ЈСП - случки, прашања, дискусии

  • Креатор на темата Креатор на темата демнач
  • Време на започнување Време на започнување
Со оваа 22 отприлика за колку време би стасал од транспортен центар до сити мол?
 
Со оваа 22 отприлика за колку време би стасал од транспортен центар до сити мол?
Зависи гужвите на Рекорд и сок банки дали ќе ги фатиш. Ако да, 20 минути, ако не, околу 10 :)
 
ау, остај си луфта за секој случај плус пензионери имаш утре.
фати си во периодот од 9-10 тогаш е многу порастеретено, бидејќи сите отишле на работа, и сеуште спијат другите :)
Знам дека утре е денот кога вонземјаните се возат ама мора да е во тој период. Имам закажано и назад авион во 11. Па затоа времето мора да си го испланирам.
 
од транспортен накај сити мол нема гужва, насабајле сите идат накај центар кој по работа кој у школо, гужва за нагоре тек на пладне кај 12
 
Никогаш нема да ми стане јасно зошто луѓе кои се шверцаат се бунат контрола ко ќе ги фати.
Ало бе, убаво е кажано, возење без билет 1000 денари казна. Голема или не, треба да сфатиш дека 35 денари не вредат колку резилот и казната шо ќе те снајдат.
Си се возел без карта, те фатиле, ќе ќутиш и ќе си платиш казна.
Друга приказна е шо селективно се пишуваат казните. Ама тоа понатаму ќе полемизирам.
 
Последно уредено:
епа затоа не сака народот да плаќа, зашто е селективно.
 
Нека си плати карта он да е чист.
Па со такво понашање сме дојдени на ова дереџе. Исто ко што пари од даноци даваме за да зема пари некој шо не иде на работа, ама ние сме чисти :toe:
одамна не се возам во бус ама ги оправдувам сите што се шверцаат иако не е во ред.
 
Браво Гладиус. Од такви како тебе ете затоа не возат како сакаат. Па уште ти биди си чист. Па пријател тие кај се шверцаат и не плаќаат уште и ги уништуваат и мочаат автобусите. Друга работа е ова со контроливе и казниве што 95% важат само за нас, а нив ги прескокнуваат или пак минимален број поминуваат со казна иако кај нив ретко кој плаќа карта. Не дека шверцерите ги оправдувам ама кога веќе контролориве глумат шерифи по автобусиве нека биде за сите исто.
 
Многу ме нервира кога се возат некои што не е од Скопје и кога ќе прашаат каде треба да се симнат никој не и кажува.
Вчера една жена ја слушам му вика на шоферот кажи ми кога ќе стигнеш до воена болница за да се симнам. Овој ја измина болницата, оние вонземјаните позади ќутат и ми падна жал па морав јас да станам и да се симнам со неа.
 
Никогаш нема да ми стане јасно зошто луѓе кои се шверцаат се бунат контрола ко ќе ги фати.
Ало бе, убаво е кажано, возење без билет 1000 денари казна. Голема или не, треба да сфатиш дека 35 денари не вредат колку резилот и казната шо ќе те снајдат.
Си се возел без карта, те фатиле, ќе ќутиш и ќе си платиш казна.
Друга приказна е шо селективно се пишуваат казните. Ама тоа понатаму ќе полемизирам.
Не се разбираш затоа зборуваш. Сигурно си богато скопјанче :cautious: колку за информација повеќе од половина што се возат тераат на шверц ...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom