- Член од
- 4 јануари 2008
- Мислења
- 2.458
- Поени од реакции
- 5.612
Деновиве сме сведоци на експлицитни докази за нарушената слобода на новинарството во Македонија.
Општопознато е дека повеќето Тв, Радио, Пишани и Интернет медиуми застапуваат едни или други интереси и последниве денови сето тоа стана кристално јасно.
Се премолчеа сите телефонски разговори кој излегоа во јавноста а во кој лица од власта јасно и недвосмислено ги злооупотребуваат своите позиции на моќ на владеење.
Истите тие медиуми деновиве вршат бомбардирање на јавноста со друга снимка која оди во корист на државната власт
Какво е тоа новинарство во Македонија раководено од Про-Владини медиуми кој во јавноста пуштаат филтрирани информации се со цел држење на јавноста во заблуда и дезинформираност?
Слободата на говор е основно човеково право според членот 19 од Универзалната декларација за човекови права и ако тоа не може да се добие во оваа држава тогаш не можеме да се сметаме како Демократско Општество.
Пред десетина дена излезе извештајот од Press Freedom Index во кој Македонија се наоѓа на 123то место од 180 земји. Со пад од 7 места за разлика од лани и на последно место на Балканот далеку зад нашите соседи.
http://rsf.org/index2014/en-index2014.php
Секако оваа информација од добро познати причини не беше проследена во медиумите...
Преку кој јавни гласила се информирате вие и кој е вашиот став околу ова?