Свеста е дефакто нематеријална. Од каква материја е изградена една идеја? Емоција? И неможе свеста да биде алгоритам по кој фунцкионира мозокот, договори се сеа, што е примарно, свеста или мозокот?
И ова е исто многу интересно, значи во твојот случај, свеста не верува дека свеста контролира. Ги глеаш ли проблемите кои се раѓаат од вака поставениот систем?
Овде самиот се контрадиктираш со болдираново. Велиш "
Ни ги манифестира". Aко материјалниот мозок е единственото нешто кое се наоѓа во черепот тогаш на
кој му ги манифестира мозокот тие импулси?
Одговорот е: ти ги манифестира
на тебе = на свеста.
Океј. Почнав да си ги комплицирам поентите и зборовите почнаа да ми се губат. Изгубив на прегледност.
Сеа да пробам да ви објаснам дека не сум контрадикторен. Ваљда. Ова е мојот став, не викам дека 100 посто сум у право. Прво да, свеста е нематеријална. Али свеста како свест е концепт на кој ја препишуваме функционалноста на нашиот систем тело-ум. Целата финта тука е во дизајнот на мозокот и материјалите од кои е изграден. Структурата на мозокот кај секој (здрав) човек е иста, но у детали се разликува секој посебно, почнувајќи од деенка предиспозициите на почетокот на животот и искуствата кои се складираат со тек на живот. Е сеа, мозочните механизми, да ги наречам така, работат по алгоритми кои сеуште не можеме да ги разбереме. Тие алгоритми, или еден вид на алгоритми шо не можат да се замислат и се далеку понапредни и од најнапредните компјутерски алгоритми за AI се тие што ги контролираат сите ланчани реакции кои ни се случуваат во мозокот. Од сите импулси кои тој ги праќа кон телото, телото му ги враќа, мозокот процесира, ги враќа на телото и тука имаме интеракција при која ние самите живееме. Целата комуникација тело-мозок е нешто слично со процесорот на компјутерот и останатите хардверски компоненти.
Кога реков мозокот ни ги манифестира тие импулси мислев на тоа дека според одредени податоци кои веќе тој ги поседува од предходно примани информации за на пример црвената боја, преку очите, тој функционира на начин, очите ги примаат информациите дека бојата е црвена, мозокот ја регистрира, ја препознава, и враќа повратен сигнал кон целото тело како ние да реагираме на истата боја. Ако според нашиот мозок таа ни се допаѓа, зениците ни се шират, пулсот ни забрзува, говор на тело се менува според неа и така натаму. Зборувам за еден механизам каој мозокот го користи со давање и примање на информации со останатите делови од телото како и со самиот себе.