D
Daedalus
Гостин
Или уште подобро... Ако свеста е поим кој опфаќа множество од одредени мисловни процеси, тогаш не забележувам проблем.1. Сто пати е дискутирано ова. Самата формулација ум тело ПРОБЛЕМ, покажува дека има некој проблем. Материјалниот монизам не може да одговори на прашањето на природата на свеста, освен со моронската констатација дека свеста не постои.
Вакви заебанции. честопати искачаат ради семантика. Затоа, јасното дефинирање на свеста според нејзината форма/функција, е круцијално, колку е да се тупи околу прецизните дефиниции.
Според класичната дефиниција, свеста претставува сознание за околината надвор од „себе“ и тоа што се случува „во себе“ (своите мисловни процеси).
Како ваква, свеста не е некомплементарна на материјалниот монизам. Сите компоненти кои постојат во дефиницијата за свест можат да бидат претставени по пат на „мисловни процеси“, онака материјално.
Различни дроги ја менуваат „свеста“ и состојбата на „искусување на реалноста“, а притоа се посочени многубројни каузативни механизми со кои е јасно прикажано дека материјални биохемиски промени резултираат со промена на свеста, што секако доведува до двете можности, дека станува збор за еквиваленти (моето) или каузација (твоето). Но, земено дека со тоа што знаеме за физиката денес, на материјата влијае енергија/материја и време, дури и филозофски, доколку природата на свеста не беше материјална, дрогите и сличните „материјални“ супстанции, немаше да можат да влијаат на истата, така? Истиот аргумент се воведува и во тело/дух дебатата.
Све ова во полза на монизмот.
Го знам зомби аргументот и е често споменувана логичка грешка.3. Затоа што не е еквивалентна. Мозочните процеси се едно, свеста е друго. Сега МОРАМ да ти напишам да го прочиташ зомби аргументот на Чалмерс. Ние можеме без проблем да замислиме човек потполно еднаков на тебе, кој реагира исто како тебе како последица на мозочните процеси, но кои не поседува никакво свесно искуство. На пример, ја трга раката кога ќе се изгори, но нема свесно искуство дека се изгорел.
Поставен е со погрешни премиси. Ако премисите се точни, би бил точен, ама не се.
Дали може да постои таков свет со зомбиња кои се однесуваат како да се свесни, а не се и дали свеста како феномен е еквивалентна со свеста во мисловниот експеримент, се двата проблема кои искрснуваат.
Станува збор за мисловен експеримент со дефинирани правила кои не се такви во реалниот свет.
Идејата со зомбињата започнува со премисата дека постојат луѓе со свест и зомбиња кои може да имитираат свест, а не се свесни.
Притоа, овој логичен проблем и како таков го повлекува прашањето, дали свеста е соодветно дефинирана во мисловниот експеримент?
Ќе ја земам горе прифатената дефиниција за свест.
„Свеста претставува сознание за околината надвор од „себе“ и тоа што се случува „во себе“ (своите мисловни процеси). “
Ако ова сознание за тоа што е надвор од тебе и во тебе е резултат на феномен свест, одделен од материјата, ондак мисловниот експеримент е метафизички возможен и доведува до неминовен заклучок дека ја и зомбито не сме исти.
Али, ако ова сознание за тоа што е надвор во тебе и во тебе е исто што и мозочните активности (ние го дефинираме како свест), ондак зомбињата дефакто се свесни и осеќаат болка.
Ако филозофското зомби е комплетна физичка копија на мене, ондак Е СВЕСНО и осеќа болка како мене, земено дека свеста е исто што и мисловните процеси.
Муабетов тука е следен. Експериментот ја поставува премисата дека зомбито е комплетно исто како мене физички, а не осеќа болка како мене, само глуми и нормално дека нешто не праи различни. Нормално дека мора да има некој фактор во равенката, фактор свест.
Но, комплетна физичка копија на мене, според монизмот, ќе чувствува болка, нема да биде филозофско зомби.
Земи го ова вака...
Ќе ти дадам аналоген пример како тој со зомбињата за да ти покажам како низ премисата се протнува заклучок.
Јас верувам во постоење на душа.
Во свет во кој имаш луѓе со душа и зомбиња кои имитираат дека имаат душа, ние можеме да си замислиме зомбиња кои физички се исти со луѓето, ама немаат душа иако се однесуваат како да имаат.
Ерго, душа постои.
Е сеа пази, јас не тврдам дека „свест“ не постои што е различен пример од горенаведениот со душата кој беше само аналогија за истиот процес од настани.
Јас тврдам дека постојат мисловни процеси кои се резултат на неврони блабла и дека цел тој перформанс, ние го именуваме како свест. Свеста како дефиниран поим постои.
Земено дека премисите на монизмот се точни, заклучоците се комплетно валидни.
А бидејќи премисите се резултат на долгогодишни испитувања и солидно тело од докази кое го сумира истото, не верувам дека постои место за дилема, што секако ќе го изјаснам како мој личен став.
Последно уредено од модератор: