- Член од
- 17 август 2011
- Мислења
- 10.261
- Поени од реакции
- 18.221
Бајаги се крена галама за ова по сите медиуми, кој и да е одговорен наредбата стигнала од врвот. Туку така ќе си тепа опозиционери кој стигне и уште толку ќе му го сјебуваат политичкиот изглед на шефот.Јас баш мислам дека блатантноста на ликвидацијата е тоа што ја прави толку ефикасна.
Не се работи за елиминирање на потенцијален против-кандидат на Путин на избори, Немцов имаше прилично мала релевантност на руската политичка сцена. Се работи за испраќање порака, за ширење страв, оттаму и блатантноста на ликвидацијата.
Токму и фактот што Немцов немал големо влијание и поддршка ги минимизира шансите за граќански немири и непослушност како реакција на неговото убиство.
Види, јас не викам дека Путин лично ја дал наредбата, но ни Сталин не морал директно да дава наредби за негови политички противници да завршат мртви или во Сибир.
Многу покрупни ‘риби‘ од Немцов завршиле во затвор или отруени со полониум, па немало револуции, ако навистина мастерпланот на западот е преку елиминирање на Немцов да се дестабилизира власта во Русија, тоа е многу аматерски план.
Режимот на Сталин убил милиони луѓе, овде ако ги препишеме сите убиства како нарачки на Путин пак се десетина. Види дел од тие се оправдани за Русија како држава,ги притиснале сите тајкуни под раководство на државата(сеа е Путин утре ќе биде друг) ситуацијата во Чеченија е многу подобра него меѓу двете војни. Дури и тие што не се оправдани се логички, власта не била цврста и преземале секакви методи против опозиционерите ама сега мнозинството руси го подржуваат Путин и неговата политика.
Сталин коа заплашувал апсел и убивал и се знаело кој апси и убива, а ова е атентат. Кој и да бил убиен во Русија нема да се крене револт против Путин,тоа го знае и западот и целта не е да се смени власта бидејки кој и да дојде сеа ќе ја продолжи истата политика. Целта е уште толку да му се сјебе кредибилитетот на Путин во меѓународните односи.