Совет за викендица

Член од
1 април 2014
Мислења
285
Поени од реакции
186
Здраво
Мала помош околу следново:
Се мислам да градам викендица 50м2 основа или 30м2 основа со 30м2 поткровје со баџи и надворешна комуникација (скали) максимална искористеност на станбен простор. (доколку некој има искуство разлика во цена помегју двете со оглед на тоа дека комуналиите се 20% за поткровје)
Каква плоча за поткровјето: бетонска или гредоред во смисла долготрајност и цена?
Кров керамида или лим?
Благодарам
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
24 мај 2014
Мислења
5.302
Поени од реакции
5.893
Овде многу често имаш добри идеи за брвнари и размена на информации околу цените и фирмите. Јас сум за брвнар викендица али веројатно и не се така евтини... Иначе сосема ОК е и обична монтажна куќа побитна ми е мене локацијата отколку самата куќа... https://www.facebook.com/pages/BRVNARE-drvene-kuce/461746297228936?fref=ts
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
а некој да каже каде во близина на Скопје има ефтини плацови со сите приклучоци ? јас имам големо место во катланово над патот,ама уште нема приклучок за вода,струја,канализација...некое друго место ?

за подалеку имам викендица,ама не се исплати секој викенд да идеш до таму и назад..
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Јас не би одел на монтажна куќа. Би одел на тврда градба, поточно бетонска скелетна конструкција, ѕидови од шупливи блокови и од надвор стиропор фасада или сендвич ѕид и однадвор малтер фасада. Плочата помеѓу приземјето и поткровјето би одбрал да биде бетонска. Кровната конструкција би ја избрал да биде дрвена, зошто бетонската ем е тешка за самата конструкција, ем не е целосно хоризонтално поставена, со што си ја загрозуваш безбедноста при земјотрес. Исклучок е ако си во план да ставаш бел Итонг кров кој е лесен.
Пластифицираниот лим е поефтин и нешто многу не би го избрал, освен ако сум приморан и тоа ќе биде лим во форма на керамида. Иначе најдобро ти е керамида за покривање на кровот.

Ако се немаш сеуште одлучено како ќе изгледа куќата од надвор, еве ти некој предлог...:)

 
Член од
1 април 2014
Мислења
285
Поени од реакции
186
Оти не разгледаш понуди од готови брвнари или монтажни куќарки?

Еве неколку фирми за тоа?

http://www.geo-ing.com/
http://www.hot-hot.com.mk/
http://marketkonekt.com/makedonija/biznis-uslugi/gradezhnishtvo/brvnara/cb7.htm

http://www.kobil.biz/#!куќи

http://zk.mk/search/?what=монтажни куќи
Па да ти кажам право, се подраспрашав за цени и некако поскапо ми делуваат, бидејќи нудат клуч на рака, а мене ми треба само карабина, а и цврстата градба ми доаѓа како на рати, кога имам пари вложувам и така со поскромниот мој буџет :)
А искрено и некако повеќе сум за цигла, поради векот на траење.
Ако грешам исправи ме.[DOUBLEPOST=1425997575][/DOUBLEPOST]
Јас не би одел на монтажна куќа. Би одел на тврда градба, поточно бетонска скелетна конструкција, ѕидови од шупливи блокови и од надвор стиропор фасада или сендвич ѕид и однадвор малтер фасада. Плочата помеѓу приземјето и поткровјето би одбрал да биде бетонска. Кровната конструкција би ја избрал да биде дрвена, зошто бетонската ем е тешка за самата конструкција, ем не е целосно хоризонтално поставена, со што си ја загрозуваш безбедноста при земјотрес. Исклучок е ако си во план да ставаш бел Итонг кров кој е лесен.
Пластифицираниот лим е поефтин и нешто многу не би го избрал, освен ако сум приморан и тоа ќе биде лим во форма на керамида. Иначе најдобро ти е керамида за покривање на кровот.

Ако се немаш сеуште одлучено како ќе изгледа куќата од надвор, еве ти некој предлог...:)

Истомисленици сме за повеќе од идеите, а се мислам за втора плоча (приземје кон поткровје) од греди бидејќи разбрав дека е далеку поефтина од бетонската. А Итонг кров? Те молам ако сакаш подобјасни ми :(
Некако за лимот ми делува чиста и еднаш за секогаш инсталација (нормално со појачана изолација)? Нема што да паѓа, да влијаат надворешни услови, пукање итн....
 
Последно уредено:
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
која цена се монтажниве ? мислам дека хот-хот беа по 200 евра за квадрат ? другиве како се со цени ?
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.507
Па да ти кажам право, се подраспрашав за цени и некако поскапо ми делуваат, бидејќи нудат клуч на рака, а мене ми треба само карабина, а и цврстата градба ми доаѓа како на рати, кога имам пари вложувам и така со поскромниот мој буџет :)
А искрено и некако повеќе сум за цигла, поради векот на траење.
Ако грешам исправи ме.[DOUBLEPOST=1425997575][/DOUBLEPOST]

Истомисленици сме за повеќе од идеите, а се мислам за втора плоча (приземје кон поткровје) од греди бидејќи разбрав дека е далеку поефтина од бетонската. А Итонг кров? Те молам ако сакаш подобјасни ми :(
Некако за лимот ми делува чиста и еднаш за секогаш инсталација (нормално со појачана изолација)? Нема што да паѓа, да влијаат надворешни услови, пукање итн....
Бетонската плоча е подолготрајна и според мене во многу погледи подобра од дрвената. Дрвената плоча е поефтина, но што знам. Некако ми е по чудно, пократкотрајно од бетонската, а ако имаш не дај Боже поплава дома замисли што би било од дрвената плоча.
За кров најдобро е дрвена конструкција, надворешно изолирана до водоотпорна хартија/трака, а од внатре топлотна изолација со стаклена волна.
Итонг кров или уште Итонг таваница е кров тврда градба, но сепак лесен...... составен од Итонг монти наредени на бетонски гредички. Итонгот воедно е и изолациски материјал, но затоа е и поскап.



Јас лично би одел на керамида, зошто во многу погледи е подобра од лимот. Долготрајна е, отпорна е на кисели дождови, тава топол и природен изглед, а и не треба многу за неа да се објаснува кога користењето со илјадници години потврдува колку е добра. Лимот е поевтин од керамидата, полесен е и полесно се поставува, ама што знам, кога ќе грми би мислел што и како.

:)


која цена се монтажниве ? мислам дека хот-хот беа по 200 евра за квадрат ? другиве како се со цени ?
Тешко дека Хот - хот биле 200 евра. Цената речиси на сите монтажни куќи се движи од 280 евра од квадрат, па нагоре:)
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
епа ете моја грешка,можеби од 300 ми кажале...сепак и 300 евра е далеку поефтино неголи становиве,кој испод 850 евра квадрат нема нигде да најдеш,ни у чаир.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Па да ти кажам право, се подраспрашав за цени и некако поскапо ми делуваат, бидејќи нудат клуч на рака, а мене ми треба само карабина, а и цврстата градба ми доаѓа како на рати, кога имам пари вложувам и така со поскромниот мој буџет :)
А искрено и некако повеќе сум за цигла, поради векот на траење.
Ако грешам исправи ме..
Се распраша колку би те чинела тврда градба кај фирма изведувач за квадрат?
Не верувам дека е помалку од брвнара.
Што се однесува за векот на траење имаат по 30 години гаранција ако не се лажам брвнарите.
Чисто информативно која цена е брвнара кај нас?
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
никогаш нема поефтино да те фати тврда градба од нешто вакво,како хот-хот и сличните.Пошто они ти опремуваат од прозори до кујни(зависи од квадратура) така да јас сметам дека бајаги по исплатливо ти е тоа...на тоа стај и нервози со мајстори ако ја правиш сам тврда градба,па ова нечини,па она нечини...а овие за 30 дена ти дават клуч на рака и не се замараш.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Ако некој од овие што коментираат фатил тесла во рака барем еднаш во животот, јас го сечам на повеќе парчиња. Куќа карабина се наплатува од 70 до 100 евра квадрат, со тоа што визбата и покривот се наплатуваат по 50%. Ископот кај нас е многу поевтин од некои други држави и заедно со превоз може да се најде и за околу 1000 евра. Ако тој што гради има претстава што сака, па дури и да не знае како, ќе побара помош и цврста градба ќе му биде и поевтина и далеку поквалитетна од монтажна.
 

Ska Maniac

Бараба
Член од
2 октомври 2013
Мислења
10.398
Поени од реакции
25.859
а некој да каже каде во близина на Скопје има ефтини плацови со сите приклучоци ? јас имам големо место во катланово над патот,ама уште нема приклучок за вода,струја,канализација...некое друго место ?

за подалеку имам викендица,ама не се исплати секој викенд да идеш до таму и назад..
Скопска Црна Гора ,15-20 евра квадрат со сите приклучоци и во реон од после надвозникот(обиколница) после гробишта Бутел до село Чардак (8-14 км од центар на Скопје). А уште помирно место после село Чардак накај Бањани каменоломот и манастирот Св. Никита.[DOUBLEPOST=1426008000][/DOUBLEPOST]
епа ете моја грешка,можеби од 300 ми кажале...сепак и 300 евра е далеку поефтино неголи становиве,кој испод 850 евра квадрат нема нигде да најдеш,ни у чаир.
Под 850 евра ке најдеш у Чаир. На пример незнам на пазар 3 дали уште го има станот у зградата Веро 55-60 м2 за 28 000 евра.
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.107
Поени од реакции
9.047
Ако идеш на варијанта приземје со кат (спални) размисли добро за надворешни скали. Јасно е дека внатрешни го намалуваат просторот ама земи во предвид дека ќе ги користиш и кога е надвор студено или врне.

Јас би идел со внатрешни, метална конструкција со дрвени степеници, убаво ќе делува и не скапи за изведба.
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
2.706
Поени од реакции
1.619
Скопска Црна Гора ,15-20 евра квадрат со сите приклучоци и во реон од после надвозникот(обиколница) после гробишта Бутел до село Чардак (8-14 км од центар на Скопје). А уште помирно место после село Чардак накај Бањани каменоломот и манастирот Св. Никита.[DOUBLEPOST=1426008000][/DOUBLEPOST]
Под 850 евра ке најдеш у Чаир. На пример незнам на пазар 3 дали уште го има станот у зградата Веро 55-60 м2 за 28 000 евра.
дадов пример,јас сум од ново лисиче и у план сме да земеме нов стан,ама пак тука...мада јас не сакам,ама за сетра ми би бил тој,што се мене тиче,јас би го продал овој стан,и би направил убава куќа со голем двор на периферија,ем ќе дишам чист воздух ем по мирно,ем ќе си го остварам сонот за куќа,а и ќе ми останат пари на страна,сигурно.

По која цена се движи таму кај што кажа,чардак-бањани ?

и ќе каже ли некој цена на монтажниве од прилика по колку се движат ? овие хот=хот ми изгледаат по прости,додека другиве што ги поставија,пример гео-инг ми изгледаат ептен модерно и луксузно,тоа значи дека нивната цена е далеку поскапа,или ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom