Што со плаќањето? Кој би требало да плаќа?

  • Креатор на темата Креатор на темата The`bItCh
  • Време на започнување Време на започнување
Не плаќа пошто е маж. Плаќа пошто сака да те почасти. Нема апсолутно никаква врска со машкоста тоа.
Може и ја сакам да го почастам коа искачаме на прв дејт, али не треба да ми дозволи. Пошо е маж.
 
Значи не е муабетот само за прв дејт. Ти кажав се согласувам со постот што го пиша. Него општо за поната за вркса или гледање зборам.
 
Не плаќа пошто е маж. Плаќа пошто сака да те почасти. Нема апсолутно никаква врска со машкоста тоа.

Плаќа затоа што е маж. И има секаква врска со машкоста.

Во животот на човекот се одвива непрестана борба помеѓу природните инстинкти и важечките нормативни идеологии, како што се равноправноста и феминизмот моментално. Генерално правило е дека колку повеќе човек се однесува спрема природните инстинкти е посреќен, и колку повеќе ја витка кичмата спрема идеологијата е понесреќен. Фројд има посветено цела книга за ова.

Природен инстинкт на мажот е да набавува, да се грижи за. Природен инстинкт на жената е да бара заштита, да биде згрижена. Јас не го измислив ова, природата така го направила. Плаќањето на сметката, исто како еден куп други работи кои ги правиме, се само слика на овие природни инстинкти. Равноправност ниту имало, ниту ќе има. Нити една нормативна идеологија не е посилна од природните инстинкти. Само феминистките и дежурните розефки мислат дека равноправноста ќе дојде со описменувањето и гасификацијата.

Се разбира дека можеш да си ги делиш сметките со девојка ти. Само треба да знаеш дека длабоко во себе, таа те презира за тоа, колку декларативно да тврди дека тоа е во ред. Не зборувам за тебе лично, зборувам за сите машки феминистки на темата. Можете и миењето на садови да го поделите. И варењето кафе, еден ден таа, еден ден ти. Секакви карикатури од врска можат да се направат, но на крајот од денот ќе бидат токму тоа, карикатури.
 
Последно уредено:
Ако ги тргнеме наастрана тинејџерските врски, новите врски во кои треба да се докажуваш, дали не е нормално во брак, ако мажот има повеќе слободно време, ако жената работи повеќе саати или во некои други ситуации, да земе малце да помогне, дали во миење садови, во правење ручек или нешто слично, тоа ли ја правио таа врска/брак карикатура?

Може е до мене, ама ни јас не би можел да бидам со жена на која врвот на достигнување и е кујната и гледањето турски серии на тв.
 
36 страни за кој да плати кафето. :pos:

Момите треба да знаат дека со инсистирањето на плаќање од страна на машкото , уствари покажуваат заинтересираност за нив. Јебем ти машкото ако на прв дејт вади дигитрон да смета кој колку треба да плати , сум бил сведок на еден куп вакви случаеви и богами туѓ срам ме јаде. :facepalm:

Ај да биде веќе некоја долга врска , па да се наоѓа некоја компензација. Али од почетокот должност е на машкото да плаќа и по кафичи , и по ресторанти , па и некој викенд некаде на страна ако падне уште послатко. :P
 
Затоа треба да се разграничи за какви излегувања се работи, и јас се сложувам дека е срамота на први состаноци, во прво време у врската машкото да цепидлачи за плаќање и да изиграва економист.

Но во повеќегодишна врска тоа станува излишно, ќе платам ако сакам, ако ми е ќеиф за нешто, нема да ми пречи и женската да ми плати ако и неа и е ќеиф заради некоја причина. Во долга врска, во брак да важи некое правило дека мажот мора да плати, тоа е веќе тешка глупост.
 
Плаќа затоа што е маж. И има секаква врска со машкоста.

Во животот на човекот се одвива непрестана борба помеѓу природните инстинкти и важечките нормативни идеологии, како што се равноправноста и феминизмот моментално. Генерално правило е дека колку повеќе човек се однесува спрема природните инстинкти е посреќен, и колку повеќе ја витка кичмата спрема идеологијата е понесреќен. Фројд има посветено цела книга за ова.

Природен инстинкт на мажот е да набавува, да се грижи за. Природен инстинкт на жената е да бара заштита, да биде згрижена. Јас не го измислив ова, природата така го направила. Плаќањето на сметката, исто како еден куп други работи кои ги правиме, се само слика на овие природни инстинкти. Равноправност ниту имало, ниту ќе има. Нити една нормативна идеологија не е посилна од природните инстинкти. Само феминистките и дежурните розефки мислат дека равноправноста ќе дојде со описменувањето и гасификацијата.

Се разбира дека можеш да си ги делиш сметките со девојка ти. Само треба да знаеш дека длабоко во себе, таа те презира за тоа, колку декларативно да тврди дека тоа е во ред. Не зборувам за тебе лично, зборувам за сите машки феминистки на темата. Можете и миењето на садови да го поделите. И варењето кафе, еден ден таа, еден ден ти. Секакви карикатури од врска можат да се направат, но на крајот од денот ќе бидат токму тоа, карикатури.

Sorry Ставро не си прав - ако ти имаш примања од 20к а жена ти има плата од 80к рецимо, ти со твоите пари ќе плаќаш све а она да си ја штеди платата пошо нели жена е ?

Ноп, постои компромис ....
 
Ако парите му се цело време од мама и тато кај му е тука машкоста?

Oва све ќе беше во ред....ако сеуште живеевме во камена доба и се водевме само по животински инстикти...
 
Jас имав 5 години врска со девојка која беше од едно од најбогатите семејства од мојот град, па не дозволував таа да плаќа сметки. Многу е просто ова, ама еден ден ќе те удри по носот, и нема да разбереш што се случува.[DOUBLEPOST=1425737458][/DOUBLEPOST]
Ако ги тргнеме наастрана тинејџерските врски, новите врски во кои треба да се докажуваш, дали не е нормално во брак, ако мажот има повеќе слободно време, ако жената работи повеќе саати или во некои други ситуации, да земе малце да помогне, дали во миење садови, во правење ручек или нешто слично, тоа ли ја правио таа врска/брак карикатура?

Срце тоа. Душичка.[DOUBLEPOST=1425737717][/DOUBLEPOST]
Ако парите му се цело време од мама и тато кај му е тука машкоста?

Oва све ќе беше во ред....ако сеуште живеевме во камена доба и се водевме само по животински инстикти...

Јас не реков дека плаќањето на сметките е едниствениот план на кој се реализира нечија машкост. Жените имаат детектор за такви работи, по неколку излегувања веднаш знаат со кого си имаат работа. Затоа постојат многу разгалени дечиња на кои девојките или жените им се рекреираат на страна, плаќале сметки или не. Тоа е веќе друга тема. Ама има и многу парови базирани на равноправнист на кои жените им го прават истото.

Мислиш дека во областа на меѓучовечките односи сме излегле од камено доба? :icon_lol:

Само погледни со каков презир се однесува здрав човек спрема инвалид, па ќе видиш дека не сме многу далеку од времињата кога инвалидите ги убиваа.
 
Последно уредено:
За ова може некој да се кара и расправа на почеток на врска. Кој да го плател кафето/излегувањето, јаката работа.

Јас више не се замарам, нити се расправам со мојот за ова. Зашто сум пробала јас да платам на почеток, и тоа ми успеало еднаш во 10 случаи, кога ептен сум инсистирала, т.е 10 минути ако се натегам и му прекурчело прво нему. Тоа ме нервира, па затоа ако сака да ми плаќа кафе, нека ми плаќа, не планирам да си трошам време и енергија во тоа да го убедувам поинаку.
 
Ако парите му се цело време од мама и тато кај му е тука машкоста?

Oва све ќе беше во ред....ако сеуште живеевме во камена доба и се водевме само по животински инстикти...
Е тука доаѓа оноа моето погоре што го спомнав.
Коа си млад/студент донекаде и ќе прогуташ мама/тато да ти дадат да почастиш цура, но после тоа итекако ќе те мава у психа дека не си напраил буквално ништо со животот и ќе се осеќаш мизерно и бескорисно.
И вака еве прашање (може и општо за сите што контрате), као се осеќаш кога цура ќе те части? Не зборам еднаш у 50 излегувања, зборам на секое трето--четврто? Не мора да е често.
 
За ова може некој да се кара и расправа на почеток на врска. Кој да го плател кафето/излегувањето, јаката работа.

Јас више не се замарам, нити се расправам со мојот за ова. Зашто сум пробала јас да платам на почеток, и тоа ми успеало еднаш во 10 случаи, кога ептен сум инсистирала, т.е 10 минути ако се натегам и му прекурчело прво нему. Тоа ме нервира, па затоа ако сака да ми плаќа кафе, нека ми плаќа, не планирам да си трошам време и енергија во тоа да го убедувам поинаку.

Roma locuta est, causa finita est.
 
Е тука доаѓа оноа моето погоре што го спомнав.
Коа си млад/студент донекаде и ќе прогуташ мама/тато да ти дадат да почастиш цура, но после тоа итекако ќе те мава у психа дека не си напраил буквално ништо со животот и ќе се осеќаш мизерно и бескорисно.
И вака еве прашање (може и општо за сите што контрате), као се осеќаш кога цура ќе те части? Не зборам еднаш у 50 излегувања, зборам на секое трето--четврто? Не мора да е често.
Значи можам ти кажам за мене лично...не на секое 3-4 ама на пример 1 во 10 искачања ако инсистира да ме части и е желба голема ќе и дозволам...ако гледам дека ја прави среќна тоа сосема во ред се чуствувам...не ми претставува проблем воопшто ниту па ќе се осеќам помалце маж ако се деси тоа....
 
Sorry Ставро не си прав - ако ти имаш примања од 20к а жена ти има плата од 80к рецимо, ти со твоите пари ќе плаќаш све а она да си ја штеди платата пошо нели жена е ?

Јас некоја со 80к плата би ја шетал и на Ибица на моја сметка. Долгорочна инвестиција братко , па и жена ако ти стане еден ден мх мх. :icon_mrgr:
 
Некои спомнале нешто во стил дека мажот би требало да се чувствува мизерно доколку дозволи жената да плати, нели сте помислиле дека можеби и жената се чувствува исто?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom