Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Сега веќе знаеме што е водење буџет, дали и ти научи.

Долговите ќе се зголемат во иднина, пошто ако сега сме задолжени за чоколада, утре некој ќе треба да не задолжи за леб, а имаме потреба од многу леб.
Знаеме де. Гледаш како и кога си под притисок, наоѓаш издувен вентил, а не кратиш плати и пензии? Тоа викам, не е проста математика. Утре, задутре, дефинирај бројка кога ќе биде тоа, па ќе почекаме.
 
Пред некој ден се фалеа дека вратиле кредит, а денеска зедоја нов.:gjavol:
 
Преку продажба на едногодишни обврзници, денеска Владата се задолжи кај домашните кредитори со нови 21 милион евра. Ова задолжување не беше најавено во календарот за аукции на државни хартии од вредност на Министерството за финансии.

Новото задолжување е во пресрет на утрешното раздолжување, кога Владата треба да врати речиси 45 милиони евра.
По завршувањето на минатата календарска година, вкупниот јавен долг на Македонија изнесуваше 3,9 милијарди евра или 45,8% од бруто домашниот производ.
--------------------
Денес се задолжуваш со 21 за утре да вратиш 45. Завчера си вратил 190. Наградно прашање, за колку ти се зголемил долгот?
 
За 2,36 милјарди евра.

2008: 1,558 милјарди евра
2014: 3,921 милјарди евра

За 393 милиони евра годишно.

Односно од 23% на БДПто во 2008ма , на 45,8% во 2014та.

Ако и во следните 6 години се задолжиме исто (а ќе мора, пошто цревата се гладни, администрацијата чека плати, пензионерите чекаат зголемени пензии, селата канализации, пациентите болници, градовите патишта, студентите студентски домови, војниците чизми и ќебиња, претседателот блиндиран мерцедес...) , тогаш стварно ќе биде многу тешко.

Зошто ти мислиш дека со јавниот долг сме добро, и особено што мислиш за во иднина, до кај ќе стигне долгот.
 
Затоа што проблемот со огромен јавен долг го имаат многу држави. И кога тогаш ќе пукне. Не може да ги остават сите да фалираат една по една. Ќе мора да најдат решение.

А Шпанија, Италија и Грција ќе фалираат пред нас. Значи решението ќе го најдат пред ние воопшто да стигнеме во опасност за банкрот. И тоа решение ќе важи за сите. Па тие што воделе рестриктивна буџетска политика ќе излезат идиоти кои секако ќе го јадат стапот, а не добиле ништо предходно. Затоа и држави што имаат исклучително низок јавен долг, како Бугарија, гледаат да се задолжат периодов. Само ние најпаметни ќе сме штеделе затоа што така пишувало во учебник. :D
 
Последно уредено:

Ти другар живееш во заблуда, т.е се разбираш од економија ама сакаш да мамиш копиљи ко мене овде дека се е во ред пошо не сме банкротирале, а некои со години лажеле дека сме биле близу пошо сакале да го заебат на паторот.

Реално ако праиме муабет, една држава тешко дека може да банкротира, онака, да останит без пари, мојме да си тераме со задолжувања уште 100 години, но се повеќе луѓе ќе осиромашуваат, на крај ќе останит Ж и тие околу него со куп пари, ќе славит 90 години со месо од слон и лаФ, исто како идолот негов Мугабе.

А за банкрот, далеку сме од него, државата може да се одржува и на апарати за дишење, ама како ќе живее народот е друго прашање.
Ние знаеме како живееме додека во Скопје градат фасади и лаФови македонски за пред камера да ги мамат тие што не избегале од источна и западна Македонија. ;)
 
Види, јас никогаш немам речено дека народот во Македонија живее убаво. Ама тоа е друга, многу потешка тема. И не гледам дека некој сака да ја отвори, бидејќи истиот народ нема да го прифати решението. Ставрески ќе си прави муабет со Гордана, ама нема да го повтори во јавност.

Лавовите и фасадите се многу небитен дел. Нека се и 400 милиони евра за нив (а не се), од сигурно над 30 милијарди евра потрошени во последниве 20 години. Македонскиот (ама за наша среќа и многу други) буџет е карикатура од буџет. 70% од парите одат на плати, пензии, социјални трошоци и крпење на фондови. Ако не е дефицитот и задолжувањето, таа бројка ќе стигне до 80% сигурно, бидејќи и приходите ќе се забават.

Ама повторно, среќа тој проблем што не е само наш. Мора да има глобално решение за таа состојба инаку ќе се случуваат протести и Сиризи ќе идат на власт насекаде.
 
Значи ние сега во моментов одиме по стапките на Грција, Шпанија, Португалија, а не на Германија ?!?
 
Една држава да банкнотира е речиси невозможно затоа што постојат два механизми кои и гарантираат на државата дека нема да остане без пари. Првиот е оданочувањето, а вториот е печатењето на пари.
Секој од тие два механизми ако се употребуваат без контрола и прекумерно може да предизвика катастрофални економско-социјални последици меѓутоа државата ќе продолжи да си функционира.
Просто кажано, народот ќе ги врати кредитие на крајот. Ќе му се истенчи и тоа малку кожа што му остана.
 
Така е. Тоа е глобалното решение што го гледаме сега во Грција.

Сириза, не Сириза, нема друго чаре ќе си ги вратиш долговите, како попче.
А гледаме дека другото решение за Грција, за излез од еврозоната, нуту Сириза не е будала да го прифати.

А ние капак на се, не сме ниту во ЕУ, ниту во еврозоната, па нашето 'глобално' решение ќе биде најверојато пример во светот на економијата :)
 
Ние во моментов сме како Грција, Шпанија и Португалија пред 15-20 години, а многу држави од опкружувањево се како нив пред 10. Ако одиме по стапките на Германија ќе станеме како жабата што видела како се потковува коњ, па и таа ја дигнала ногата.
Така е. Тоа е глобалното решение што го гледаме сега во Грција.

Сириза, не Сириза, нема друго чаре ќе си ги вратиш долговите, како попче.
А гледаме дека другото решение за Грција, за излез од еврозоната, нуту Сириза не е будала да го прифати.

А ние капак на се, не сме ниту во ЕУ, ниту во еврозоната, па нашето 'глобално' решение ќе биде најверојато пример во светот на економијата :)
Грција моментално ја силува Германија. Ако ова што го гледаме во Грција е глобално решение, тогаш кога ќе стигне Португалија на ред, ќе треба Германците да работат до 90 години. Кога ќе дојде Шпанија ќе треба да донесат закон да мора да живеат 150 и да работат 120.

Мајката им ја ебаа од уцени и црпење пари, си ги враќале како попче. :D
 
Со денарот колку толку има некоја независност привидна, добро е што не сме во еврозоната.
 
Последно уредено:
Една држава да банкнотира е речиси невозможно затоа што постојат два механизми кои и гарантираат на државата дека нема да остане без пари. Првиот е оданочувањето, а вториот е печатењето на пари.
Секој од тие два механизми ако се употребуваат без контрола и прекумерно може да предизвика катастрофални економско-социјални последици меѓутоа државата ќе продолжи да си функционира.
Просто кажано, народот ќе ги врати кредитие на крајот. Ќе му се истенчи и тоа малку кожа што му остана.
Може, може, кога ќе снема народ во државата се може да снема.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom