Друже кој вид на папагал е ова,и дали ги има по одгледувачници кај нас и која цена се ?
Ова е брауноухи папагал, барем така ги викаат кај нас, а на англиски ги викаат "Conure". но има многу поткатегории на "Conure", така да мојов спаѓа во категоријата "Conure Green-Cheeked", а иначе и ако изгледаат толку мали нивната големина не треба да се смета за слабост, ние обично знаеме дека кога папагалите се поголеми се и попаметни али во теоријата не е баш така, бидејќи ако ги споредуваме брауноухи со например ајде да речеме Розела, можеби Розела би изгледала поголема но не и поинтелигнетна отоколку брауноухи, розела спаѓа во категоријата "Parakeet", а Брауноухи во категоријата "Parrot" што се смета за вистински папагалец. Од тоа што сум го прочитал Брауноухи е голем папагал од аспект на интелигенцијата но создаден во мало тело, нивната интелигенција е малку послаба за разлика од нивните големи братучеди "АРА" (Macaw), значи ептен се паметни и интересни, а уште ги викаат и како "циркус" (Clown), дека знаат да научаат различни трикови и тоа за многу кратко време, а и многу сакаат да се галаат па макар и ако се диви. Што се однесува на тоа кај може да се купуваат, јас би рекол дека е тешко да се изнаоѓаат по пет шоп продавнициве, знам дека пред 4 месеци имаше во Пет Шоп Поки, ама за кратко време ги давал сите, а обично он продава малку поекзотични папагали т.е. од високата категорија, така да распрашајте кај него или преку фејсбук или отидете кај него, он се наоѓа во Ѓорѓе Петров (порта влае), а иначе јас претходно имав Мали Александри па ги разменив со брауноухи со еден од прилеп, и со истиот сеуште разговараме на фејсбук, па ми рече дека на кај 10-ти Март ќе донесе повеќе папагали од овој вид, а цената обично се движи од 100 до 150 евра, зависно колку е млад, дали е фул питом и тн и тн...