Вадење пари преку Payoneer

Член од
18 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
3
Здраво дечки и девојки,

Бидејќи не успеав да најдам тема точно за ова, и на неколкуте што беа поврзани со ова не добив одговор решив да отворам нова. Ме интересира дали некој може да ми каже кои се трошоците за вадење пари преку Payoneer, како и за пари заработени во САД со работа преку интернет, дали треба да плаќам данок во Македонија, како и дали треба да се пријавува приходот во САД.
Ву благодарам на вниманието.
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
1.852
Поени од реакции
1.382
Нема да плаќаш данок во Македонија, можеш да ги извадиш каде сакаш на кој сакаш ATM со 6% камата. Исто така можеш да плаќаш со нив на било кој терминал.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
4.265
Поени од реакции
4.665

1во треба да плаќаш некаде данок или во америка или во македонија или во некоја сосем 10та земја, ако не ги оданочиш парите тогаш ти се заработени на црно и е криминал. Ова зашто праша дали треба да платиш, а дали ќе платиш е оставено на тебе како индивиуа да си одлучиш. За трошоците читај подоле.
Нема да плаќаш данок во Македонија, можеш да ги извадиш каде сакаш на кој сакаш ATM со 6% камата. Исто така можеш да плаќаш со нив на било кој терминал.
Каде ги најде тие 6% провизија? Кој ти ги зима? Имаш некако да го поткрепиш ова или онака го пиша.
На сајтот на payoneer мн убаво е напишано во делот за fees фека имаш одредено месечно одржување кај постарите корисници, годишно кај поновите и дека за секоја трансакција каде повлекуваш пари (без разлика дали е од терминал или од АТМ (банкомат)) имаш фиксна провизија од $3,15. Нашите банки никогаш ми немаат земено дополнителна провизија за извадените пари имам вадено на комерцијална, тутунска, стопанска, шпаркасе и халкбанка никогаш ниедна од нив ми нема земено дополнителна провизија освен онаа што ја зима payoneer.
 
Член од
12 август 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
2.031
Мислам дека ликов работи во YJП. :pos:

Само ве провоцира да се отворите... :vozbud:
 
Последно уредено:
Член од
18 февруари 2015
Мислења
9
Поени од реакции
3
@wiksa Фала многу за одговорот, само уште едно прашање, само $3.15 се плаќаат независно од сумата која ја вадиш, и освен тој трошок и годишната членарина од $30 не постојат никакви останати трошоци? Како и дали курсот на претварање од долари во денари е оној кој е моменталниот за mastercard или постојат тука некои замки, бидејќи прочитав на странски форуми дека мн помали курсеви имале од нормалниот и се губеле мн пари на тоа. И дали некој знае дали сега важи новиот закон за оданочување од 35%?

@Kostur123 Сеа ќе проверам дали си плаќал даноци на време :P, шала на страна да бев од ујп немаше да барам одговор по форуми.
 
Точно независно е од сумата што ја подигнуваш фиксно е, дали ќе извадиш $1000 од банкомат (неможеш толку ама како пример) или ќе купиш леб од 25 денари у продавница преку терминал услугата е фиксна $3,15. Други трошоци нема освен тие што ги наведе, годишно одржување на сметката или членарина што си го напишал и ова што плакаш за секоја трансакција.
Врска нема тоа што го напиша за курсот, единствено нешто што ти значи е курсот во банката од која ќе подигнуваш пари пример тутунска секогаш имаат најлош курс(а 99% проценти од терминалите во продавниците се од нив), за разлика од нив шпаркасе и стопанска имаат најдобар (најчесто овие две). Законот е изгласан ама дали е стапен на сила појма неам тоа види си во службен весник.
 
RazerOptic

Admirable
Член од
10 ноември 2012
Мислења
170
Поени од реакции
125
И јас имам да прашам нешто.

Како најдобро и најбезбедно може да се извадат пари(повеќе од 100.000долара) заработени од themeforest?
 
D

Darko_ufo

Гостин
@wiksa Фала многу за одговорот, само уште едно прашање, само $3.15 се плаќаат независно од сумата која ја вадиш, и освен тој трошок и годишната членарина од $30 не постојат никакви останати трошоци? Како и дали курсот на претварање од долари во денари е оној кој е моменталниот за mastercard или постојат тука некои замки, бидејќи прочитав на странски форуми дека мн помали курсеви имале од нормалниот и се губеле мн пари на тоа. И дали некој знае дали сега важи новиот закон за оданочување од 35%?

@Kostur123 Сеа ќе проверам дали си плаќал даноци на време :P, шала на страна да бев од ујп немаше да барам одговор по форуми.
Па колку пари ќе правиш ти за да губиш на разлика на курс? Јас на сите им викам дека payoneer не е решение да избгнеш даноци и придонеси. Прво Грујо има донесено закон дека не смееш да имаш сметка во странска банка а со payoneer ќе имаш во Bank of America. Може нема да те фати баш ти дека имаш сметка во странска банка но сите ќе почнеме да вадиме преку payoneer и ке најдат начин и тоа да го средат. Второ ако правиш големи пари, нема да ги трошиш само за леблебија, ќе купиш и кола, може и стан па ќе ти се нацртаат на врата да докажуваш пари. Батали изговорот баба ми ми даде, ископав богаство... Нема да ти помине тоа. Едноставно овие се решија да не ограбат и тоа е. Инаку да payoneer е добро карткорочно решение додека не се одселиш од државава.
 
Само не ми е јасно како планираат да можеме да префрламе пари заработени преку интернет кога ниедна картичка од домашните банки не ги користат странските фирми. Очигледно глупите закони се редат секојдневно
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484

Малку си нејасен. Како тоа банките не работат со странски фирми?
 
Член од
5 август 2009
Мислења
1.295
Поени од реакции
484
Сакав да кажам дека многу фирми ги користат само payoneer и paypal како платежно средство.
Нормално е да не работат со PayPal, мислам дека од Payoneer нема да имаш проблем да префрлиш пари на сметка во Македонија, но тоа зависи од тоа како акаунт имаш на Payoneer.
 
Член од
12 септември 2008
Мислења
746
Поени од реакции
533
Некој да има пари на payoneer да се смениме, да му пратам на скрил/нетелер/пејпал како и да е... 30тина долари... ?
 
K

Kacar

Гостин
Би сакал да си направам payoneer картичка зошто планирам да работам преку нет. Дали некој ја знае процедурата за работата, и дали може воопшто од долар на картичката во Македонија да извадам во денар ?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom