Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Слободната волја е факт а не аргумент,ако ти ја рачунаш како аргумент тогаш тоа е твое интимно право.Гледаш дека глупава ти е споредбата ? како ти тоа знаеш дека обичен човек неможе да се ''полакоми'' и да изврши такво дело ? Па педофилите другар исписмус се баш најобични луѓе кои никогаш пред тоа не покажале индикации кон такви работи,изопаченоста неможе едноставно да се предвиди,или ти имаш дарба да процениш дали е некој изопачен или не ? Ова е исто како да кажеш,само да погледнам некого знам дали е хомосексуалец или не.Како знаеш ? на чело му пишува ? му ги чуствуваш емоциите ? Примерот со педофилот неможе по никој основ да се земе во случајов како пример,затоа што не постои научен доказ за гаранција дека обичниот човек неможе да направи работи такви работи.Напротив,психологијата многу јасно кажува дека оние што се обични всушност се најзаебани во опшеството.
Да,Бог допушта зло,тоа е факт,допушта зошто нема уште многу да го трпи истото и затоа што истите ќе одговараат пред него.Филозофијата на Христијанството и она Исус што го говорел е дека овде на овој свет сите се гости,Исус не вика за џабе ,,Собирајте БОГАТСТВО за на оној свет''.Има една реченица која вели ,,Бог е спор на гнев'',тоа значи дека Бог ги казнува и на овој свет оние кои СТВАРНО заслужуваат да бидат и овде казнети за своите дела,патем и самиот Бог вели ,,Покажувам милост на илјадници кои ме сакаат и почитуваат а ги казнувам до трето и четврто колено оние кои ме мразат''.Ова значи дека оние што го сакаат Бог се држат до Неговите зборови и заповеди,КОЛКУ ТОЛКУ за разлика од оние кои непоколебливо се против Него и се што кажал.
:facepalm: Не е ра ботата дали и кому му пишувало на чело дали е педофил! Хипотетичка ситуација зедов како пример! Ако слободната волја е причина поради која постои злото, тогаш тој пример совршено одсликува како е тој аргумент фаличен! Значи без разлика дали му пишувало на чело или не, ако педофил се најде во ситуација каде има можност да злостави дете, ќе го злостави! Ако некој друг што не е педофил се најде во истата ситуација, нема да го стори тоа! Значи слободната волја нема ништо со тоа! Е сега, ако се есоздадено и допуштено од Бог, тогаш и тоа што тој ќе го посочи како зло потекнува од него, од проста причина што нема друг креатор! Поради ова, судењето на било што или на било кој, ќе значи дека самиот си прсудил! Посочил ншто како непотребно, штетно, погршно, зло! Направил превид, допуштил да постои нешто кое сега го смета за непотребно! Со тоа докажал дека не е сезнаен и семоќен.
 
:facepalm: Не е ра ботата дали и кому му пишувало на чело дали е педофил! Хипотетичка ситуација зедов како пример! Ако слободната волја е причина поради која постои злото, тогаш тој пример совршено одсликува како е тој аргумент фаличен! Значи без разлика дали му пишувало начелл или не, ако педофил се најде во ситуација каде има можност да злостави дете, ќе гозллстави! Ако некој друг што не е педофил се најде во истата ситуација, нема да го стори тоа! Значи слободната волја нема ништо со тоа! Е сега, ако се есоздадено и допуштено од Бог, тогаш и тоа што тој ќе го посочи како зло потекнува од него, од проста причина што нема друг креатор! Поради ова, судењето на било што или на било кој, ќе значи дека самиот си прсудил! Посочил ншто како непотребно, штетно, погршно, зло! Направил превид, допуштил да постои нешто кое сега го смета за непотребно!
Ахам да,гледам ова што го збориш во срединава на постов,ми изгледа како да си докторирал на областа Педофилија.Кажи ми,кој е законот во медицината кој ГАРАНТИРА дека педофилот МОРА да силува дете а дека обичниот човек НЕМА ТЕОРЕТСКА ШАНСА да го направи истото ?

Ако не ми одговориш кој закон е тоа,не сакам више да ме замараш со вакви глупи и патетични размислувања.
 
Oвде ги имаш одговорите на твоите недоумици:

http://www.thingstocome.org/whatgen.htm
The context of the Olivet Discourse leads us to believe that Jesus was speaking either of the offspring of Jacob (the Jews), the generation of God's children, or of a future generation among us he had just addressed.Alternatively, genetai may be translated "begin to happen" in Matthew 24 34.

Одговоров е "ако дедо ми имаше цицки, ќе се викаше баба". Ако пишувало genetai тогаш можеби ќе значело "почнува да се случува". Е арно ама, никаде не го пишува тоа.[DOUBLEPOST=1424124137][/DOUBLEPOST]
Ахам да,гледам ова што го збориш во срединава на постов,ми изгледа како да си докторирал на областа Педофилија.Кажи ми,кој е законот во медицината кој ГАРАНТИРА дека педофилот МОРА да силува дете а дека обичниот човек НЕМА ТЕОРЕТСКА ШАНСА да го направи истото ?

Ако не ми одговориш кој закон е тоа,не сакам више да ме замараш со вакви глупи и патетични размислувања.
:pos::pos::pos::pos::pos:
Ти си легенда човече! Мора постов да се овековечи на соодветна тема.
 
The context of the Olivet Discourse leads us to believe that Jesus was speaking either of the offspring of Jacob (the Jews), the generation of God's children, or of a future generation among us he had just addressed.Alternatively, genetai may be translated "begin to happen" in Matthew 24 34.

Одговоров е "ако дедо ми имаше цицки, ќе се викаше баба". Ако пишувало genetai тогаш можеби ќе значело "почнува да се случува". Е арно ама, никаде не го пишува тоа.[DOUBLEPOST=1424124137][/DOUBLEPOST]
:pos::pos::pos::pos::pos:
Ти си легенда човече! Мора постов да се овековечи на соодветна тема.
Ајде стави го дома на ѕид,да те потсетува дека се бламираш и за тоа што го збориш немаш никаков доказ.Ако ти имаш дарба да проценуваш нечива изопаченост,ние другиве немаме,не унакажал Семоќниот.
 
Примерот со педофилот совршено ја доловува таа поента. Ако педофил и обичен човек се најдат во идентична ситуација во која имаат можност да злостават дете, само педофилот ќе го злостави, но тоа незначи дека обичниот човек нема слободна волја! Што значи не е слободната волја причина за таа негова одлука, туку особината што го прави педофил!
Едно те исто, како не ти здосади. Ти пишав и порано, примерот ти е апсолутен промашај, нема врска со слободната волја. Особина педофил нема, педофилијата е болест.
 
Не бе, ич нема врска. Еве не мора да станува збор за педофилија. Замени ја посочената ситуација со било што друго кое го сметаш за зло - кражба, убиство.... Ситуација во која двајца имаат совршена можност да украдат нешто, едниот е крадец, другиот не е. Едниот краде, другиот не! И двајцата имаат иста можност! Ако слободната волја е причина за злото, тогаш би значело дека само крадецот има слободна волја.
 
Не бе, ич нема врска. Еве не мора да станува збор за педофилија. Заменинја со било што, кое го сметаш за зло, кражба, убиство.... Ситуација во која двајца имаат совршена можност да украдат нешто, еднио е крадец, другиот не е. Едниот краде, другиот не! И двајцата имаат иста можност! Ако слободната волја е причина за злото, тогаш би значело дека само крадецот има слободна волја.
Аха,сега непали со педофилот(а викаше ептен таман пример), па ај друго да пробаш. Без разлика, не е соодветна паралелата не труди се.
 
:facepalm::tapp: Непалело со педофилот..... Не пали тоа што го носите у глава....ко од фотокопир да сте излегле!
Примерот е хипотетички! Дали во него ќе има педофил, убиец, крадец.....воопшто не е битно! Поентата е таа, слободната волја не е аргумент за постоење на злото! Бидејќи тоа би значело дека само педофилот, крадецот, убиецот....(било кој што е наведен во примерот) има слободна волја, а другите не.
 
Да,Бог допушта зло,тоа е факт,допушта зошто нема уште многу да го трпи истото и затоа што истите ќе одговараат пред него.Филозофијата на Христијанството и она Исус што го говорел е дека овде на овој свет сите се гости,Исус не вика за џабе ,,Собирајте БОГАТСТВО за на оној свет''.Има една реченица која вели ,,Бог е спор на гнев'',тоа значи дека Бог ги казнува и на овој свет оние кои СТВАРНО заслужуваат да бидат и овде казнети за своите дела,патем и самиот Бог вели ,,Покажувам милост на илјадници кои ме сакаат и почитуваат а ги казнувам до трето и четврто колено оние кои ме мразат''.Ова значи дека оние што го сакаат Бог се држат до Неговите зборови и заповеди,КОЛКУ ТОЛКУ за разлика од оние кои непоколебливо се против Него и се што кажал.

Бог допушта зло, затоа што треба да ги оправда својте дела. Тоа е напишано и може секој да го прочита во Стариот завет.
Првиот убиец е Каин, или поточно кажано, неговиот внук. И не го казнува, туку ги плаши другите да не му пресудат:

- А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!”
И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.

Второто убиство или во денешно време кажано геноцид, го извршува самито Бог со големит потоп:

- И се истреби секое суштество што живееше на земјата: од човекот до добитокот, и лазачите, и птиците
небески – се беше истребено од земјата; останаа само Ное, и оние, кои беа со него во ковчегот.

И дали и после ова во Десете Божји заповеди треба да важи:

- Не убивај!

Сепак има само една дилема. Дали Бог бил сам кога го создавал и уништувал светот или имал и „соработници“.
Ако бил сам зошто би нагласувал во заповедите:

- да немаш други богови освен Мене!

Дали од ова излегува дека верниците од други религии, според Бог, треба да бидат казнети:

,,Покажувам милост на илјадници кои ме сакаат и почитуваат а ги казнувам до трето и четврто колено оние кои ме мразат''

Од ова излегува дека никој не го мрази, туку самиот се оправдува за својте постапки и го заплашува израилскиот народ.
А дали знаеш колку пати е употребен зборот „уплаши“ и „плаши“ во Стариот завет? 26 пати!
Бог не бара да го почитуваш или да возвишуваш, туку бара само едно, да се плашиш:

- да се плашиш од Господ, твојот Бог, и сите Негови наредби и заповеди Негови, што (денес) ти ги кажувам,
да ги пазиш ти и синовите твои и внуците твои во сите денови на животот твој, за да живееш долго.

Од ова излегува дека оние кои веруваат во Бог, а не се придржуваат до Неговите зборови и заповеди, т.е. убиваат, силуваат, крадат ..., ќе бидат казнети на оној свет. Или пак можат да одат да се исповедаат и покајат за стореното.
Додека оние кои имаат „други богови“ овие заповеди можат да бидат и протолкувани како кривични закони и принципи во едно општество, и ќе бидат казнети на овој свет, со соодветна казна.
 
Ќе почнам од Потопот затоа што тоа со Каин не ја разбрав поентата.Бог не би бил Бог и не би бил нормален ако не интервенирал во човечката историја на таков начин.Со Потопот,со уништувањето на Содом и Гомор.Па види какви лудаци биле тие што живееле тогаш,и никој жив од нив не рекој ЕЈ ЛУЃЕ,ОВА ШТО ГО ПРАВИМЕ Е НАДВОР ОД СЕКОЈ ЧОВЕЧКИ РАЗУМ и никој жив не рекол ЛЕЛЕ ШТО ПРАВАМ,СЕ КААМ..
Види,мора да разделиш две работи,тоа што Бог го кажал дека го засакал човекот со вечна љубов и дека е спремен да му прости се ако искрено се покае(освен навреда кон Светиот Дух),тоа не значи дека Бог е глуп за некој овде на земјата да се замислува поголем и попаметен од него.Да како никој и ништо(што всушност сме сите ние),да мисли дека може планетата и спрема се живо да се однесува како на Дивиот Запад.Не,извини,да не биле такви лудаци и ретарди тие луѓе тогаш Бог сигурно од кејф немало да му текне да прави потоп,да ги уништува Содом и Гомор итн.

За соработниците,хахахаха... какви црни соработници!? Он тоа го кажува за да му укаже на човекот дека Он е првиот и последниот т.е единствениот Бог ,,Алфа и Омега,Почеток и Крај'' на се и сешто.Тоа е поентата на таа заповед,а не дека ова е грчка митологија па има сега Бог на љубовта,па овој другиот на убавината итн.

За ова со милоста и другите религии.Тажно ама многу вистинито,ако некако го поделиме светот на Запад каде што Христијанството е апсолутна мнозинска религија и Истокот(Азија,Африка) каде што мнозинството се муслимани и хиндуисти,тогаш на Запад Бог е 100 пати повеќе навредуван,негиран,омаловажуван и други негативни конотации од колку на Исток.Не треба статистики,студии,научни трудови да читаме.Прелистај ги само страните овде на Кајгана и види колку мрза има наспроти Бог ''од неговите''.Така да,тој дел од Библијата во главно се однесува на ''неговите'' а многу многу мал дел на тие што не се Христијани.

За плашењето,тоа е метафора,Бог сака да каже дека треба да се плашиш од него знаејќи дека си грешен за да се вратиш на правиот пат.Најважно,да се плашиш за да ти наследиш Вечен живот а не Он.Е сеа ако ти не сакаш тоа е твое право и избор.

За другото веќе објаснив во третиот параграф.
 
Поентата е ако Адам е создаден од Бог тоа би значело дека е негов син. Во тој случај Каин и Авел се внуци на Бог.
Кога Каин го убива Абел, Бог не го казнил со смрт, туку го пушта да си оди. А каде оди, кога во тој момент според Стариот завет на светот постојат само Адам, Ева и Каин. Дали има уште луѓе дојдени од друга страна?
- А Господ му рече: „Тоа нема да се случи; зашто, кој ќе го убие Каина, седумпати ќе се казни!”
И му стави Господ знак на Каин, за да не го убие никој, кој ќе го сретне.

Како што е во Библијата, Бог содавал се на светот. Па според тоа ја создал и грчката митологија и боговите што одат со неа.
Но има нешто интересно каде Бог вели за содавањето на човекот:

26 Потоа Бог рече: „Да создадеме човек според Нашиот образ (и) според
Нашето подобие како што сме Ние, кој ќе биде господар над морските риби,
над небеските птици, (над yверовите) и над добитокот – над целата земја и над
сите гадинки што лазат по земјата!”

Зошто Бог му дозволува на човекот да биде господар над целата земја и што е живо, а после го казнува затоа што не му бил верен?!
Тоа значи дека не бил задоволен од својата творба, па решил да го плаши, да го протерува и на крај метафорички да го удави во потопот.

Прашуваш зошто најмногу христијани го негираат постоењето на сопствениот Бог?
Одговорот е многу едноставен. Колку и да не сака Христијанството тоа да го прифати постојат работи од кои секој вистински христијанин
би се срамел. Еве неколку аргументи и факти:

- Деветнаесет крстоносни војни биле водени во име на бога и ослободување на Ерусалин. Милиони луѓе се убивани во име на Бог и ограбувани градови во име на Бог.
- Во средниот век познат е ловот на вештерки. Палени, линчувани преку 50000 најмногу жени од страна на свештени лица во име на Бог.
- Колонизирањето на Јужна Америка каде се уништени цели цивилизации (Инки, Маи) од страна на шпанците во име на црквата.
- Од Африка се однесени милиони робови да работат низ Америка и Европа. (Бог одобрува ропство во Библијата!)
- Да не го спомувам Третиот рајх и знакот што го имаа на знамето и зошто се уништени милиони животи.
Сега кажи дали најголемите злосторства во човештвото се направени од Христијанството или не?

Бог само еднаш направил потоп, ама до сега требаше да ја збрише цела планета доколку гледа од некаде!

Ама тоа не треба да го направи поради атеистите, туку поради верниците што го прават делата во негово име.
 
Си ги измешал работиве,права мусака си направил.
Внуци на Бог хахахахахаха.. ова прв пат да ти кажам слушам дека Бог имал внуци.Обично Библијата ги ословува луѓето со царски синови(Бог како Цар на целата вселена а ние негови деца) или едноставно Божји деца.Добро не го казнил Каин,па ? Ама го протерал во изгонување,го проколнал,а тоа е многу пострашно одколку да му ја земе душата на лице место или физички да го повреди.Што мислиш,што го чека Каин кога Бог ќе го воскресне на Судниот Ден ?

За тоа со образот,тоа е затоа што невидливото(ангелите,херувимите,серафимите итн) биле создадени пред видливото(човекот,животните,растенијата).Па кога го вели тоа Бог,мисли да создаде суштество според Неговиот лик и ликот на оние што ги создал а што веќе ги набројав.Што значи нема никаква митологија туку чисто твое непознавање на Библијата.

Ова со господаров ти е таква глупава констатација и прашање,што се мислам дали воопшто треба да се одговори... стравот на човекот од Бог на кој Он инсистира го има уште од самото создавање на човекот,и објаснив зошто.Му дал да господари зошто “Оддалеку ми се јави Господ и ми рече: со вечна љубов те засакав и затоа пристапив кон тебе со милост.” (Еремија 31:3).Само што тогашното мнозинство на луѓе на светот правеле такво зло што не би било нормално а да не бидат запрени.Ако ти мислиш дека Бог треба да дозволи анархија затоа што ти мислиш дека не бил задоволен од своите творби тогаш тоа е чиста глупост.И од социјален и од верски аспект.

И за последното,НЕ,ИЗВИНИ,ЛУЃЕТО ТОА ГО ПРАВЕЛЕ ОД СВОИ УБЕДУВАЊА И ПО СВОЈА ЛИЧНА ВОЛЈА.НЕМА ЗАПИС И ПОДАТОК НИ ОД БИБЛИЈАТА НИТИ ОД БИЛО КОЈА КНИГА КАЈ ШТО БОГ ВЕЛИ ДА СЕ КОЛОНИЗИРА ЈУЖНА АМЕРИКА,ДА СЕ ДИГААТ ВОЈНИ И ДРУГИ РАБОТИ.

Се тоа што го наброи се настани како резултат на ЧОВЕКОВОТО УБЕДУВАЊЕ.Кога ќе ми најдеш дел во Библијата кај што Бог вели ,,Колонизирајте ја Америка,убијте ги сите вештерки и оние што ги знаете и оние што не ги знаете'' тогаш дојди и кажи дека Бог го сакал тоа.Можам и ја во твое име да убием некого,ама сепак тоа е АКЦИЈА ОД МОЕ УБЕДУВАЊЕ а не ТВОЕ.
 
Смешо е. Едно е да веруваш, да знаеш или да сакаш!
Кога некој ќе каже не верувам во тоа што не го гледам.
- Добро, а дали веруваш во себе, затоа што не се гледаш самиот себе, дали значи дека не постоиш?
 
Ха, ха, ха ... Нели е смешно кога се негираш смиот себеси. Се вели: Исус - божјиот син!
Ама нема везе, поентата е зошто требало потоп, а не ги оставил луѓето да живеат проколнати. Нели е тоа пострашно.
Морало физички да ги снема за да мораат подоцна преживеаните да живеат во страв.

Се согласувам дека за сите масакри не е виновна верата, туку се виновни оние кои во нејзино име убиваат.
Од тоа се донесува заклучок дека ако убиеш човек, и истовремено држиш крст во рака, и велиш дека убиваш во мое име,
значи дека си чист пред бога?!
Или дека јас треба да одам во пеколот затоа што не верувам во Бог, а убицет верува во Бог, ама по СВОЕ УБЕДУВАЊЕ убива?!

За Америка и за многу други работи не пишува, но треба да се чита меѓу редови за да може верникот да го согледа светот во целина.
Како што многу работи не ги пишува, а атеистот секогаш добива одговор од верникот дека не може се да е напишано во Библијата.
Но за робовите пишува:
- а седмиот ден е сабота на Господ, твојот Бог: не врши во него никаква работа, ни ти, ни синот твој,
ни ќерката твоја, ни робот твој, ни робинката твоја, ни волот твој, ни магарето твое, ниту друг твој добиток,
ниту дојденецот што е кај тебе, за да си почине робот твој и робинката твоја, како и ти.

Освен за робовите, во Библијата пишува и за уште нешто:

- Да, и робот роден во домот твој, и купениот мораат да бидат обрезани, и
така Мојот завет на вашето тело ќе остане вечен.

- А необрезаното машко, на кое не ќе му се обрезе крајче од телото негово (во осмиот ден),
да се истреби од родот свој; таквиот го нарушил заветот Мој
.”

Дали секој верник треба да има РОБ и да го практикува обрезувањето на робот и машкото, или тоа треба да го прави по ЛИЧНО УБЕДУВАЊЕ?!
Сигурен сум дека ќе најдеш соодветен одговор на мојава „глупа“ констатација. Или можеби не сум разбрал што пишува?!
 
Фрагменти од Епот за Гилгамеш напишан 1700 г. прне.

Ти, човеку од Шурипак,
Утнапиштим, сине на Убар-Туту,
куќа дрвена согради,
како кораб согради ја!
Остави го богатството, живот барај,
презри го имотот, животот спаси го.
Во коработ животно семе од секаков вид донеси!
Веднаш кораб изгради.
Должината и ширината сразмерни да се!
Во слатководното море пушти го
и со покрив покриј го!
.................................................

Штом тоа време дојде,
владетелите на темнината стравотен дожд пуштија.
Го гледав невремето, стравотно беше!
Во коработ влегов и вратата ја затворив.
Големиот кораб на кормиларот му го препуштив.
Штом утрото осамна,
црни облаци ко гаврани се кренаа.
Сите зли духови беснееја,
светлината во темнина се претвори.
Татнеше јужен ветар,
водите бучеа и фучеа,
веќе до планините стигнаа,
над сите луѓе се истурија.
Брат брата не препознаваше.
.....................................................

Седмиот ден потпот попушти,
тишина беше како по борба.
Морето се смири,
злокобната бура стивна.
Времето сосем се смири.
Сите луѓе во тиња беа претворени.
Пусто и еднолично беше лицето на земјата.
Отвор отворив
и светлината лицето ми го плисна.
Паднав ничкум, седнав и плачев,
плачев, а солзи низ лицето ми течеа.
Во далечната водена пустина погледнав.
Гласно лелекав,
зошто сите луѓе изумреа.
По дванаесет двојни часови
остров еден се подаде.
Коработ кон ридот Нисир пловеше.
Налегна на него и остана така.
Шест дена брегот коработ го држеше
и не му даваше да се лула.
Штом седмиот ден настапи,
зедов гулаб и го пуштив.
Гулабот одлета и пак се врати.
Не нашол место каде да застане
и затоа се врати.
Ластовица зедов и ја пуштив.
Ластовицата одлета и се врати,
Не нашла место каде да застане
и затоа се врати.
Зедов гавран и го пуштив.
Гавранот одлета,
виде како водата пресушува,
чепка, колва и грачи
и веќе не се врати.
..................................................

Библијата е збирштина од се и сешто. Во неа има и благородни и ниски гледишта. Мислам дека е важно да се увиди дека Библијата е само човечка творба, во еден дел пишувана од луѓе кои имале подлабок увид во духовните работи, но во друг дел пишувана од обични политички манипулатори. Не дозволувај глупостите од Библијата да ти го поматат моралното чувство кое е единствената важна работа кога е во прашање духовноста.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom