Ќе се полага државен испит во 2-ра и 4-та година (Студентски пленум)

  • Креатор на темата Креатор на темата Атомската мравка
  • Време на започнување Време на започнување
Сепак од утре веројатно, малку да се расчистат факултетите, едно друго.
http://www.fakulteti.mk/news/15-02-...d_utre_kje_ima_i_alternativni_predavanja.aspx

„По вчерашната одржана средба во ректоратот на УКИМ одлучивме по постигнатиот договор да ја прекинеме нашата окупација и да ги ослободиме факултетите, односно тие да се вратат на формалната настава. Мора да се каже дека власта попушти на нашите барања. Ние вчера добивме комплетно нов интегрален закон кој ќе се изработува преку нова методологија и нов концепт, во чие изработување ќе бидеме вклучени и ние“, изјави Стефан од Студентски пленум.

Во врска со надворешното тестирање, Стефан посочи дека било дискутирано на средбата за тоа и било ветено дека такво нешто ќе нема. Згора на тоа, ви изработката на новиот закон ќе бидат вклучени и тие и нема да се прифати никаква форма на надворешно тестирање.

Изгледа министрите ветиле дека нема да има надворешно оценување ама некако не им се кажува во јавност. Сепак, мислам дека има записник од средбата.
 
Изгледа министрите ветиле дека нема да има надворешно оценување ама некако не им се кажува во јавност. Сепак, мислам дека има записник од средбата.
Нема записник, само забелешки.

За другото, постои можност за интерно тестирање кое ќе го организираат универзитетите. Меѓутоа да видиме, наредната недела стартуваат работните групи.
 
Изгледа министрите ветиле дека нема да има надворешно оценување ама некако не им се кажува во јавност. Сепак, мислам дека има записник од средбата.
Ректорот не е толку дециден.
 
Ректорот не е толку дециден.
Ова го кажал претставникот на С.Пленум на денешната прес-конференција. Што значи било кажано внатре, а нормално дека нема да сакаат во овој момент да си поплукаат, па пред неколку дена Адеми искочи и кажа дека ќе има државен испит (и тоа прилично децидно).

Иначе на линија на изјава на нашиот ни драг претседател на СПУКМ, изјава од КаракаМИШева http://novatv.mk/index.php?navig=8&cat=2&vest=20496 :D :D
 
Ова го кажал претставникот на С.Пленум на денешната прес-конференција. Што значи било кажано внатре, а нормално дека нема да сакаат во овој момент да си поплукаат, па пред неколку дена Адеми искочи и кажа дека ќе има државен испит (и тоа прилично децидно).
Види, зборот на ректорот има поголема тежина. Беше директно прашан за тоа, одби да каже дека нема да има тестирање. Што знам, јас да бев на место на претставници на СП ќе барав Ставрески да излезе и јасно да каже дека државата се откажува од тестирање.

Вака имам чувство дека потполно истиот предлог што предходната недела го одбивте, сега го прифаќате, веројатно под притисок од ректорот.
 
Последно уредено:
Види, зборот на ректорот има поголема тежина. Беше директно прашан за тоа, одби да каже дека нема да има тестирање. Што знам, јас да бев на место на претставници на СП ќе барав Ставревски да излезе и јасно да каже дека државата се откажува од тестирање.

Вака имам чувство дека потполно истиот предлог што предходната недела го одбивте, сега го прифаќате, веројатно под притисок од ректорот.
Збориш за првиот состанок во петокот? Па не баш, тогаш Ставревски не сакал да каже нов закон туку викал ќе се работи на текст (што може да значи и нов закон, но и измени и дополнувања).

Иначе според мене, побитен е ставор на сенаторите. А нивниот став е да нема државен испит или друга форма на надворешно оценување, на иста линија сме. Дури по првата средба Велимир бил „подбран“ дека треба да има јасен став.
 
Типичен Ставрески. Трга од апсолутистички позиции, за да прифати нешто што од почеток сакал да го прифати.

Јас мислам дека студентите требало да инсистираат на консолидирана јавна изјава потпишана од сите, во која ќе било фино објаснето договореното. И нормално, во нејзе да стои јасен став дека државен испит како форма нема да се разгледува. Тоа ќе морале да го прифатат.
 
А моите уште мислат дека студентите не сакаат да учат :D

Абе ст‘ри, глејте си ја работи4ката и чекајте пензија/внуци...
 
Типичен Ставрески. Трга од апсолутистички позиции, за да прифати нешто што од почеток сакал да го прифати.

Јас мислам дека студентите требало да инсистираат на консолидирана јавна изјава потпишана од сите, во која ќе било фино објаснето договореното. И нормално, во нејзе да стои јасен став дека државен испит како форма нема да се разгледува. Тоа ќе морале да го прифатат.
Јас повеќе мислам дека немал надлежност за тоа, морал шефот да го праша. :)
 
Јас повеќе мислам дека немал надлежност за тоа, морал шефот да го праша. :)
Има Ставрески многу повеќе моќ од тоа што снимките на Заев го покажуваат. Му направија услуга нему. Не верувам дека се консултирал со шефот. :D
 
Голем чекор напред. Не и конечна победа. Не им се верува, да почекаме да дојде законот на дневен ред во собранието.

