Црвен телефон во вестите на Телма

Член од
20 јануари 2008
Мислења
469
Поени од реакции
462
Малку необичен, ама директен начин да пратат некоја порака, изгледа ги имаме надминато сите степени на суптилно и дипломатско спротивставување.
Според мене со пораката се спротивставуваат кон притисоци и нарачки во однос на уредувачката политика во нивните информативни емисии.


:bravobe:
 
Член од
15 август 2009
Мислења
2.023
Поени од реакции
4.874
Ептен браво на храброста. Посакувам повеќе медиуми да го следат нивниот пример, ама покрај непримање порачки од власта да не примаат ниту порачки од опозицијата. Замислете да имавме медиуми кои се критички настроени кон сите. И онака да ги викаат политичарите и експертите во емисии каде што нема да знаат што ќе бидат прашани и нема да бидат штедени. Па да се потат како свињи и да ги видиме во вистинско светло. Или да се појави вистинско истражувачко новинарство каде што една сторија може да направи херој или да бутне миниситри и влади. Него ја ептен се заиграв со желбиве. Сега за сега задоволна сум и со овој симболичен гест.
 

Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.893
Поени од реакции
44.798
Малку необичен, ама директен начин да пратат некоја порака, изгледа ги имаме надминато сите степени на суптилно и дипломатско спротивставување.
Според мене со пораката се спротивставуваат кон притисоци и нарачки во однос на уредувачката политика во нивните информативни емисии.
Tоа и е, нејзиниве прашања од видеово подоле на Телма не беа пуштени туку беа пуштени само одговорите ...


Последното прашање .... :pos::pos::pos:
 
Член од
24 април 2010
Мислења
1.251
Поени од реакции
1.756
Женски со мадиња поголеми од моите. Браос секоја чест :cuc::zver:
 
Член од
20 јануари 2008
Мислења
469
Поени од реакции
462
Tоа и е, нејзиниве прашања од видеово подоле на Телма не беа пуштени туку беа пуштени само одговорите ...


Последното прашање .... :pos::pos::pos:
Мислам дека исправно што не ги пуштиле во вестите, иако првите прашања се многу храбри и се на место, сепак мислам дека последното е многу експлицитно. :pos:
 
Последно уредено:

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.395
Поени од реакции
86.799
Сите знаеме дека Телма е телевизија која е наклонета кон моменталната опозиција, но и покрај тоа нивната известувачка политика е сеуште на високо ниво.... ако ги споредиме вестите на Телма со оние на Сител (Читај: Латас) и Канал 5 кои се директно земени од партиски штаб тогаш разликата е небо и земја.
Ми се допаѓа идеава со телефонов, а и сигурно се под постојан притисок чим решиле да направат ваков чекор.

Тешко е денес во земјава да си медиум кој одстапува од брањата на моменталната власт, се надевам дека ќе издржат во борбата, дека сепак Телма е еден од последните телевизиски куќи кои сеуште ја водат својата програма професионално, без никакви Шоуа и Турско-Индиски серии пропратени со документарни за ВМРО се со цел да се испере мозокот на Македонецот.
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.626
Поени од реакции
31.828
Отсекогаш знаев дека во песнава има нешто визионерско, авангардно.

 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.155
Поени од реакции
18.183
Кајгана директоре, да не доби некој повик? :D

Телма :aplauz:
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Во Македонија не може да не ти е забавно :D
Не е забавно, ТРАГИЧНО Е. И овцата кога ја стрижат и молзат можеби се забавува, но на крајот на денот сепак е само истрижена ОВЦА.

Црвениот телефон не е само симбол, туку последен повик за помош на давеник. Македонското новинарство одамна го достигна дното.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
И уредникот од Телма телевизија е предмет на рафални напади од СДСМ по интервјуто кое Заев го имаше на оваа телевизија и кое јавноста го оцени како катаклизмично за неговата политичка кариера.

Во ова интервју Заев комплетно се “закопа“ во правната постапка потврдувајќи ги сите основи на сомнение за кои е осомничен од институциите, како што се признанието за блиската соработка со Верушевски во обезбедувањето на креираните материјали, плаќањето на Верушевски за неговите услуги, одработувањето за странските интереси и уцените и заканите кои Заев ги правел кон премиерот Груевски со креираните материјали.

Заев покрај од правен, во ова интервју се “закопа“ и од политички аспекти, потврдувајќи уште неколку пати дека лажел во изминатиот период за многу работи и дека заедно со Верушевски станале директна алатка на странските служби за наштетување на Македонија.

За СДСМ повторно Заев не е крив што самиот се разобличи, туку изгледа повторно крив ќе биде новинарот од телевизијата Телма која тие ја сметаат за своја. Прегледај го приврзокот 115672
Ти давет по некоја коцка од чоколадото, или на леб си само?
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
И уредникот од Телма телевизија е предмет на рафални напади од СДСМ по интервјуто кое Заев го имаше на оваа телевизија и кое јавноста го оцени како катаклизмично за неговата политичка кариера.
Во тоа не претворија овие години ако го плукаш царов онда си комуњар. Нели гледаш сега Телма не е реална туку „наклонета“. Перцепцијата за реалност низ прозор избегала. Едноставно се функционира на два табора, ако не си од кај психопативе тогаш мора да си зелкар. А кој нормален има убав збор да каже за се што се дешава па Телма мора да каже нешто позитивно.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom