Cruise
Ja sam taj iz Cadjavice
Претпоставувам дека биопсија и правеле?
Резултатите нема да бидат брзо, скоро никогаш не се - дали е тоа оправдано или не - не знам, зошто не знам каква е процедурата, во однос на тоа колку физички е потребно време за да се добие наодот.
Што се однесува до односот на докторите, нас како пациенти секогаш ќе ни биде потребно максимално внимание - од искуство ти кажувам, секогаш кога ќе одиш на некој специјалистички преглед (било за заб, колено или бубрег) од дома размисли кои ти се симптомите.
Ако докторот тргне се живо да ти испитува, прво ќе потрошиш премногу време, а второ ќе потрошиш премногу пари.
Лесно е ајт на MRI и на здравје, ама работата е што ако ти имаш мака, а не знаеш како да ја објасниш, тешко дека брзо ќе ти ја откријат точната дијагноза.
Условите, не се за коментирање...
Не биопсија,туку миом отстрануваа..И како што разбрав делот т.е миомот го праќаат во Скопје на анализа да се види дали е бенинген,или малиген..Рече докторот резултати после 20 дена,еве минат скоро 50 дена,уште абер нема..Треба и мајка ми да ја слушне не викам не да ја праша прво нејзе,ама треба да ВИДИ доле како е,може се формира нов миом,може има рана со гној,немора да значи дека ако ти тече крв и тогаш да отидеш..Подобро да се спречи отколку да се лечи нели..У осталом тоа им е работа на докторите..Не му е работа да пие коњаци и виски на работа оти некој богат татко части за своето новородено дете.