Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Aман бе, човек! Она што ти го напишав јас во претходниот пост е научно втемелен факт, а ова што го пишуваш ти е мит од еврејскиот фолклор. Како можеле да бидат покриени и највисоките планински врвови? Знаеш ли колкава количина би претставувала таа вода и колкав притисок врз копното би создала? Сè испод себе би згмечила. Плус тоа, таа вода никаде не можела да отиде. Единствено би можела да биде повлечена од некое големо небеско тело кое би поминало во близина на нашата планета. Ама верувам знаеш дека после таква блиска средба, на земјата не би останал ни најпримитивен облик на живот.
Научен факт.....:pos::pos: Мене ме правиш будала или себе? Сите глечери да се стопат, целиот мраз да се стопи, нема теоретски шанси да го постигне ова:
Битие 7:
19. Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.
Што направил Ное? Ное бил земјоделец. Тој веќе на од контактите со ловците-собирачи и од морепловците веќе дознал дека одредени крајбрежни региони веќе се проголтани од морето и дека истото може да ѝ се случи и на неговата Месопотамија.

Тој направил брод по инструкциите кои му ги дал Бог, внатре си ги ставил овците, козите, коњите, магарињата, камилите, кокошките, мисирките и други домашни животни. На бродот му се качиле и глувци и птици кои живеат во човечка близина како што се гулаби, гаврани, џивџани и ластовици.

Надошла огромна вода по текот на реките Тигар и Еуфрат, ги фатила на препад, изненадени и непотготвени жителите од местото кајшто живеел Ное и околните водоплавни места, и ги удавила. Ное со жена му, синовите и снаите се спасил, бидејќи веќе се качил на бродот по предупредувањето од Господ.

Во денешно време таква огромна поплава се случи 1998 во Бангладеш.

http://en.wikipedia.org/wiki/1998_Bangladesh_floods
Значи потопот е преувеличување на локална поплава, а со оглед на тоа дека поплави се случувале и се случуваат секаде, секој народ има легенда за поплави и потоп?! Тоа сакаш да кажеш?
P.S.: За жал, не сум во можност да ти правам друштво до Јордан.
Што така? Што е проблемот? Ако си во право, трошокот за патувањето ќе биде на мене, ако не, ти ќе го платиш! Се сомневаш дека реката ќе почне да тече наназад?
 
Научен факт.....:pos::pos: Мене ме правиш будала или себе? Сите глечери да се стопат, целиот мраз да се стопи, нема теоретски шанси да го постигне ова:
Битие 7:
19. Водите поплавуваа сè посилно и растеа над земјата, така што ги покрија сите највисоки планини под небото.

Aко си уморен, не реплицирај. Одмори го мозокот:). Прочитај со разбирање што ти напишав и ќе видиш дека јас сакам да ти укажам дека Потопот е историски настан, но не онака како што го опишува Библијата (зашто Библијата не е книга по историја), туку онака како што го опишува науката. А науката вели дека нивото на морето нараснало за повеќе од 120 метри за 10 000 години од почетокот до крајот на топењето на ледот од последната глацијација, што можеш да видиш ии од дијаграмот:

holocene-sea-level-rise-graph.jpg

Што мислиш, која биле највисоките планини под небото за жител на рамната Месопотамија како што бил Ное? Да не мислиш дека биле Хималаите, Андите или Кавказ? Немој да ме смееш. За него највисоки планини биле некои околни височинки високи едвај 100 метри. Спореди со анегдотата за Шоповите кои велат:

  • There is nothing deeper than the Iskar River, and nothing higher than the Vitosha Mountain." (От Искаро по-длибоко нема, от Витоша по-високо нема!)

Taка и за Ное. За него немало подлабока река од потокот во неговото село и повисока планина од ритчето крај неговото село.

Значи потопот е преувеличување на локална поплава, а со оглед на тоа дека поплави се случувале и се случуваат секаде, секој народ има легенда за поплави и потоп?! Тоа сакаш да кажеш?

Koнечно!:bravobe: Токму тоа ти го кажувам цело време.

Што така? Што е проблемот? Ако си во право, трошокот за патувањето ќе биде на мене, ако не, ти ќе го платиш! Се сомневаш дека реката ќе почне да тече наназад?

Немам кого да оставам да се грижи за семејството.:(
 
Aко си уморен, не реплицирај. Одмори го мозокот:). Прочитај со разбирање што ти напишав и ќе видиш дека јас сакам да ти укажам дека Потопот е историски настан, но не онака како што го опишува Библијата (зашто Библијата не е книга по историја), туку онака како што го опишува науката. А науката вели дека нивото на морето нараснало за повеќе од 120 метри за 10 000 години од почетокот до крајот на топењето на ледот од последната глацијација, што можеш да видиш ии од дијаграмот:

holocene-sea-level-rise-graph.jpg

Што мислиш, која биле највисоките планини под небото за жител на рамната Месопотамија како што бил Ное? Да не мислиш дека биле Хималаите, Андите или Кавказ? Немој да ме смееш. За него највисоки планини биле некои околни височинки високи едвај 100 метри. Спореди со анегдотата за Шоповите кои велат:

  • There is nothing deeper than the Iskar River, and nothing higher than the Vitosha Mountain." (От Искаро по-длибоко нема, от Витоша по-високо нема!)

Taка и за Ное. За него немало подлабока река од потокот во неговото село и повисока планина од ритчето крај неговото село.

Koнечно!:bravobe: Токму тоа ти го кажувам цело време.
Историски настан е случка забележана од историчарите, ти мешаш митови и легенди и за истите тврдиш дека се историски настани. Или манипулираш, или немаш поим што е што.
Локални поплави одсекогаш имало и секогаш ќе има, но повеќето христијански деноминации ја прикажуваат приказната за потопот како буквален - глобален настан. Мислам дека не си толку наивен како што сакаш да се прикажеш....
 
Тие повеќето христијански деноминации што го сфаќаат потопот буквално немаат блага врска со христијанството. Тие се следбеници на самопрогласени пророци како што се Елен Вајт, Чарлс Тејз Расел, Џозеф Смит и ним сличните.

Ако тие се вистински христијани, тогаш би знаеле што вели Исус Христос. А Он кажува вака:

11. Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител; но најмалиот во царството небесно е поголем од него.
12. А од деновите на Јована Крстител па досега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат,
13. зашто сите Пророци и Законот беа пророкувале до Јована.

Пророците од Стариот Завет пророкувале за доаѓањето на Месијата. Јован Крстителот бил последниот од нив.

После отелотворувањето на Господ Исус Христос, Неговиот живот, Неговото страдање и Неговото Воскресение нема апсолутно никаква потреба од пророци. А и што би пророкувале?

Дури и пред доаѓањето на Антихристот нема да се родат нови пророци, туку ќе слезат старозаветните пророци Илија и Енох кои живи биле вознесени на Небото.
 
Последно уредено:
Тие повеќето христијански деноминации што го сфаќаат потопот буквално немаат блага врска со христијанството. Тие се следбеници на самопрогласени пророци како што се Елен Вајт, Чарлс Тејз Расел, Џозеф Смит и ним сличните.

Ако тие се вистински христијани, тогаш би знаеле што вика Исус Христос. А Он кажува вака:

11. Вистина ви велам: меѓу родените од жена не се јавил поголем од Јована Крстител; но најмалиот во царството небесно е поголем од него.
12. А од деновите на Јована Крстител па досега, царството небесно насила се зема и силните го грабаат,
13. зашто сите Пророци и Законот беа пророкувале до Јована.

Пророците од Стариот Завет пророкувале за доаѓањето на Месијата. Јован Крстителот бил последниот од нив.

После отелотворувањето на Господ Исус Христос, Неговиот живот, Неговото страдање и Неговото Воскресение нема апсолутно никаква потреба од пророци. А и што би пророкувале?

Дури и пред доаѓањето на Антихристот нема да се родат нови пророци, туку ќе слезат старозаветните пророци Илија и Енох кои живи биле вознесени на Небото.
Значи @MIKI1 не е христијанин?
 
..... кои живи биле вознесени на Небото.
Не би можел да ја визуелизирам ситуацијава. Ако небото(рајот) е исто 3Д универзум како се случило ова префрлање. Се дематеријализирале или како?
Од друга страна што станува со тие што по судниот ден ќе отидат во рајот.....дали ќе им се врати телото и на која возраст. Што правиме со сите дефекти во нашата ДНК?
Може да се набројува до бесвест.
Тоа се технички ствари на кои мора да се даде осврт на истите, инаку ништо од муабетот :)
 
Дури и пред доаѓањето на Антихристот нема да се родат нови пророци, туку ќе слезат старозаветните пророци Илија и Енох кои живи биле вознесени на Небото.
Според зборовите на Исус, Антихристот требало да дојде додека сеуште биле живи оние на кои им проповедал:
Марко 13:
30. Ве уверувам дека оваа генерација нема да помине, додека се ова не се збидне!
 
Не би можел да ја визуелизирам ситуацијава. Ако небото(рајот) е исто 3Д универзум како се случило ова префрлање. Се дематеријализирале или како?
Од друга страна што станува со тие што по судниот ден ќе отидат во рајот.....дали ќе им се врати телото и на која возраст. Што правиме со сите дефекти во нашата ДНК?
Може да се набројува до бесвест.
Тоа се технички ствари на кои мора да се даде осврт на истите, инаку ништо од муабетот :)

Небото (Рајот) не е исто 3Д универзум, па затоа не можеш да го визуелизираш:).

Телото ќе им се врати после Судниот Ден. Дотогаш само душата ќе има привремено престојувалиште (Трето небо или ад), а по Судниот ден, душата заедно со нејзиното тело ќе има вечно престојувалиште (Рај или Пекол).
Што се однесува до староста и до дефектите во ДНК-та, читај во 1.Коринтјаните 15 глава:

47. Првиот човек е од земја, земјен; вториот човек е Господ од небото.
48. Каков е земниот, такви се и земните; и каков е Небесниот, такви се и небесните;
49. и како што го носиме обликот на земниот, така ќе го носиме и образот на Небесниот.
50. А ова ви го велам, браќа, дека телото и крвта не можат да го наследат царството Божјо, ниту распадливоста ја наследува нераспадливоста.
51. Еве, тајна ви кажувам; сите нема да умреме, но сите ќе се измениме,
52. одеднаш, во еден миг, при последната труба; ќе затруби, и мртвите ќе воскреснат нераспадливи, а ние ќе се измениме;
53. зашто распадливото треба да се облече во нераспадливо, а смртното – да се облече во
бесмртно.
54. А кога распадливото се облече во нераспадливост, и смртното – во бесмртност, тогаш ќе се збидне зборот напишан: „Победата ја проголта смртта”.
 
Тогаш како биле живи вознесени, кога ова земско тело нели не е компатибилно со рајот?
Што правиме со умот, кога и тој истиот иако како засебен ентитет не постои ама еве да го земеме како збир на мисли во конкретен момент е врзан со телото. Тело-Ум поточно кажано, тоа е некоја спрега на информација и материја. Во која едното може да го смени другото и обратно, да не зборам за хормони и слични ствари :)
 
За ова второво,сме се оправале 50 страни и пак и пак истото прашање.Дали стварно не сакаш да разбереш или неможеш тоа не знам,немам дарба на јасновидност,ама сум ти кажал дека човекот му е дадено ДА БИРА.Разбираш ДА БИРА-СЛОБОДНА ВОЛЈА има.Бог го дозволил тоа зло и поквареност на луѓето зошто еден ден 90% од нив како и ти и овие другиве сега јунаци,кога ќе се појават пред лицето на Бог ќе немаат лице кое ќе може да го дигнат за да го погледнат заради своите дела иако тогаш ќе имаат за прв пат од нивното постоење ексклузивна можност да му го видат лицето.Ете тоа е филозофијата,никогаш не си отворил една единствена страна од Библијата па не знаеш дека Бог во еден момент вели ,,Еве ставам денеска пред тебе живот или смрт а ти одбери,јас ти предложувам да одбереш живот''.Кога ќе ја сфатиш целата филозофија на овие зборови нема да поставуваш веќе вакви глупи прашања.
Не сум јас тој што неможе да разбере. Милион пати ви е објаснето дека слободната волја не е аргумент. Примерот со педофилот совршено ја доловува таа поента. Ако педофил и обичен човек се најдат во идентична ситуација во која имаат можност да злостават дете, само педофилот ќе го злостави, но тоа незначи дека обичниот човек нема слободна волја! Што значи не е слободната волја причина за таа негова одлука, туку особината што го прави педофил! Токму поради тоа, оправдувањето за постоењето на злото поради слободната волја е глупост, е фаличен аргумент!
Ако Бог е причина за се, ако е креатор на се, тогаш во него лежи одлуката да допушти зло! Ако пак тоа што го допуштил има своја улога и причина зошто е допуштено, тогаш не е зло, и како такво може да биде перцепирано единствено од оној што неможе да ја согледа целата "слика"! Ако пак Бог неможел да го предвиди или спречи злото, тогаш не е семоќен или не е сезнаен! Што значи дека не е Господ!
 
Слободната волја е факт а не аргумент,ако ти ја рачунаш како аргумент тогаш тоа е твое интимно право.Гледаш дека глупава ти е споредбата ? како ти тоа знаеш дека обичен човек неможе да се ''полакоми'' и да изврши такво дело ? Па педофилите другар исписмус се баш најобични луѓе кои никогаш пред тоа не покажале индикации кон такви работи,изопаченоста неможе едноставно да се предвиди,или ти имаш дарба да процениш дали е некој изопачен или не ? Ова е исто како да кажеш,само да погледнам некого знам дали е хомосексуалец или не.Како знаеш ? на чело му пишува ? му ги чуствуваш емоциите ? Примерот со педофилот неможе по никој основ да се земе во случајов како пример,затоа што не постои научен доказ за гаранција дека обичниот човек неможе да направи работи такви работи.Напротив,психологијата многу јасно кажува дека оние што се обични всушност се најзаебани во опшеството.
Да,Бог допушта зло,тоа е факт,допушта зошто нема уште многу да го трпи истото и затоа што истите ќе одговараат пред него.Филозофијата на Христијанството и она Исус што го говорел е дека овде на овој свет сите се гости,Исус не вика за џабе ,,Собирајте БОГАТСТВО за на оној свет''.Има една реченица која вели ,,Бог е спор на гнев'',тоа значи дека Бог ги казнува и на овој свет оние кои СТВАРНО заслужуваат да бидат и овде казнети за своите дела,патем и самиот Бог вели ,,Покажувам милост на илјадници кои ме сакаат и почитуваат а ги казнувам до трето и четврто колено оние кои ме мразат''.Ова значи дека оние што го сакаат Бог се држат до Неговите зборови и заповеди,КОЛКУ ТОЛКУ за разлика од оние кои непоколебливо се против Него и се што кажал.
 
Според зборовите на Исус, Антихристот требало да дојде додека сеуште биле живи оние на кои им проповедал:
Марко 13:
30. Ве уверувам дека оваа генерација нема да помине, додека се ова не се збидне!

Oвде ги имаш одговорите на твоите недоумици:

http://www.thingstocome.org/whatgen.htm
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom