- Член од
- 14 април 2008
- Мислења
- 1.257
- Поени од реакции
- 914
Македонија и македонскиот народ не ги уништиле ниту турците, ни бугарите, ниту србите... Никакви, освојувачи, империи, идеологии и пропаганди, но партиите можат да не уништат. Сите споменати закани се надворешни, но ова е внатрешна и е неограничена во растот на деструктивната моќ врз нацијата. Партискиот систем (pars - дел) во основата значи постојана поделеност и судири во народот.
24. Ако едно царство се раздели на делови, еден против друг, тоа царство не може да се одржи;
25. и, ако еден дом се раздели на делови, еден против друг, тој дом не може да опстане;
Марко 3
Ако се проучува, колку е посилна некоја западна држава-империја ќе се види дека поделбата на партиите е само привидна или покрај разградувачкото и уништувачкото дејство на партиите постојат и обединувачки елементи на политичкиот систем. Така штетните ефекти на националните поделби и судири по партиска основа се отстранети или значително ублажени, а партиското соперништво и политичките амбиции се искористени во полза на нацијата. Политичкиот систем на САД во основа е монархија, само без крал. Целата правна организираност на државата е пресликана од Обединетото Кралство. За да не излезе изневерена борбата против британскиот крал одлучиле наместо крал да постават Претседател со големи надлежности. Настрана од сенаторите и гувернерите, во САД нема избори за администрацијата. Се избира еднаш за секогаш од горе и по потреба се менува од горе. Само при појава на притисок во јавноста, при големи пропусти, оние од горе може да се „принудени“ да го сменат функционерот што потфрлил.
За разлика од тие политички системи овде имаме гол партиски систем каде правно неограничената моќ на партиите им овозможува да дојдат до ниво на збесната неодговорност во злоупотребата на моќта и изживување над граѓаните. Во изминатите 24 години правно се затворени сите дупки за било какво иницијатива одоздола за влијание врз „избраните“. Почнувајќи од избори зависни од финансиската пропагандно-медиумска моќ, се до ради реда одредби (како референдум) што се практично неостварливи.
Партиите безобѕирно и без размислување влегоа и во најсветите национално-обединувачки основи како што се: црква, бранители, врховни судски инстанци, младина, спорт и внесоа поделби и раздори во секоја сфера од живеењето.
Што ќе се случи со македонскиот народ ако не успееме да ги надминеме партиските поделби?
Не споменувајте ВМРО, СДСМ или било која партија зборуваме за суштествената слабост на системот кој потроши половина од социјалистичкиот период, а не ни профункционира во обезбедувањето ниту на основна праведност, ниту некаква економска сигурност. Кои се правните решенија кои треба да се внесат за да се ограничи партиската разградувачка моќ врз единството за да се поправи сликата во националната состојба.