Не пеер, размисли па напиши. Зомби е непостоечки створ али за среќа е дефинирано и има индикатори според кои може да се процени дали сум зомби. Не ја употребувај таа смрдена етикета „зомби/робот“ вс „живо свесно битие“ за да создадеш лажна дилема помеѓу нешто „со свест“ и нешто „без свест, а се движи ау, робот е, поминало Турингов, ама ти осеќаш дека не доживува искуства“ притоа алудирајќи на тоа дека зомбито не е свесно и не искусува, земено дека зомбиња постојат.
Искуство од друга страна е збор педер, не знам како да ти објаснам, збор кој има значење за тебе, ништо чудно за различни луѓе различна „состојба“ да биде дефинирана со истиот збор.
За тебе една „активност на неврони“ е дефинирана како искуство, за Анте можда друга. Тоа не го праи зборот легитимен феномен што пробуем да ти објаснам. Ради истата причина, зборот „искусување“ е релевантен како реален опиплив феномен колку Харе Кришка. Дури и како феномен, свеста/искусувањето може комплетно да бидат објаснети како софтвер, а притоа да бидат резултат на хардвер.
Сум ти кажал 1000 пути и ме мрзи да повторуем, има катаљон такви зборчиња, „интелигенција“, „искуство“, „доживување“ итн... што се umbrella terms за илјадници невронски мрежи кои се активни и кои ние си ги именуваме и ги ставаме во фјока, честопати станува збор за истите манифестации кај повеќето луѓе како на пример емоциите, честопати станува збор за различни манифестации на кои луѓето им даваат иста етикета.
Спонџ Боб можда денес научил дека не треба да се задужува кај луѓе и он тоа го нарекува вредно искуство, а на него му се активирани невронски синапси 1, 3 и 5. Ти мислиш дека си поминал супер на фудбал и твоите 1, 7 и 8 мрежи се активирани, а ти тоа го викаш искуство.
Дури и ако невролошки, зборот искуство биде дефиниран и поврзан со одредени невронски активности, тоа не покажува mind over matter и постоење на засебен одделен феномен „искуство“.
Тоа ти зборам и ја. Глупо е пер. Знаеш зошто? Пошто свест не е чаша. Свест е зборче што го даваме за реални работи како активноста на невроните и одредени бихевиорални и структурни одвивања. Ако се однесувам „свесно“ и сум во „свесна состојба“ што можеш да го дефинираш или по пат на ствари ко Турингов/друга комуникација или по пат на анализа на региите од мозокот поврзани со „свесно однесување“/моја потврда дека имам „искуство“ (што и да дефинирам под искуство) Епа таа манифестација „свест“ која ние ја именуваме така, сум ја приметил, кај тебе, мене и други и знам дека без мозок, ја нема. И ти реков ако ме прочита, можеш да го дрвиш за тоа како можда постои иако не ја гледам и да влезеш во полето на Исус и летечи еднорози.
Не знам пеер, евентуално ќе го смениш ставот и ќе го осознаеш тоа што го кажувам. Ќе сфатиш дека сум во право и дека не постои кратер меѓу софтвер и хардвер.
Нема што друго да се праи, имаш време.
Така е, само приметуем потешкотии во тоа да ми одговориш за тоа што е слободна волја. Како замислуваш еден „недетерминиран“ избор?
Не, сила е реален феномен кој го именуваме и го дефинираме/мериме по пат на формули. Интеракција која има тенденција да го смени движењето на објект Иаѕхујкијхѕтг не постои.
Глеј... ја можам да забележам нешто големо, бело и тврдо и да го наречам ѕид.
Исто така, можам да речам дека постои афгхјхгф.
Послем, можам да ги релативизирам сите у едно...
Што е ѕид, што е ахггјхсдх?
Не ја разводнувај дебатата со муабети у стилот „од кај знаеш што е, што не е брад... ај дефинирај ми електромагнетен бран“. Електромагнетен бран можам да ти го дефинирам, можам да го измерам и можам да го манипулирам и создадам.
Ја имате таа тенденција кога стигате до степен на тоа да ви биде очигледно побиен аргументот... одма да ја релативизирате дебатата на „Што сум јас, што си ти, ај дефинирај ми дека не си зомби бе брад.“ И како свеста комплетно може да биде објаснета преку мозокот, прочитај подоле кај што го појаснувам мојот став на Ставро.
Али тоа е тоа, почнуваме од различна премиса, мојата е релевантна и лесно може да се тестира, а ти кажуеш дека си го видел Исус, осеќаш дека постои Исус, не можеш да го тестираш/докажеш тоа али Исус постои, едноставно осеќаш, ти знаеш дека постои феномен искуство (збир од твои емоции тригерувани од мозокот) и ти ОСЕЌАШ дека тој феномен не е резултат на тие активности, ти осеќаш мистерија, дилема иако реално, во науката нема таков ум/мозок конфликт, има фини поп сајнс артикли за луѓе да се ложат..
Не разбирате дека ова е софтвер/хардвер проблем.
За да испрограмираш нешто, ти требаат одредени вештини и познавања.
Ти не мора да знаеш како функционира процесор, кои електрични сигнали се праќаат и не мора да го мењаш хардверски компјУТОРО за да играш дота добро.
Тоа не значи дека дота не е резултат на тие и тие процеси и дека дискутабилно е дали дото е епифеномен на хардверот.
Ти играш со зборови, впрочем носејќи ја дебатата во погрешен правец и создаваш лажна дилема.
Сензација (искуство) е ЗБОР, кој опишува одреден феномен. Тој феномен е софтвер, манифестација на хардвер наречен неврони. Немаш неврони, немаш „сензација на црвена боја“. Градивниот материјал на болката е специјализирани неврони без миелински обвивки. Ако ти шибнам анстезија, болката ќе исчезне освен нели ако тие во централниот систем не ти се сјебани.
Секако, кога зборот болка, ти и другите „свест/мозок феноменот е нерешлива дилема“ фаци го претставувате како феномен, нормално дека ќе се добие илузијата на дуалност, на одреден „феномен болка“ кој се јавува како одделен од мозочната активност. Али само затоа што семантички го прикажуваш така, емпириски не докажуваш дека не е епифеномен на мозокот.
И ја можам да речам, „Која е градивната материја на =C++, ерго, C++ не е резултат на хардверот...“
Кажи ми, која е градивната материја на C++?