Не сметам дека овде некој сака да го брани Кили, или што знам, да го идеализира (смешно звучи, ама мораше да се напомне). Типот генерално е ретардос, донекаде симпатичен ретардос, ама сепак ретардос. Воедно е и ужасен глумец, и генерално лош артист. Но сето тоа е нерелевантно, затоа што целата работа во тоа е
зошто тој е уапсен. И не мислам само формално правно зошто е уапсен, туку што тоа наштетил на државата, или на ближните свои, па требало да се уапси?
Произведувал „дрога за продавање„? Па ако е вистина дека за продавање му бил канабисот, а толку време го следеле од полицијата... па побогу колкав проблем им било
да го фатат на дело додека продава?
Некој поназад имаше напишано дека Кили дилал дрога, е сега колку е точно не знам.
Епа за тоа зборуваме, се некој нешто кажува, ама човеков
не е фатен како продава. А ако продавал едноставно немало шанси да не го фатат. Нула шанси.
Логика малку, очигледно е дека Кили за себеси садел и очигледно е дека е за масло било (нели и опрема за изработка масло имал).
Како и да е, потребно е јавноста да се запознае со лековитите својства на канабисот. А тоа е една работа која Кили добро ја направи, ненамерни ја прошири свесноста овде за медицинските потенцијали на канабисот. Треба да се освестат луѓето дека постојат врсти канабис со кои не е можно „дрогирање„, кои имаат минутни, скоро непостоечки, количини THC... но се богати со друго канабионидно масло -CBD кои нема „дрогирачко„ туку само лековито дејство. Tие се тие врсти канабис кои треба да ги легализираат, за медицинска намена.
Изгледа никој не го погледа тој документарецот од CNN што цело време го зборам. Зошто ако канабис како лек, одговорни родители го даваат на малечки девојчиња... па ваљда не се ненормални бе, нели? Нели заслужува работата малку да се истражи пред да се донесуваат заклучоци пред рака?
Јас пак ќе го линкам документарецот, па којзнае можеби некој ќе го погледа: