Факултет без средно

  • Креатор на темата Креатор на темата RazerOptic
  • Време на започнување Време на започнување

RazerOptic

Admirable
Член од
10 ноември 2012
Мислења
170
Поени од реакции
125
На 18 годишна воздраст го oставив школото само затоа што не ми се учеше и сакав да работам и да имам пари но меѓутоа сега сум 26 години и веќе 5 години работам како програмер и веќе почнува ова да ми здосадува и сакам да пробам нешто ново, сакам да се запишам на факулет е сега проблемот е тоа што немам матура(ги имам завршено сите 4 години средно) а на интернет гледам има неколку опции па сакам да се распашам овде во врска со тие опции...

Што мислите за овие 7 опции?
http://www.rainsberger.ca/blog/univ...nto-university-without-a-high-school-diploma/

Исто и го глеам ова од York University
http://futurestudents.yorku.ca/requirements/mature
 
Извини како немаш матура? Сите имаат матура ако завршиле. Е сега ако си имал некоја единица па не си ја завршил годината буквално со диплома само појди и полагај вонредно. Сакаш да учиш факултет и полагаш испити а да не сакаш да одиш и положиш неположени предмети или завршна дипломска (матура) ми е малку нелогично. Секако цел муабет паѓа во вода ако не си учел средно во Македонија. За други образовни системи не сум запознаен.
Муабетов ми иде како онај вицот. Требаше да ја чекам девојката пред ФОН 15 мин па си реков ај да завршам факултет....
 
2010 требаше да завршам.

Три пати бута година.

Доста проблематичен бев на часови па затоа
 
2010 требаше да завршам.

Три пати бута година.

Доста проблематичен бев на часови па затоа
Е па како што реков вонредно сега. Ти немаш диплома за средно а не дека немаш матура. Без матура мора да има начин (сигурно оние што запишуваат факс на „50“ години не им бараат матура) но без средно тешко во Македонија...
 
Па не во Македонија, Во странство планирам.

За пари не ми е проблем, за знаење не ми е проблем(овие последни 2-3 години ем сум работил ем сум зимал курсеви преку интернет)
 
Како бе три пати да паднеш година :facepalm:
паднал на некоја од прва , втора , трета пута трипати :D. Четврта не може да падне туку само да оди вонредно со плаќање на испитите дур не положи ако сака диплома ако не ќе си остане како сега без диплома :D[DOUBLEPOST=1424959202][/DOUBLEPOST]
Па не во Македонија, Во странство планирам.

За пари не ми е проблем, за знаење не ми е проблем(овие последни 2-3 години ем сум работил ем сум зимал курсеви преку интернет)
Ем прашај со таму негде кај што сакаш какви се условите за школување на странци и што треба да имаат истите за да влезат во некои си квоти таму и колку треба да платат затоа што тоа би било верувам 100% приватно образование а не како некој дел од некој систем. Ако можеби имаш и странски пасош од дотичната држава тогаш види си таму како што. Логиката овде некој да знае за образовните системи таму некаде по светот е крајно ________________ .
 
Извини како немаш матура? Сите имаат матура ако завршиле. Е сега ако си имал некоја единица па не си ја завршил годината буквално со диплома само појди и полагај вонредно. Сакаш да учиш факултет и полагаш испити а да не сакаш да одиш и положиш неположени предмети или завршна дипломска (матура) ми е малку нелогично. Секако цел муабет паѓа во вода ако не си учел средно во Македонија. За други образовни системи не сум запознаен.
Муабетов ми иде како онај вицот. Требаше да ја чекам девојката пред ФОН 15 мин па си реков ај да завршам факултет....

Можеби од генерациите кои немаа државна матура? (n)[DOUBLEPOST=1424967265][/DOUBLEPOST]П.С. Одбери што сакаш и кај сакаш, па распрашај се за условите.
Можно е во САД да не ти бараат наше средно школо, туку полагање на испити соодветни да видат дали си кадарен за студиите...
 
Да и околу 30 000 долари на година и тоа минимум само за школарина. Треба да полага SAT тестови плус уште еден за јазик пошто е странец. САД е со најскапо образование во светот.
 
Да и околу 30 000 долари на година и тоа минимум само за школарина. Треба да полага SAT тестови плус уште еден за јазик пошто е странец. САД е со најскапо образование во светот.
Затоа и може кој како сака да се образува :)
Моментот кај нив е homeschooling :)
 
Запиши се на некој од приватните факултети и ќе имаш завршено факултет. Или можеш да завршиш некој курс за нешто... болничар, фризер.....:)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom