Плаќа затоа што е маж. И има секаква врска со машкоста.
Во животот на човекот се одвива непрестана борба помеѓу природните инстинкти и важечките нормативни идеологии, како што се равноправноста и феминизмот моментално. Генерално правило е дека колку повеќе човек се однесува спрема природните инстинкти е посреќен, и колку повеќе ја витка кичмата спрема идеологијата е понесреќен. Фројд има посветено цела книга за ова.
Природен инстинкт на мажот е да набавува, да се грижи за. Природен инстинкт на жената е да бара заштита, да биде згрижена. Јас не го измислив ова, природата така го направила. Плаќањето на сметката, исто како еден куп други работи кои ги правиме, се само слика на овие природни инстинкти. Равноправност ниту имало, ниту ќе има. Нити една нормативна идеологија не е посилна од природните инстинкти. Само феминистките и дежурните розефки мислат дека равноправноста ќе дојде со описменувањето и гасификацијата.
Се разбира дека можеш да си ги делиш сметките со девојка ти. Само треба да знаеш дека длабоко во себе, таа те презира за тоа, колку декларативно да тврди дека тоа е во ред. Не зборувам за тебе лично, зборувам за сите машки феминистки на темата. Можете и миењето на садови да го поделите. И варењето кафе, еден ден таа, еден ден ти. Секакви карикатури од врска можат да се направат, но на крајот од денот ќе бидат токму тоа, карикатури.