- Член од
- 22 јули 2010
- Мислења
- 32.528
- Поени од реакции
- 81.967
Само едно ќе ти кажам и верувам дека ќе ме сфатиш.Сакаме да спречиме непотребен испит кој е творба на задни политички намери, или сакаме да спречиме учениците да научат, да го добијат тоа за кое платиле од автономните универзитетски професори кои толку ги спомнуваат? Бидејќи не пробуваме да спречиме функционирање на факултетите, нели? Која е логиката? Јас не одам против факултетите во никој случај, зошто би ги попречувале?
Па ако дојде до ситуација да се бира, дали да се учи и да се има испит, или воопшто да не се учи и да нема испит (т.е да бираш поголемо зло во таква апсолутистичка дилема, без компромис), јас би избрал да си научам, па сега кој како сака. Ако некој е спремен да го ризикува тоа во име на движењето, ете јас не сум. Ако тоа е генералниот став на движењето, тогаш јас не го поддржувам. И ако некој мисли дека он е над мене, дека има право со мегафон да ми труби над глава за да ме спречи во мојата цел, додека истовремено ми кажува да мислам со своја глава и да не дозволувам други да ме користат за свои цели (алудирајќи на владата), тогаш тој не е ништо подобар од она против кое се бори, т.е спроведува иста мерка со различна цел.
Кога ти даваат можност да бираш две зла, не одбирај ниту едно.
Зло е зло.
Ова на кратко, зошто комплетно си ја промашил поентата на мојот пост.