќе го работам со помош на пријатели и роднини, па ќе склепам нешто :)[DOUBLEPOST=1426062598][/DOUBLEPOST]Сеа ме замисли за плочава.... Абе кој не сака бетонска, ама некако гледам да заштедам ....
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.433
Поени од реакции
29.960
Скопска Црна Гора ,15-20 евра квадрат со сите приклучоци и во реон од после надвозникот(обиколница) после гробишта Бутел до село Чардак (8-14 км од центар на Скопје). А уште помирно место после село Чардак накај Бањани каменоломот и манастирот Св. Никита.
СкЦГ не ли е премногу... „мултикултурна„ средината? :cautious:


За викендица основна е местоположбата !
...
Успат Волково и Припор одамна не се места за викендици т.е. никогаш не биле ! Скопска Црна гора е ок и делот покрај Маркова река , потегот од Морани до Зелениково не е баш нешто .
Мој совет : најди убав плац ...
Е ај да го свртиме муабетов и на локации. Дајте предлози за убави локации, ама... еве, да не вртам одокулу - и етничкиот состов на средината да не биде „проблематичен„. Може за повеќе варијанти да зборуваме, ете водовод ако нема но ако има струја во близина... тоа се сеуште интересни можности (за вода може и бунар да се ископа).
На крају краева, ако има заинтересирани зошто да не се собереме повеќемина па поголемо парче земја да го делиме, поевтино ќе дојде.
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.030
Поени од реакции
714
Пред некое време наидов на куќиве од контејнери. Не се лоши, интересни се, само бараат навика. Ко за викендица, сигурно би ги разгледал.

http://kontejneri.mk/
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
9.387
Поени од реакции
22.945
СкЦГ не ли е премногу... „мултикултурна„ средината? :cautious:
E тоа да , 70-80 % се Срби и Црногорци а остатокот се Македонци.
BTW моите ставови за мулти -култи ги знаеш од форумов и мислиш дека со цел памет на такво место ке живеам ;)
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
абе не ти сметаат ништо они,само талибани да нема...

ова контејнериве интересна работа,ама што цена се ? 30 квадрати им се околу 7500 илјади евра така пишуваше...

други места,за викендица,а сепак блиски до Скопје ? со прикладни цени ?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
, Патишка Река
Хот и Хот 280 е квадрат точно така[DOUBLEPOST=1426060081][/DOUBLEPOST]

Одам со надворешни со цел да извадам 2 засебни стана[DOUBLEPOST=1426062333][/DOUBLEPOST]

Па така планирам да ти кажам, искрено мајстори ми требаат за карабината, кровот и плочата.... Другото сам ќе го работам со помош на пријатели и роднини, па ќе склепам нешто :)[DOUBLEPOST=1426062598][/DOUBLEPOST]Сеа ме замисли за плочава.... Абе кој не сака бетонска, ама некако гледам да заштедам ....
Тогаш оди на варијанта плоча со монти или дрвена конструкција/плоча:)

други места,за викендица,а сепак блиски до Скопје ? со прикладни цени ?
Марков Манастир, Добри Дол, Варвара, Говрлево, Патишка Река....:)
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
, Патишка Река
Тогаш оди на варијанта плоча со монти или дрвена конструкција/плоча:)


Марков Манастир, Добри Дол, Варвара, Говрлево, Патишка Река....:)
Патишка река е најдобра ама и најдалеку , Добри дол и не е за викендица а Говрлево , Марков Манастир и Варвара си се ОК , цените за плацеви се нормални како за Мак-прилики , струја има , вода исто ама само за техничка , не се пие , канализација ЈОК .
Има еден проблем ЈАС живеам во Маркова Сушица и ако дојдете овде ке има премногу форумџии на квадратен километар :cautious: !
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Добри дол имам другар кој има викендица во делот што е за тоа,и е ОК место...само не знам по која цена се движи квадрат ? останативе по колку се движат ? маркова сушица прв пат слушам за такво место :D дај пиши нешто повеќе..јас сум сеуште ептен млад,ама имам желба да живеам во куќа,не од оние арнаутски од по 500 квадрати,туку мала,со убав среден двор,на чисто место,не многу далеку од градот но и не преблиску...но сепак со сите потреби задоволени како вода,струја,канализација...веројатно тоа го има во твоето место,штом живееш таму :?
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
СкЦГ не ли е премногу... „мултикултурна„ средината? :cautious:




Е ај да го свртиме муабетов и на локации. Дајте предлози за убави локации, ама... еве, да не вртам одокулу - и етничкиот состов на средината да не биде „проблематичен„. Може за повеќе варијанти да зборуваме, ете водовод ако нема но ако има струја во близина... тоа се сеуште интересни можности (за вода може и бунар да се ископа).
На крају краева, ако има заинтересирани зошто да не се собереме повеќемина па поголемо парче земја да го делиме, поевтино ќе дојде.
На сунгерот му одговорив ама ова прашање заслужува посебен одговор , до мене има плац од околу 2000 м2 цената е околу 20 евра , пат , струја вода има на 3-4 викендички е доста , микроклима подобра од Охритката со гаранција , евтини дрва за огрев , само под услов да не пуштате силна музика кога ке се напиете ;) ! У живо може , певаљки исто ...[DOUBLEPOST=1426092672][/DOUBLEPOST]
Добри дол имам другар кој има викендица во делот што е за тоа,и е ОК место...само не знам по која цена се движи квадрат ? останативе по колку се движат ? маркова сушица прв пат слушам за такво место :D дај пиши нешто повеќе..јас сум сеуште ептен млад,ама имам желба да живеам во куќа,не од оние арнаутски од по 500 квадрати,туку мала,со убав среден двор,на чисто место,не многу далеку од градот но и не преблиску...но сепак со сите потреби задоволени како вода,струја,канализација...веројатно тоа го има во твоето место,штом живееш таму :?
Гуглај бе дете , тоа барем знаеш !
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
изгуглав бе,праисториски човеку,мислев да кажеш ти лично нешто повеќе чим живееш таму !
 
Член од
17 јули 2008
Мислења
1.560
Поени од реакции
1.019
Значи , Маркова сушица или Марков манастир како љубат скопјанишчана да кажат е практички едно те исто ! Се наоѓа на 18 км од центар после Драчево , Батинци и Варвара одејки накај езерото Козјак . Кој вози велосипед знае за тој пат . Цените на плацевите се движат од 15 - 30 + евра квадрат , зависи од местоположбата ! Комуналии 7-10 евра за м2 ( во случај да се решите за цврста градба ).
Покрај Маркова река има малку плацеви ама втор ред сеуште има понешто .
Ова онака за инфо , поконкретно прашајте што ве интересира ако знам ке одговорам !
 

Kajgana Shop

На врв Bottom