И да. Голем поздрав до оние индиферентните и со став ,,абе што можеш да смениш".
Извлечете поука.
 
Потиснати се од сите страни идиотите, да им беше само ова проблем, тикви што ќе прифатеа.
Вака им се пуштија хонорарци, студенти, професори, случајот во здравството, и секако бомбите на ЗаЈо, па мора лека-полека се да решаваат.
За Каракамишева ми е најмило, ја искористија и ја зашутираа како партал.
Само лудаци можеа да го бранат овој закон...
Промени мора да има, да сум студент одма би реагирал најпрвин да се испита квалитетот на наставата на приватните факултети и начинот на добивањето на оценките. Мора од негде да се почне, а за жал ваквите приватњаци се зачетокот на канцерот во високото образовние. Истота, за да се дојде до промени во високото образование, требаат коренити промени во основното и средното образование.
 
https://www.facebook.com/events/1403087570002357
Сите парични средства кои Студентскиот пленум ќе ги собере во текот на утрешниот ден, ќе бидат приложени на семејството Димовски за лекување на нивната 8-годишна ќерка Теона на која и‘ е потребна операција на срце.
 
Само лудаци можеа да го бранат овој закон...
Промени мора да има, да сум студент одма би реагирал најпрвин да се испита квалитетот на наставата на приватните факултети и начинот на добивањето на оценките. Мора од негде да се почне, а за жал ваквите приватњаци се зачетокот на канцерот во високото образовние. Истота, за да се дојде до промени во високото образование, требаат коренити промени во основното и средното образование.

Почитувам да имаш став, макар бил и провладин во случајов. Имаш свое мислење, имаш своја корист од истиот и во ред. На крај краева, секој со своите цели, нели?

Како што спомн @RATM погоре, специјален поздрав до индиферентните и нивниот добро познат став „абе, ништо нема да се смени“, „џабе е се“ итн...

Тие, тие за какви шамари се...

Исто така. Верувај ми дека солиден дел од државните факултети нудат послабо образование за разлика од некои приватни.
Секаде треба да се направи евалоација. Буквално на секој факултет, без исклучок.
 
Соопштение за јавноста

Студентскиот пленум вчера ја извојува својата прва битка против владините образовни политики. Владата и Министерството за образование беа приморани да признаат дека законoт што е менуван 16 пати од 2008 година ја губи својата комплементарност, спроведливост, суштина и создава правна несигурност.

За првпат во историјата на Македонија, но и на регионот, студенти и професори ќе учествуваат директно во процес на пишување закон за студенти и професори. Секое прашање за високото образование што кога и да било тлеело ќе биде отворено.

Сепак, поучени од претходни искуства и свесни за политичките околности, знаеме дека авторитетите со кои преговаравме знаат да бидат превртливи и празни. Затоа порачуваме: заборавете дека политиките за високо образование ќе се носат без нас. Ние ќе следиме будно. Одбиваме да бидеме изманипулирани. Не сакаме одолговлекувања. Не сакаме лажни ветувања. Не се плашиме повторно да излеземе на улиците.

Македонскиот студент, и воопшто граѓанинот, треба да биде засегнат од политиката. Ќе повториме, политиката не им припаѓа на штабовите и на партиите, политиката е наша. Сакаме граѓанско општество. Сакаме отпор кон едноумието, кон тишината, кон пасивноста.

Токму поради тоа сметаме дека сите преговори треба да бидат водени пред очите на јавноста. Окупацијата беше форма на притисок, но во исто време и пркос. Не сакаме да завлегуваме во бирократски лавиринти. Победата треба да биде недвосмислена и јавна, бидејќи јавни беа и личните напади и жигосувањето. Пленумци не забораваат. Пленумци не простуваат.

Да потсетиме, пленумци се формираа делумно како реакција на нефункционалноста на студентските парламенти. За нас тие се соучесници во свесното уназадување на високото образование и немаат легитимитет да бараат да бидат вклучени како претставници на студентите во која било фаза од креирањето на новиот закон. Ние ќе се залагаме да го отвориме прашањето за студентското претставништво и допрва ќе се занимаваме со корумпираноста на парламентот, нетранспарентното трошење студентски пари како и нивната поврзаност со владејачките партии.

И за крај, ова за што ние се бориме е нашето наследство за идните генерации студенти. Нашите генерации ќе останат генерациите што плаќале за студентските лидери да си седат удобно во претседателските фотелји, за во трошните соби во студентските домови студенти да мрзнат без греење и топла вода, плаќале за да немаат можност да истражуваат, да патуваат, плаќале за да си ја врамат на крај дипломата на ѕид, и да гледаат како секој ден се фрла под черга академијата, а јавниот дискурс е задушен од зборовите на необразованите. Она за што ние се бориме е за сето ова полека да почне да се менува.

За сето ова, и за сѐ што е гнило, студенти, граѓани, разбудете се!

Ниеден фронт не е затворен!

Студентски пленум

25.02.2015
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom