Јас имам сонувано еден ист сон 2 пати, и точно знаев кога 2от пат го сонував што ќе се случи.Во мојот сон ѓаволот се симнал на земјата за да ги земе сите души , и како што поминував низ рушевини гледав како помошниците на ѓаволот ги расчепуваат телата на луѓето. Јас се криев за да не ме видат бидејќи 2пат знаев и каде и како , и кога сакав да влезам во една зграда пред неа имаше 2-3 чувари како кучиња беа слични , еден човек ми приде и ми даде лист ( незнам што пишуваше во него) и ми рече дека ова ќе ме заштити. Кога влегов во зградата веднаш влегов во еден стан а во него имаше семејство и се криеа во нешто налик на оние лифтовине од филмовите незнам како да ги објаснам рачно што се спушта вратата , и легнав во креветот и се покрив со чаршав ( бидејќи така се спасив и 1пат кога го сонував сонот) и само почнав да ги слушам копитата на ѓаволот како се приближуваат до вратата и нагло ја отвори, и го слушав како се движи низ собата во која бев ги најде луѓево и ги уби, и почнав да го слушам како се приближува накај креветот, неговото одење и лупање по подот неможам да ви го опишам, само јас знаев дека треба мирна да седам и ништо да неправам и да го држам листот кој ми го дадоа, ѓаволот беше застанат над креветот и почнав да го слушам неговото дишење, беше мн тензично а и многу морбидно, како и во првиот сон така и во вториот на овој дел од сонот се разбудив.