Албанија ги избриша Македонците од формуларот за попис

  • Креатор на темата Креатор на темата oon
  • Време на започнување Време на започнување
Оваа наша албанокуропушачка влада нормално дека никад нема да и текне да се ангажира кај своите налогодавачи од Тирана, за барем мало подобрување на правата на Македонците.
 
Уставниот суд на Албанија одлучи против Македонците во Гора и Голо Брдо

Во Албанија наскоро ќе почне да се спроведува новата територијална поделба според која општините каде што живеат припадниците на македонското и на грчкото малцинство ќе се спојат со општини каде што Албанците се мнозинство. Уставниот Суд на Албанија ја одби иницијативата на Демократската партија против новата територијална поделба.


mkd-111051.jpg

Со новата територијална поделба македонските општини во Гора и Голо Брдо ќе се претопат во други општини, а ќе остане само општината Пустец.

Од партијата Македонска алијанска за европска интеграција (МАЕИ) велат дека тие ќе поднесат нова жалба за кршење на нивните права.

„Ние како македонска партија, но и грчката партија ќе поднесеме повторно жалба до Уставниот суд за овој закон, бидејќи не е почитувана рамковната конвенција. Оваа жалба, сега што ја поднесе опозицијата не ја опфаќаше рамковната конвенција“, изјави генералниот секретар на МАЕИ, Васил Стерјовски.

Почитувањето на Рамковната конвенција за малцинствата е услов од Европската Унија, Албанија да ги почне преговорите за членство. Според Рамковната конвенција, Албанија е обврзана да донесе и закон за малцинства, посебни фондови за заштита на нивната култура и други права.

„И оваа Влада на чело со премиерот Еди Рама продолжува со политиката на негирање на малцинствата и на нивна асмилација“, вели Стерјовски.

Од МАЕИ сметаат дека со новото внатрешно прекројување на границите на Албанија, Гора и Голо Брдо ќе се претопат кон албанските општини, а единствено населена со чисто македонско население ќе остане Пустец во Мала Преспа.

Тужбата пред Уставниот суд во Тирана ја поднесе само опозициската Демократска партија на Сали Бериша, но не политичките партии на малцинствата. Македонската партија ја поддржа ДП на последните избори.


„Требаше и македонската партија и другите партии на малцинствата во Албанија да поднесат жалби пред Уставниот суд. Поинаку ќе беше“, сметаат претставници на малцинствата во Албанија
http://www.mkd.mk/makedonija/dijasp...dluchi-protiv-makedoncite-vo-gora-i-golo-brdo
 
Во Албанија македонците имаат една општина , и истата ја имаат повторно.
Не е укината ниедна македонска општина.

Законот за новата територијална поделба им дозволува на малцинствата да ги задржат своите општини со многу малку жители, иако целта на законот е да се окрупнат општините.

Ова се вика почитување на малцинствата.
 
Dodeka nema popis na naselenieto vo Albanija kade sto Makedoncite mozat da se Izjasnat kako takvi nikogas nema da gi dobijat site prava. Albanija e Multietnicka Zemja isto kako i Makedonija samo sto i treba uste vreme toa da go svane. 300 000 Grci + 150 000 Makedonci tamu se pisat kako Albanci radi nechij interes.
 
Во времето на Енвер Хоџа имавме повеќе права отколку денеска!
22 февруари 2015
http://vecer.mk/makedonija/vo-vremeto-na-enver-hodzha-imavme-povekje-prava-otkolku-deneska

Кога јас велев дека во времето на Енвер Хоџа малцинствата биле почитувани како такви, некој ме убедуваше дека во тоа време ги сметале за човечиња.
 
Едмонд Темелко и понатаму ќе биде градоначалник на Пустец, тој беше во коалиција со партијата на Еди Рама.

Неговата партија освои 3.641 гласови низ цела Албанија. (таму кај што извадиле советници на листите)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom