Не си ме разбрал. Веселба не е исто што и Слава. И Славата во никој случај не може да се слави како да е баханалија, туку само онака како доликува на еден христијанин.
Дали знаеш што претставува самиот чин на крштевањето и самиот чин на склучување брак во црквата? Ако мислиш дека тоа е небитно, не си принуден да викаш свештеник ни за крштевка, ни за венчавка. Едноставно, склучи си брак во матично и запиши го името на детето во матично. Зошто да даваш пари на попови кога истите тие пари можеш да ги дадеш на ресторанот во кој ќе ги организираш веселбите? Покани стотици гости, од кои најголем дел после неколку дена ќе заборават дека воопшто постоиш и кога ќе бидеш на зорт (било да ти се потребни пари, лекови или некаква услуга), некои ќе се направат дека не те познаваат, а некои само ќе те тапкаат по рамо, ќе ти ветуваат кули и градови, а во реалноста нема да мрднат ни со малиот прст за да ти помогнат.