Ipsissimus
P.I.
Научен факт.....Aман бе, човек! Она што ти го напишав јас во претходниот пост е научно втемелен факт, а ова што го пишуваш ти е мит од еврејскиот фолклор. Како можеле да бидат покриени и највисоките планински врвови? Знаеш ли колкава количина би претставувала таа вода и колкав притисок врз копното би создала? Сè испод себе би згмечила. Плус тоа, таа вода никаде не можела да отиде. Единствено би можела да биде повлечена од некое големо небеско тело кое би поминало во близина на нашата планета. Ама верувам знаеш дека после таква блиска средба, на земјата не би останал ни најпримитивен облик на живот.


Битие 7:
19. Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.
Значи потопот е преувеличување на локална поплава, а со оглед на тоа дека поплави се случувале и се случуваат секаде, секој народ има легенда за поплави и потоп?! Тоа сакаш да кажеш?Што направил Ное? Ное бил земјоделец. Тој веќе на од контактите со ловците-собирачи и од морепловците веќе дознал дека одредени крајбрежни региони веќе се проголтани од морето и дека истото може да ѝ се случи и на неговата Месопотамија.
Тој направил брод по инструкциите кои му ги дал Бог, внатре си ги ставил овците, козите, коњите, магарињата, камилите, кокошките, мисирките и други домашни животни. На бродот му се качиле и глувци и птици кои живеат во човечка близина како што се гулаби, гаврани, џивџани и ластовици.
Надошла огромна вода по текот на реките Тигар и Еуфрат, ги фатила на препад, изненадени и непотготвени жителите од местото кајшто живеел Ное и околните водоплавни места, и ги удавила. Ное со жена му, синовите и снаите се спасил, бидејќи веќе се качил на бродот по предупредувањето од Господ.
Во денешно време таква огромна поплава се случи 1998 во Бангладеш.
http://en.wikipedia.org/wiki/1998_Bangladesh_floods
Што така? Што е проблемот? Ако си во право, трошокот за патувањето ќе биде на мене, ако не, ти ќе го платиш! Се сомневаш дека реката ќе почне да тече наназад?P.S.: За жал, не сум во можност да ти правам друштво до Јордан.