пошто гледам дека се застранува од темата само малце да потсетам на главното прашање
Што добиваат а што губат оние кои ја напуштаат Македонија?!
достоинство, помалку стрес, повеќе можности за тебе и твоите деца, подобро образование за децата, подобро здраство, фер судство, фер полиција, објективни медиуми, подобро образовано општество итн итн.
Незнам како да ти објаснам, изгледа ти не си рмбал во Македонија за да зажалиш за дома. Скопје е друга приказна, таму се живее барем две класи подобро од другите градови во МК, можностите за работа, унапредување или почнување бизнис се многу поголеми оти народот е побогат и фирмите се побогати (95% легачи се во Скопје кои се плаќани со даноци од цела Мк ).
Останатиот дел од Мк е пустош. Нема работа за високо образованите, а камо ли за тие што останале со средно. Го гледам градов како полека се уништува, тие луѓе кои вредеа од мојата генерација, прва прилика си заминаа од МК или останаа Скопје, останаа само опортунистите,коцкарите, плакатолепачите, локалните шерифи и чат пат некоја изгубена душа. Со нив ли да градам општество? Па со нив два реда муабет неможеш да сврзиш па не пак да планираш или да соработуваш. Па бизнис да отворам овде во Прилеп? Да се зафркам како таткоми, што незнае главата кај му е од инспекции и правилници, од хонорари и гнасни осигурителни компании до Ујп и нејзините дополнителни приходи. И од тие фирми што останаа некако гледаат да ги скубнат со некоја казна, да ги гребнат некое иљадарче евра. Па ти требаат железни нерви за да водиш мал и среден бизнис во Македонија, се разбира ако не си дел од „патриотите“, не од што несакаш, туку оти и таму веќе нема место .
Одамна државата ги отпиша младите и образовани кадри, овде се живее само ако имаш дебели врски да ти го пикнат газето во администрација и да те вадат од полиција и испекции. Пензионери и плакатолепачи тие се иднината овде во Мк. На сите останати местото не му е овде, барем не во провинциска Македонија.