Македонски анонимуси!

The Love Doctor

Необичен љубовен доктор
Член од
11 јануари 2015
Мислења
957
Поени од реакции
1.290
Македонските анонимуси ќе му фрлат една анонимна бомба на Заев :D
 
Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Не може да постојат Анонимус во ваква фалбаџиска држава, каде секој сака да се истакне и да се покаже. Мора да види народ, затоа нели постоиме... така да однапред е тоа осудено на пропаст.:icon_lol: По тоа и се познава дека цела таа приказна е фејк.:icon_mrgr:
 
GordonGoldader

Brother Nature
Член од
18 јануари 2014
Мислења
445
Поени од реакции
599
Гарант се некои малечкарци од по 14-15 години шо си напраиле клипче на заебанција, а нашево новинарство е ...
 
Fringe

Скитник низ паралелни светови
Член од
24 септември 2011
Мислења
7.898
Поени од реакции
3.004
Како се создадоа македонските анонимуси...
Ушните тапанчиња ми ги пукна бре квичи ко свиња пред колење[DOUBLEPOST=1424220726][/DOUBLEPOST]
Македонските анонимуси ќе му фрлат една анонимна бомба на Заев :D
Лежи на неа,прашање на време е кога ќе пукне да се разнесе
 
ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695

sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.072
Поени од реакции
4.942
Ушните тапанчиња ми ги пукна бре квичи ко свиња пред колење[DOUBLEPOST=1424220726][/DOUBLEPOST]
Лежи на неа,прашање на време е кога ќе пукне да се разнесе
Баш ме интересира од кога ќе се разнесе кои се не лаги од пwеwодбата ќе излезат на виделина...
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Ние се смееме ама некоја будала е сериозна за ова а што е најтрагично поголемиот дел од луѓето ќе поверуваат во овие глупости.(n)
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682

Какви глупости? Многу сериозни работи се објавуваат и ќе се објавуваат периодов. Од каде сеа глупости?
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Какви глупости? Многу сериозни работи се објавуваат и ќе се објавуваат периодов. Од каде сеа глупости?
Глупости затоа што овие "анонимуси" се све што тие вистинските не се, многу погрешно се користи името нивно, авторите на видеото кое изгледа аматерски и набрзина направено воопшто не знаат кои се анонимуси.

А од фаткот што во ваква сериозна работа тие настапуваат анонимно може да се заклучи дека ова е уште еден обид за упатување на низок удар кон тие што не се плашат да излезат и јавно да проговорат за ситуацијата во која се наоѓа државата.

Дури изгледа несериозно.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.164
Поени од реакции
25.682
Глупости затоа што овие "анонимуси" се све што тие вистинските не се, многу погрешно се користи името нивно, авторите на видеото кое изгледа аматерски и набрзина направено воопшто не знаат кои се анонимуси.

А од фаткот што во ваква сериозна работа тие настапуваат анонимно може да се заклучи дека ова е уште еден обид за упатување на низок удар кон тие што не се плашат да излезат и јавно да проговорат за ситуацијата во која се наоѓа државата.

Дури изгледа несериозно.
Начинот на кој ќе се објават информациите е скроз небитен. Битно е да се дознае вистината за Македонија!
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Начинот на кој ќе се објават информациите е скроз небитен. Битно е да се дознае вистината за Македонија!
Битен е, и ти самиот си свесен за тоа.

Како да му верувам на некој кој тврди дека ќе ја прикаже вистината за Македонија а се крие зад профил на ЈУТУБ ?

Колку години имат, 12 ?

Ако стравуваат за нивната безбедност зошто материјалите кои тврдат дека ги имаат не ги однесат во полиција ?
Немаат верба во институциите, немаат верба во владата која со овој потег се обидуваат да ја заштитат ?

Дали опозицијата е толку моќна што ги контролира институциите, или сепак се работи за несериозен и непромислен потег, избрзан со цел да се скрене вниманието на јавноста ?
 
Од каде сега дека опозицијата ги контолира институциите? Институциите се под контрола на власта. И луѓе патриоти кои работат во службите, згрозени од тоа што го прави власта однесле докази до Заев.

Гледаат дека и Заев не сака да објави се, како што и самиот кажа, па се разочарале и од него. Ова им е последен, очајнички обид да се дознае вистината за Македонија.

Што се сега овие „дала баба грош да се фати на оро, сега дава пет само да ја пуштат“? Народот ја сакаше вистината, ќе ја добие вистината. Нередактирана.
 
Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.739
Од каде сега дека опозицијата ги контолира институциите? Институциите се под контрола на власта. И луѓе патриоти кои работат во службите, згрозени од тоа што го прави власта однесле докази до Заев.

Гледаат дека и Заев не сака да објави се, како што и самиот кажа, па се разочарале и од него. Ова им е последен, очајнички обид да се дознае вистината за Македонија.

Што се сега овие „дала баба грош да се фати на оро, сега дава пет само да ја пуштат“? Народот ја сакаше вистината, ќе ја добие вистината. Нередактирана.
Заев изјави дека не сака да ги објави сите заради доброто на Македонија но изјави дека ќе ги објави сите криминали затоа што ја има таа обврска спрема граѓаните.

Многу нелогичности се вртат околу овие анонимниве, како што кажав, избрзана работа, или "брза кучка слепи кучиња раѓа ".
 
Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.812
Дај те бе цел интернет го пребарав оригинал превод од клипов не најдов, ме интересира шо раскажува толку сам за да си се смее. :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom