Криминалниот фонд за здравство не одобрува пари за малата Тамара!

Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Она што е најболно, и најкриминално според мене во случајов ... е што девојчево што замина, замина ... Цел реферат со пцовки и клетви треба да пишам за да во мал процент се изразам како се осеќам за целата таа ситуација. Трн во око ми е што во овие два дена, повеќе медиумско покривање доби случајот на Тамара од целите две до три години откако мајката моли на колена за помош од мочаните институции кои треба да постојат за да им излезат во пресрет на души како Тамара. И за што е целото медиумско покривање? Да гледавме низ спортска призма истово ќе беше фудбалски меч, буквално. Префрлање на топката на вина една на други, успатно Пуч, Зајец Њупагади, he said she said танго со рандом ликови од ЕУ кои реално се небитни како медиумска вест. И на крај кој дал гол? ВЕМЕРО.

Да беше во тек се уште хуманитарната акција со донации од јавноста и да имаше вакво медиумско покритие какво што има деновиве веста, но наместо местење огради од дворот на одговорност што им е, да беше за да се извести поадекватно целиот народ, малку медиумски притисок да се помогне, луѓево ќе имаа пари и за операцијата/операциите, и за идење, и за враќање, and then some. Но не, кај нас ќе цркне кокошката, па после ќе ги плачеме неснесените јајца.

Кој сака нека ми суди, ама и ебола е преблага ствар да фатат створовиве што се на власт. Сите до еден. За ваква трагедија не се виновни индивидуи. Жртвени јагниња (дали носат вина, делумна или не, не ни требаат). Цела машинерија е отерана у пичке си матер. Тодоров? Што дека го симнат Тодоров, утре друг Тодоров ќе стават. Ако не чини он, или другиве глави на Хидрава власничка по минстерствава, што ќе донесе тоа што ќе си дадат отставка? Ако навиката и праксата покажуваат дека ставаат некомпететни (благо речено!) луѓе на тие позиции, филтерот за квалитет нема да го менуваат во блиска иднина. Она што треба е да се симне Власта. И да има некој за нијанса поасален да ги замени (бидејќи моментално нема, а опозицијата и остали партии се бедни и патетични како алтернатива). Некој трет да никне, за промена. Онака нешто подобро шуќур да видиме. Барем за нијанса .... Еј, еееееј, до тоа дереџе стигнавме! За нијанси да молиме!

Треба по кичма убаво да ни мавнат. Ама убаво да не мавнат, да не скршат. Некој. Некои. Да редиме после одново пршлен по пршлен. Вака заеби. Ако 'рбетот не чини, каде? У гроб бате. У гроб. И тој гроб скапо ќе го платиш. Со пот, крв, солзи. И пот, крв, солзи на најблиските. Не те вади од гроб замрсената нинџа манџа на Тодор Ни(к)че, фантомските инвестиции и фотогеничните насмевки на дон Грујот, или ветувањата за задоволена правда на Шеќерната невеста. Се случило што се случило. тркалото тера даље, а на гнидиве на власт тркалово им тера 120 на саат. Ни за тебе, ни за мене, ни за некој трет ќе подзапрат. Дур не им дојде оган под гз. А за да им дојде некој треба да го запали. А за да го запали, треба од дома да излезе (како што кажаа неколку члена претходно). Па истомисленици, ако толку ви е скурчено, да излеземе, а? Или да се видиме пак на темава или некоја слична на неа кога пак вакво срање ќе се случи?
 

AceCaleb

Деспот на Адот
Член од
31 декември 2007
Мислења
5.850
Поени од реакции
11.075
Млатење празна слама, still going on ;)
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
http://fokus.mk/sofijanova-od-fondot-za-zdravstvo-mi-se-javija-da-go-potpisham-negativnoto-baran-e/

И понатаму мислам дека е она најмалку виновна за целава оваа драма, знам за многу случаеви каде што лично се залагала за нејзините пациенти, само да потсетам дека беше до Најден дење и ноќе, го гледаше како свое дете, а @Bafra како родител на нејзин пациент, истото го сподели неколку страни поназад.

Ете, такво ми е мислењето за неа, не знам.

А се остало, на чело со Тодоров, мрш, што подалеку.
Нема нешто што фати, да не усере.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
18.209
Поени од реакции
21.944
Значи каква способност имаат некои да се оградат тоа чудо едно. Од фондот им сугерирале. И што со тоа? Демек од фондот ни рекоа и толку. Не сме ние криви, така ни рекоа. Ами зошто формирале комисија . Каква улога има таа комисија кога некој друг им ги носи одлуките. Ако била таква работата што барале да членуваат во таа комисија. Имаат тие свое јас или немаат. Доктори се или што? Чувствувала морална одговорност. Ај таа чувствувала, другите специјалисти каде се. И тие се чувствуваат морално одговорни. Абе ако сметале дека треба да оди на лекување во странство и самиот премиер да им се јавеше требало да речат Не, пошто тоа им е работа во комисијата. Да одлучат и нивното да биди последно и да стојат позади тоа. Е сега нека си стојат за одлуката на која стои нивниот потпис. Имале време неколку пати да си ја сменат одлуката и не ја смениле. Имале време ако не се согласуваат а биле принудувани да си дадат оставка од таа комисија. Имале време да си дадат оставка и ако не се согласувале со процедурата. Е тоа е морално однесување, се друго е чукање празна слама.
Доктори сега е малце касно за морална одговорност и оставка. Сега е време за кривична одговорност и откази. Следните што ке дојдат во таа комисија ( и во било која друга) да подразмислат два пати дали се таму колку да се потпишат и да тепаат време додека некој друг одлучува во нивно име и да се оградуваат од секаква одговорност или нивната погрешна одлука и потпис може итоа како да им го згорчи животот како што и тие им го загорчуваат на невините пациенти кои во нив гледаат последна надеж.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.988
Поени од реакции
16.043
Знаеш ли колку пациенти ќе се пратат во странство со 18 милиони евра (предвидени за изградба на панорамско тркало) ?
Да не збориме за илјадниците други капитални срања за кои се фрлија милиони и милиони. Аек се пуни со пари си даваат плати од илјадници евра а нели треба да се непрофитаблни, што не се најде паметен да рече дај бе да ги пренасочиме сите профити од тие квази агенции за здравството. Не ни е здравството од вчера болка. Од секогаш ни е.
Овој случај беше медиумски покриен па предизвика револт и каква таква реакција. А колку ли има такви што не стигнале по медиуми а луѓе испоумирале поради лекарска несовесност и поради трулежот на целиот систем. И кај се оние од темата за тоа колку Numbeo е нерелевантен извор што не смести на дното на Европа во квалитет на здравството. Се кријат како глувци, едно сочувство не изразија. Уште тука читам приказни опзицијата профитала на туѓи трагедии. Или причата на сител дека родителите се среќни што им биле одобрени средства за другото дете. Абе мизерија, мизерија, беда сме од народ. Ми се блуе више од државата.
deka ima mnog spomenici ima, ama spomenik ne e samo toj mrtviot, ušte pološo e spomenik-fabrika so ednočudo luđe što baraat plata a takvi imaše stotini, nekoj upte trošat debeli pari; t.e. sakam da kažam zdravstvoto treba da se finansira tekovno, od doprinosite na site građani, t.e. na socialen način, toj što ima pogolema plata izdvojuva poveće, bez razlika dali voopšto odi na doktor. E tuka mi smeta što istite plukači vo isto vreme kritikuvaat zošto nema pari za praćanje bolni vo stranstvo a kritikuvaat i zošto da se odbiva za zdravstvo od honorarite. No ne se sekogaš samo parite vo prašanje, tuka često ima i profesionalna stavovi na doktori koj ne poznavaat ili ne "priznavaat" nekoj bolesti ili ne gi znaat možnostite vo svojata država i grad. Prvo da navedam za skoliozata, lično ležev vo bolnica pred 10 godini i praev muabet so vojnik ( pred ukinuvanje na zadolžitelno služenje) koj čekaše na komisija za da bide osloboden, sakam da kažam so polesen slučaj na skolioza bil praten da bide vojnik. A ke navedam eden drug primer, od Hrvatska, na detence od-6 godini mu vleze vo gradniot koš mlečen zab; negoviot doktor ne znael deka vo nekoj kliniki vo Zagreb imaat specijalni vakuumski uredi za vadenje strano telo pa go upatil vo obična bolnica koja nema takov ured i ne možeše ništo da napravi, izgubeno e dragoceno vreme pa slučajot završi na mnogu rizična operacija koja za sreća dobro završi.
Sakam da kažam ne samo dali ima ili nema pari, tuku ima nekoj kriteriumi i regulativi što fondot odobruva, a tie ne se praveni od včera. Eve najnovo se krena galama deka rodilkite insistiraat na carski rez, demek ako ne se odredi striktno da ne se pravi. No dali ako rodilkata odi vo 100% privatno rodilište nema da i napravat carski rez??
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.362
Поени од реакции
81.667
Третото утро без Тамарa
прочитано 7,346 пати
12-02-2015 10:19:22



Окотомври 4-ти 2012. Утро. Ме буди музиката од телефонот на кој се појавува непознат број. Си помислувам, пак ли некој „досаден“. Треперливиот непознат глас ме премислува. Раскажува за девојче болно, за некаква си болест која прв пат ја слушам, за потреба од помош. Работните обврски како дописник од Велес не ми дозволуваат да ветам дека веднаш ќе успеам да се сретнам со луѓето на кои им е неопходна мојата помош. Попладнето го снимам есклузивното интервју за кое мислам дека ќе ме однесе еден степен повисоко во мојата новинарска кариера и ги собирам последните сили да заѕвонам кај Жаклина.

Звуците од детската песна „Јаболче или крувче“ оддекнуваат во далечината по сокакот по кој се движиме до куќата на Димовски. Со снимателот Димче убедени сме дека таа е вистинската порта. Не пречекува срамежливото анѓелско лице кое исплашено од непознатите гости се покрива со рачињата. Игра, песна, приказна за моите внуки. Тоа се методите да се зближиме со седум годишната Тамарче. Ситна во растот, игра но накривува поради едното покусо ноже, а и покрај широката маичка се познава благата кривина на телото.

Се обидувам да не се загледувам премногу во деформитетот на детето. Разгледувајќи ги документите си помислувам, овде има приказна. Рентген снимката во која се гледа металната шипка која го искривила рбетот е запрепастувачка. Малку разговор, запознавање и следува снимањето. Детскиот немир не и дозволува да мирува, па ми пречи во работата, го зема микрофонот се заигрува со кабелот. Никогаш не сум можела да бидам строга со деца, попустлива сум и како и на сите и дозволувам да пее на микрофонот.

Објективот е подготвен за мачната приказна за малата Тамара. Жаклина раскажува за нејзината голгота, а јас не си дозволувам да ме совладаат емоции. Работата е завршена. Прегратка за збогум оти нема одење, заедно со сестра и Теона се препрека на вратата.

Следниот ден приказната е готова за јавноста треба да ја запознае Тамара. До затворањето на вести одговор од институциите за тоа каде е закочена процедурата за случајот Тамара, нема. Моите дома се подготвени да го изгледаат прилогот за кој цел ден ги игнорирам. Половина чес после третото издание ѕвони телефонот. Се преставува портпаролот на Министерство за труд и социјала, ме прашува сум имала некој прилог разбрал нешто, но да му дообјаснам. Отакако ме ислушува ми вели дека тоа не е за кај нив, здравство е адресата на која треба да се обратам иако во прилогот воопшто тие не се повикани. Ми вели единствено можеме да помогнеме со 500 евра еднократна помош, пари кои никогаш не легнаа на сметката на Димовски. Брзо низ Велес и социјалните мрежи се прошири убавиот глас дека ете барем некое министерство се јавило, а работата е завршена. За жал радоста ги краси само оние кои не сватиле добро.

Ден, два, три. Во исчекување и вртење телефони за да се огласи некој од повиканите. СМС пораката која ја добивам најавува посета на Тодоров во Здравствен дом Велес. За мене доволен аларм за продолжување на приказната. Но, совеста не ми дозволува да премолчам. Па решението на проблемот ќе биде само на 200 метри од куќата каде Тамара живее. На мојот повик Жаклина избезумено дотрчува и заедно со новинарските екипи го очекува министерот. Пред камерите се преставува дека е мајка на болното девојче, а спасот е во него. Очекувано повлечена е на страна за овој незгоден за министерот разговор да не се води пред новинарите. Не одговара ниту на моето прашање, го избегнува со поглед впрен во другите колеги. Сепак Жаклина малку е охрабрена, министерот се запознал со проблемот и ветил дека ќе се „заложи“ за Тамара да добие операција на државна сметка.

Месец, два. Пред Нова година училиштето на девојчето организира хуманитарни акции за барем малку да му се помогне на семејството. Помош од државата се уште нема. Се обидувам да помогнам да ја заборави болката во грбот. Исто колку што се радува на подарокот барбика со крила кои светат и јас се радувам на нејзината насмевка предизвикана од добиениот подарок.

Февруари 19, 2013 конечно решението е тука. Успеавме. На среќата и нема крај. Се чувствувавм како да сум го спасила светот. Но ,трае кратко. Проблеми со слободни термини за лекарот од Хрватска не мачат сите. Конечно во Август е договорено да дојде др Ковач од Хрватска кој треба да ја изведе операцијата во Филип Втори. Ама залудно. Бронхитот во градите е посилен од желбата па високата температура не дозволува операција. Неколку месеци голгота, за во декември конечно студениот метал да се извади надвор од телото.
Нови маки, за Димовски. Одново треба да се помине административната процедура за нова операција со која Тамара би се исправила. На Жаки и помагам во пишувањето маилови во странство, барањето болници, испраќањето документи. Често знае да ми се јави, да се жали и фали. Што е и до каде е работата. Во меѓувреме се обидува преку многумина да најде нашинци во странство кои можат да помогнат.

Април 2014 започна втората голгота на Жаки и малата Тамара. Барањето за конзилиарно мислење е испратено, а таа речиси секојдневно моли по сите институции и клиники. Одговор од докторите нема. После големите притискања сепак го добива. Процениле, нема кој од нив што е стручен за случајот Тамара. Странство е решението кое го препорачуваат на нивните колеги од комисијата во Фондот.

Октомври. Веќе живеам и работам во Скопје. Ѕвони Жаклина и ја испукува лошата вест. И второстепената комисија ја одбила нивната жалба на негативното решение на првостепената. Тимот доктори им напишал дека има каде во земјава да се направи операција, странство не е потребно. Се прашувам како е возможно, кога претходно нивните колеги кренаа раце од Тамара. Ова е доволен аларм за нова приказна.

Во собата на Тамара се е исто, дури и таа останала иста. Ситна, не пораснала се искривила дупло. Нејзината една година помала сестричка веќе ја надминала во растот и развојот. Овој пат кривината на рбетот изгледа уште позапрепастувачки. Едвај седи на стариот тросед, потпрена на нозете од мајка си. Тетка Биле и чичко Димче не се веќе непознати па нема страв од камерата. Си разговараме, како е на училиште, може ли се уште да танцува во „Анабела“ раскажува што добила а што сака да добие за подарок. Повторно силна прегратка за разделба.

Се е исто како пред две години. Ретко кој од надлежните крева слушалка, оние кои еднаш ги добив и им кажав за што ги барам следниот пат веќе беа недостапни. Сепак убедена сум дека ќе одам до крај. Речиси цела редакција е згрозена од односот на државата кон девојчето кое не го познаваат но само преку снимиките успеа да ја придоби нивната наклонетост.

Јавноста е шокирана. Напливот од коментари на социјалните мрежи е огромен. Тамара е главна вест и по сите интернет портали. На сите обвинувањата им се насочени кон институциите. А, тие молчат. Ги нема и следниот ден, ги барам, но не успевам да ги добијам. Ги прозивам во прилог на вести, но не ги допира.

Истражувам, разговарам со лекари и доаѓам до информација дека се подготвува спинален центар за сколиози кој треба да биде отворен за два месеци. Си велам можно ли е ова да е причината за одлагањето на операцијата на Тамара. Ја чуваат ли за да се сликаат покрај неа. Доктори ме убедуваат дека имаат стручни колеги во земјава, за кои ова би било „боза“ операција. Повторно контрадикторност. Зошто тогаш во конзилијарното мислење го напишале спротивното? Се што дознавам објавувам, но официјална изјава нема од никој.

Ден, два, три. Еден од директорот на фондот најавил настан. Се разбира го добивам и итам со мисла да го прашам за случајот Тамара. Вистински погодок. Ми ја потврдува информацијата дека се чека сколиоза центарот. Се запрашувам луѓе ли сте, популизам на грбот на Тамара ли ќе правите?

Ден по тоа. Веројатно погоден од насловот кој осамна на вестите Министерот ќе се појави на детска клиника. Кусо време пред почетокот е најавен, а јас веќе сум на протести километри далеку од клинички. Колегата Павле за прв пат добива „нарачано“ прашање од мајката на Тамара. Дали ако се најде на нејзино место, Министерот ќе го чека спиналниот центар. Ја гледам снимката од одговорот и не ми се верува. Не е етичко прашањето што сме му го поставиле. Ова го кажува во негов стил, замолчува за секунда по што вели, лично ќе се заложел за случајот, ќе се решел. Поучена од досегашните искуства дека не сите ветувања се исполнети не избрзувам со среќата ама сепак ми е мило што еден чекор сме понапред. Истата изјава и по еден ден ја повторува од Тетово. Си велам, добро е.

Повторно започнува административниот лавиринт. Насоките од Тодоров се дадени ама без нови документи случајот не може да се реши и порачале на Жаки. Ја убедувам дека овој пат многу побрзо ќе завршиме и да ме известува за сите нови моменти.

Лавината од хуманост која го зафати Велес не може да се запре. Хуманитарниот концерт и покрај најавата на Тодоров сепак ќе се одржи. Велешани сакаат да учествуваат во лекувањето на Тамара. Но не сите. Започнуваат притисоци дека и не мора да се организира концерт кога ете веќе Тодоров најавил дека ќе се реши работата. Децата кои секојдневно трчаат за да и ја исполнат желбата на Тамара, Даниел Кајмаковски да пее на концертот ме известуваат. Сепак половина од собраните средства морале да одат за детското одделение во велешката болница, инаку салата каде ќе се одржува концертот нема да биде слободна за Тамара. Не ми се верува што слушам. Ме запрепастуваат и пораките до мене, да ја оставам Жаклина, да се повлечам од приказната оти мајката и не е баш за верување, „не е добра“ со умот. Не можам да поверувам на ушите. Таа пак секојдневно трча по здравствените институции ги собира документите, бара докторите да ја прегледаат Тамара за да ја најдат вистинската болница во странство за неа.

Анѓел си ти, оддекнува гласот на Кајмаковски во салата во која стотици велешани дојдоа да ја поддржат Тамара. Престудено е, затоплување нема, осветлувањето минимално. Се штеди. Сепак заслепува сјајот од очите на Тамара.

Ги броиме деновите и постојано се прашуваме зошто се уште нема никакво решение. Се распрашувам, но не добивам одговор. Тамара губи драгоцено време, здравјето и се влошува, Жаки вели дека не може веќе ниту на школо да оди. Доволно за нов прилог за да ги размрда тромавите институции. Уште не објавен ме претркуваат. На МИА стигнува вест дека фондот решил Тамара да се лекува во турска болница за 20 илјади евра. Си велам поевтино од понудата на др Ковач во Хрватска која чинеше 30 илјади евра. И Жаклина е затечена оти од сите болници кои таа ги понуди фондот ниту една не прифати.

Следуваат денови кога секој ден се обидува да дознае детал повеќе за болницата за лекарите под чиј нож ќе легне нејзиното дете. Но не успева. Коечно директорката на Фондот доаѓа во Велес во посета на пензионери. Можност за средба, ми вели Жаки. Ја сопира на скали од библиотеката каде се одржува настанот и и се преставува. И вели ве молам да го прегледаат детето, мајка сте и знаете дека и вие исто како и јас би сакале да го добие најдобриот третман. Експресно преглед е договорен. Турскиот специјалист за сколиози е во земјава па ја прегледува Тамара. Вели дека сам не може да ја изведе сложената операција, ќе мора на помош да викне повеќемина. Се чека да го договорат терминот.

Нова година помина. Термин за Тамара нема. Жаки е нестрплива. Од Фондот ме прекоруваат зошто се јавувам ги затекнале празниците, не работеле ниту тие ниту лекарите од Турција. Ветуваат брзо решение.
Водици. Во Велес доаѓа премиерот за големиот христијански празник. Церемонијата поминува, крстот е фатен. Ми ѕвони телефонот и Жаки ме известува. Е сега и Груевски ги има документите, успеав на заминување да му ги дадам в рака. Не и се веруваше како и успеало, ниту пак веруваше дека нешто ќе промени. Ми вели, сигурно ќе ги фрли во првиот контејнер. Но, по неколку дена ја изненадува едно телефонско јавување. Од кабинетот на премиерот ја замолуваат за трпение. 8 ми февруари е крајниот рок до кога ќе се знае терминот за операција.

Февруари, 9 – ти 2015. Се будам и размислувам денес е денот за убава вест. Жаклина Димовска се појавува на екранот на мојот мобилен кој пишти во празната соба. Се јавувам и со весел тон велам кажи Жаки. Едвај проговорува, Тамарчето ни замина и прснува во плач. Ме поразува, ме крши на најситни парчиња, ме боли секоја пора на моето тело. Глас немам ниту за сочувство. Молчам, а илјадници зборови „извини“ ми доаѓаат да врискам. Се поделувам на два дела. Морам. Па јас сум и човек и новинар.

Февруари 12 – ти 2015. Утро. Третото без Тамара. Ги отворам очите, го будам мозокот кој не може да ги оттргне мислите од малото анѓелче. Се сеќавам на последната силна прегратка во која стравував дека ќе го прекршам кревкото тело. Последното „чао тетка Биле“ одзвонува во ушиве. Каде згрешив? Зошто дозволив да бидам поразена? Како ќе продолжам понатаму? Мразот на усниве кои го допреа студениот образ на заспаната убавица при последниот бакнеж за поздрав се уште е тука. Нека остане засекогаш за да потсеќа колку треба да бидат гласни. За Тамара, никогаш да не се повтори.
Твоја, тетка Биле.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
Тоа комисиите дувло на криминал и корупција се, без пари без мито нема ни операција ни инвалидска пензија, и тоа е факт.
 
Член од
19 февруари 2009
Мислења
1.375
Поени од реакции
1.956
http://fokus.mk/sofijanova-od-fondot-za-zdravstvo-mi-se-javija-da-go-potpisham-negativnoto-baran-e/

И понатаму мислам дека е она најмалку виновна за целава оваа драма, знам за многу случаеви каде што лично се залагала за нејзините пациенти, само да потсетам дека беше до Најден дење и ноќе, го гледаше како свое дете, а @Bafra како родител на нејзин пациент, истото го сподели неколку страни поназад.

Ете, такво ми е мислењето за неа, не знам.

А се остало, на чело со Тодоров, мрш, што подалеку.
Нема нешто што фати, да не усере.
И јас имам многу пофалби слушано за Софијанова,и се согласувам дека она не е најголемиот виновник за тоа што се случи со Тамара.

Софијанова е виновна што влезе во системот што веќе долго време функционира на принципот Господар-полтрон-измеќар-роб.Најцитираната изјава на покојниот Младенов,многу добро ја прикажувата целта на таквиот систем.

Виновна што го прифатила принципот на системот,како нешто нормално,што дозволила да се изгуби себе си,да се претвори во обичен послушник.
Не е нормално да не се согласуваш со одлуката а да ја потпишеш,не е нормално "некој од повисоко ниво" да донесе одлука во твое име,а ти тоа да го прифатиш.


Тој систем ствара монтруми/ботови,кои мислат дека болдираното во текстот подоле е нормална работа,дека така треба.
Лавината од хуманост која го зафати Велес не може да се запре. Хуманитарниот концерт и покрај најавата на Тодоров сепак ќе се одржи. Велешани сакаат да учествуваат во лекувањето на Тамара. Но не сите. Започнуваат притисоци дека и не мора да се организира концерт кога ете веќе Тодоров најавил дека ќе се реши работата. Децата кои секојдневно трчаат за да и ја исполнат желбата на Тамара, Даниел Кајмаковски да пее на концертот ме известуваат. Сепак половина од собраните средства морале да одат за детското одделение во велешката болница, инаку салата каде ќе се одржува концертот нема да биде слободна за Тамара. Не ми се верува што слушам. Ме запрепастуваат и пораките до мене, да ја оставам Жаклина, да се повлечам од приказната оти мајката и не е баш за верување, „не е добра“ со умот. Не можам да поверувам на ушите. Таа пак секојдневно трча по здравствените институции ги собира документите, бара докторите да ја прегледаат Тамара за да ја најдат вистинската болница во странство за неа.
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.329
Поени од реакции
7.796
И кој безобразлук од портпарол беше што изјави дека мајката можела да тужи на суд, партал човек кој срам која брука...[DOUBLEPOST=1423758489][/DOUBLEPOST]
И јас имам многу пофалби слушано за Софијанова,и се согласувам дека она не е најголемиот виновник за тоа што се случи со Тамара.
Дедо ми е крив (Бог да го прости), можи на него вината дека не е на овај свет повеќе?
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.362
Поени од реакции
81.667



Колку вакви и слични смртни пресуди се потпишани во нашето реформирано здравство?
Колку ли следат?


bottom line: Софијанова вика дека одлуката да се одбие Тамара дошла од горе, од фондот, од министерството, а овие перат раце сеа и покушаваат на нејзина сметка и на сметка на таа комисија да пуштат све. Сите, ама баш сите знаеле за случајов и министерот и Груевски дури. И двајцата коа биле у Велес, колку што знам им пришла мајката да бара помош за бирократското кочење.
Ја мислам дека вината е комплетна - на сите овие по список.
 
Последно уредено:
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.115
Поени од реакции
8.224
И јас имам многу пофалби слушано за Софијанова,и се согласувам дека она не е најголемиот виновник за тоа што се случи со Тамара.

Софијанова е виновна што влезе во системот што веќе долго време функционира на принципот Господар-полтрон-измеќар-роб.Најцитираната изјава на покојниот Младенов,многу добро ја прикажувата целта на таквиот систем.

Виновна што го прифатила принципот на системот,како нешто нормално,што дозволила да се изгуби себе си,да се претвори во обичен послушник.
Не е нормално да не се согласуваш со одлуката а да ја потпишеш,не е нормално "некој од повисоко ниво" да донесе одлука во твое име,а ти тоа да го прифатиш.


Тој систем ствара монтруми/ботови,кои мислат дека болдираното во текстот подоле е нормална работа,дека така треба.
Колку си само во право!!
Само што, пак ќе кажам, моето мислење (засновано на туѓи искуства) е дека, таа веројатно и самата не знаела што всушност е целата работа.
Можеби згрешила што се вмешала во нешто што не е во нејзин двор (детската клиника), и поради тоа треба да си сноси одговорност, да се повлече.
Ама, да се повлече од местото на директор на детска, мислам дека најмногу ќе загубат дечињата.
Од родители на деца имам такви информации, кои што се вика, рака во оган ставаат за неа и за нејзините напори, не само оние кои и се наложени со самата работна позиција, туку приватните заложувања, ,,фаќање врски,, итн.

Затоа само ќе ми биде криво неа да ја прогласат за кривец, а сите оние кои навистински и најдирекно се криви, да си поминат само онака, со дискусии по интернет..
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.406
Поени од реакции
7.857
Другар не треба да лета таа иако е типичен партиски полтрон. Рибата смрди од главата и Тодоров ако не си даде оставка џабе е кој било да лета.
Се додека не се направи хронолошки анализа на целиот случај, било чија оставка е „амортизација“ на револтот според мене. Од овој момент ретроспективно, кој сегмент од која институција како и кога реагирал на секое барање во случајот на малечката Тамара, дали се работи за неефективна бирократија, или пак има и некомпетентни медицински процени, мора детално да се провери каде потфрлил системот, јавно да се обзнани и врз основа на тоа да се бара одговорност од надлежните, оставката е најмал проблем, дали ќе биде министерот за здравство и/или директорот на ФЗОМ сеедно.
Да се направат законски промени, временски рокови, промена на процедури и се друго што во најмала рака може да ја намали веројатноста за ваква трагедија, макар што ништо не ги „пере“ од загубата на детски живот, ама буквално ништо, посебно ако се знае дека сумата на пари која се бараше е околу 10% од цената на „ремек делото“ врби во Вардар.
Што се однесува до Др Софијанова, информацијата беше така пласирана да покрене политичка хајка против неа, од кои причини која цел, не вреди да се коментира...никој не го поставува прашањето како е возможно истиот доктор специјалист да биде член да две различни комисии, во кои едната треба да врши ревизја на одлуките на другата, во старт се губи суштината, да е поголема иронијата два пати гласал различно по однос на истито случај, нема здраворазумски коментар за понатаму, а сето тоа се изоставува и продолжува хајката против Софијанова, сакаме суштински промени или...?

“Не сум експерт од областа на ортопедија и девојчето никогаш не беше пациент на Детската клиника. Решението го потпишав како претседавач, а не претседател на комисијата“

“Моето потпишување или непотпишување на решението кое е објавено во медиумите немаше на никој начин да ја смени одлуката која се носи со мнозинство гласови од членовите на комисијата и која е само потврда на мислењето на првостепената комисија која е составена од специјалисти од областа на ортопедијата кои најдобро можат да ја проценат состојбата на детето“

према ова и јас можам да бидам претседател на комисијата
нит треба да сум експерт по областа за која ставам потпис, нит треба да го знам пацијентот, нит потписот нешто би сменил во лекувањето
Ако госпожата имала осет за одговорност, чесност, требаше уште тогаш, пред да потпише, да даде оставка од место за кое не е експерт, и чиј потпис ништо не менува..
Бидејки се работи за дете, а Софијанова колку што знам е специјалист педијатар, тогаш веројатно таа е постојан член на комисијата кога се во прашање деца, во зависност од пациентот останатите членови на комисијата се менуваат, значи не е баш формално член на комисијата. Тоа што ставила потис на решението во изјавата тврди дека е во својство на претседавач, во отсуство на претседателот...во изјавата тврдеше-Софијанова дека се залагала да се одобрат средствата, помогнала да се избере каде да се лекува Тамара, и помогнала на мајката во процедурите и сл, значи тоа се нејзини тврдења, но никој не ги демантира, или пак не кажа ништо негативно конкретно за Др Софијанова, а таа е само една алка во синџирот, само еден доктор од многуте, е сега према ова прашањето зошто конкретно хајката се насочува кон неа?
Да се разбереме, ја поддржувам иницијативата некој да понесе одговорност, ама не само како жртвено јагне, да има и некои суштински промени заедно со тоа...
Уште еднаш нека почива во мир малечката Тамара, сочувство до семејството...од мене толку, немам што да додадам.
 

Рудници и

ООЗТ Рудници и железарница - Скопје
Член од
9 декември 2009
Мислења
12.145
Поени од реакции
18.173
Кој збор да го употребиш, па за овие болни мозоци нов термин да измислиме еееј!
Писмото со решението е пуштено 2 дена по смртта на девојчето :uzi:

 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2010
Мислења
6.082
Поени од реакции
8.639
Се мислам цело време што да напишам, но не можам да пронајдам зборови. Секој коментар после ова е излишен. Каде се сега они копрофази што нѐ убедуваа и што праќаа депеши до Шител како нашето здравство било пред здравството на 16 земји-членки на Европската Унија?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom